
Мисија:
Организација, подготовка и реализација на обука со питомците и кандидатите за офицери во Армијата.
Задачи:
- Изработка на Планови и Програми за организација и реализација на обуката обука со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на индивидуална и општа воена обука до ниво на вод со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација и реализација на обука во зимски услови и скијање со питомците;
- Организација и реализација на обука на вода и пливање со питомците;
- Организација на обука во управување со м/в и полагање возачки испит со питомците;
- Организација на стажирање на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата;
- Организација на стручно специјалистичка обука за родови (Курс за командири на водови) со питомците;
- Организација и реализација на воннаставни воспитно-образовни активности со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата.
Потполковник Неџати Голак
Потполковник Неџати Голак, е роден 1977 во Скопје. Основното и средното образование го завршува во својот роден град и продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. На Воената академија дипломира во 2001 година.
Воената кариера ја започнува како командир на вод во центарот за обука на родот пешадија во Битола. Во текот на воената кариера има извршувано командни и штабни должности во полкот за специјални операции и Генералштабот на Армијата.
Во текот на воената кариера има учествувано во две мировни мисии „Слобода за Ирак“ во 2007 година и „КФОР“ во 2021 година.
Меѓу другото има завршено командно штабна академија на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Своето стручно усовршување и оспособување го продолжува со завршување на повеќе курсеви во земјата и странство, меѓу кои: курс за командири на водови, Ренџерски курс, јазични курсеви по англиски и турски јазик, напреден курс за логистика во САД, курс за команданти на баталјон и курс за штабни старешини во Р. Турција. Дополнително има учествувано на конференции и семинари, како и на повеќе воени вежби.
Во текот на својата кариера награден е со сребрена значка на Армијата и бронзена значка на Армијата за долгогодишна служба во Армијата.
Претходни должности:
- 2001-2004 командир на вод, во Битола;
- 2004-2006, командир на тим, во Ренџерски баталјон;
- 2006-2008, командир на транспортен тим во чета за логистичка поддршка во полк за Специјални операции;
- 2008-2012, Командир на чета за логистичка поддршка во полк за Специјални операции;
- 2012- 2015, Офицер за одржување во команда на полк за Специјални операции;
- 2015-2017, Офицер за програмирање, буџетирање и човечки ресурси, во секција за координација на Специјални операции, во полк за специјални операции;
- 2017-2019, Офицер за логистички работи и инфраструктура, во команда на полк за специјални операции;
- 2019-2022, Извршен офицер во кабинетот на Заменик началникот на ГШ на Армијата;
- 2022, Командант на Центар за обука на питомци.
Центарот за обука на питомци (ЦОП) е формиран на 10 февруари 2010 година како составен дел на Командата за обука и започнува со работа во просториите на Воената Академија „генерал Михајло Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје.
Со првата генерација на примени кандидати за питомци започнува во 2010 година. Во 2010 година во Центарот за обука на питомци реализиран е курс за офицери за потребите на службите на АРМ. Меѓу примените питомци од почетокот се примаат и питомци од Р. Црна Гора а во 2012 година реализиран е прием и на питомци од федерацијата на Босна и Херцеговина како и питомци од Р. Косово.
Од 2012 година во составот на ЦОП влегува и пилотската академија каде што се реализира обука за стручно усовршување на кандидати за офицери од видот авијација.