Главен наредник Бране Петрески е роден 1972 година во Прилеп.
По завршување на основното образование во Скопје, продолжува со воено образование во Средно воено училиште на КоВ во Сараево и Белград.
Воената кариера ја започнува во Велика Буна, Загреб, а по формирањето на Армијата како командир на одделение за врски, во 1. полк за врски во гарнизон Скопје.
Во текот на воената кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво.
Своето воено образование го надградува со завршување на Академијата за Главни подофицери (USASMA) во Ел Пасо, САД, во период од 2006 до 2007 година.
Има завршено повеќе курсеви од професионалното воено образование во земјата и странство, Курс за НАТО операции, Курс за оценувачи според концептот за ООСЕиФ (OCCE&F), Курс за НАТО ориентација за постари подофицери и повеќе други. Учествувал на повеќе воени вежби во државата и странство, меѓу кои серијалот вежби „Македонски блесок“ (2010-2015), а во 2017 година учествува во една ротација во мисијата „Одлучна поддршка“ во И.Р. Авганистан.
Во надградување на цивилното образование има завршено Филолошки факултет – Турски јазик и книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се Пофалница од НГШ на АРМ за остварени резултати во БОиВ 2012 година, Наградно отсуство од НГШ на Армијата 2018 и Парична награда од МО 2018 година.
Активно ги користи Англискиот и Турскиот јазик.
Оженет е и татко на две ќерки.
Претходни должности:
Оператор за радио сигнали во ЦЕИ и ПЕД, Велика Буна од 1990 до 1992;
Командир на одделение за врски, Скопје од 1992 до 1993;
Оператор за радио сигнали ЦЕИ и ПЕД, Скопје од 1993 до 1999;
Оперативец техничар, Скопје од 1999 до 2000;
Четен старешина во чета за врски, Скопје од 2000 до 2001;
Командир на одделение и ракувач со МТС, Скопје од 2001 до 2002;
Ракувач и инструктор при изведување на наставата во Воена Академија, Скопје од 2002 до 2006;
Главен подофицер во Воена болница, Скопје од 2007 до 2009;
Главен подофицер за обука во Г-3 ГШ, Скопје од 2009 до 2013;
Подофицер за обука Ј-7 ГШ, Скопје од 2013 до 2015;
Прв подофицер во командна чета, Куманово од 2015 до 2016;
Главен подофицер во пешадиски баталјон, Куманово од 2016 до 2018;
Извршен подофицер во Кабинетот на НГШ на Армијата, Скопје од 2018 до 2020;
Главен подофицер на Армијата, Скопје од ноември 2020.