Како дел од активностите од хуманитарен карактер во кои постојано се вклучува Командата за операции, како и традиционалното вклучување во кампањата за поддршка на машкото здравје, во командите и единиците од состав на Командата за операции на крајот на месецот во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се организираше и се спроведе вонредна крводарителска акција.
Во крводарителската акција организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, припадниците од Командата за операции, почитувајќи ги сите мерки и протоколи предвидени за заштита од вирусот „Ковид-19“, обезбедија 91 крвна единица за потребите на здравствените установи во актуелната кризна епидемиолошка состојба, кои ги посветија во знак на поддршка на месецот ноември, како месец посветен на грижата за машкото здравје.
Во знак на поддршка на оваа кампања, припадниците на Командата за операции го одбележуваат традиционално со симболот на кампањата- пуштање мустаќи. Оваа година беше пред се во знакот на почитување на мерките за користење на заштитни маски за спречување на ширење на вирусот „Ковид 19“. На оваа акција се вклучија и дел од припадниците кои се наоѓаат во мисиите надвор од Република Северна Македонија.