Мисија:
Планира и спроведува комуникација со националните медиуми и пошироката јавност во Републиката и надвор од неа; изработува анализа на медиумското опкружување и влијание на медиумите врз мисијата на Армијата. Обезбедува поддршка на Началникот на ГШ на Армијата преку навремено и редовно информирање на јавноста за активностите и настаните во Армијата и остварува непрекинато внатрешно информирање за активности од значење на одбраната.
Задачи:
Канцеларијата за односи со јавноста е организациска единица која ги извршува следните задачи:
1. Следење на информациското опкружување во воената област, во поблиското опкружување и на глобално ниво;
2. Изработка на анализа и преглед на надворешните медиумски пораки кои се од значење за Армијата;
3. Координирање на барањата на претставниците на медиумите за изведување на медиумски активности во командите и единиците на Армијата;
4. Предлагање мерки за поддршка во снимање на репортажни емисии за Армијата од страна на медиуми од земјата и странство со цел афирмативно презентирање на Армијата;
5. Координирање со Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка (СКАОП) во МО за медиумски прашања кои се однесуваат за одбраната согласно надлежностите, како и меѓусебно информирање за сите прашања од меѓусебен интерес;
6. Координирање со регионалниот центар за односи со јавноста и секцијата Ј-7/ГШ на Армијата за потребите во обуката;
7. Учество во креирање на програмата за обука за односи со јавноста за потребите во Армијата;
8. Одржување постојана комуникација и координација на активностите со офицерите за односи со јавноста во сите потчинети единици на ГШ на Армијата;
9. Обезбедување база на дигитални фотографии, видео снимки и аудио записи од активностите значајни за Армијата;
10. Изработување и процесирање на дигиталните информатички продукти наменети за внатрешно информирање и информирање на пошироката јавност;
11. Обезбедување заштита на дигиталните записи и информатичкиот систем на пренос од неовластен пристап и злоупотреба;
12. Обезбедување медиумска поддршка на организациските единици во ГШ на Армијата во афирмирање на активностите поврзани со нивната сфера на делување, а кои се од значење за афирмација на Армијата;
13. Продукција и дистрибуција на соопштенија, фотографии, видео и аудио продукти за навремено информирање на јавноста;
14. Менаџирање на начинот на дистрибуција на информатичките продукти;
15. Обезбедување логистичка поддршка на претставници на националните медиуми кои вршат одобрени медиумски активности на локации каде се одвиваат воени активности;
16. Организирање и одредување персонал кој ќе раководи со центарот за односи со јавноста за време на изведување на поголеми вежбовни активности на единици на Армијата или конференции од меѓународен карактер.