
Мисија:
Обезбедување со точни, навремени и проверени информации за непријателот и борбеното поле, безбедност и сигурност во зоната на одговорност и борбено-сервисна и сервисна поддршка на командата на бригадата и ППЕ во услови на мир, кризна состојба и војна.
Задачи:
- Физичко обезбедување на КМ и контрола на територијата;
- Учество во борба против ДТГ;
- Обезбедување на информации за непријателот и борбеното поле;
- Контрола на спроведувањето на законските норми и регулативи;
- Логистичко обезбедување на командата и штабот за нормален живот и работа во војна и мир;
- Снабдување и транспорт на командата и штабот на 1.пбр.
Капетан Саша Смилески
Капетан Саша Смилески е роден 1989 година во Загреб, Р. Хрватска. По завршувањето на средното образование во СУГС „Марија Kири – Склодовска“ во Скопје, насока општа гимназија, продолжува со високо образование на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, каде во 2013 година е промовиран во офицер на родот пешадија. Образованието го продолжува на магистерски студии на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје, со одбрана на магистерскиот труд во 2016 година на насока одбрана и безбедност.
Како потпоручник својата кариера ја започнува во баталјонот на Воената полиција како командир на 2.тим во вод на специјалисти во чета на Воена полиција за посебни намени. Во досегашната кариера во баталјонот на Воена полиција извршувал повеќе должности како командир на вод, извршен офицер на чета, офицер за операции во С-3/7 и командир на чета, а од декември 2021 годинаина е поставен на должноста командир на штабна чета во 1.пешадиска бригада.
Во 2021 година е избран за соработник во звање асистент во научна област на воените науки и вештини на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје по предметите „Тактика на операции и превенција на конфликти“ и „Mетодика на тактика“.
Завршени курсеви :
- Курс за командир на вод, во АП „Криволак“ и гарнизон Тетово, 2013 година;
- Курс за млади лидери спроведен од Маринскиот корпус од САД, во Скопје, 2015 година;
- Напреден курс за обезбедување на Високи воени раководители спроведен од националната гарда на Вермонт од САД во Скопје, 2015 година;
- Курс за инструктор за мултинационални операции за поддршка на мирот од страна на „Британски воен советодавен тим за обука“ во Вишков, Р. Чешка, 2015 година;
- Напреден маневарски курс за офицери „Курс за командир на чета и штабен офицер во баталјон“ во Форт Бенинг, Џорџија, САД, 2016/2017 година;
- Курс за „Држење состаноци на англиски јазик“ во Скопје, 2018 година.
- Обука на тема: заштита на критична инфраструктура и меки цели, во реализација на Корот Карабињери Италија, 2020 година, онлајн.
- Обука на тема: Борба против тероризмот на државните граници. Опративни механизми за заштита на критична инфраструктура во Италија, во реализација на Корот Карабињери Италија, 2020 година, онлајн.
- Курс за одбрана против тероризам, Центар за извонредност, Анкара, Р. Турција, 2021 година, онлајн.
Вежби:
- „ЕСЕН 2014“ во Красте, Куманово, 2014 година;
- „Anakonda-16“ во Шелмно, Р. Полска, 2016 година;
- „Летен кампус“ во ЦО Пепелиште и АП „Криволак“, 2016,2018 и 2019 година;
- „Beyond Horizon“ во Ново Село, Р. Бугарија, 2019 година;
- „Одлучен удар 2021“ во АП „Криволак“, 2021 година.
Награди и пофалби:
- Пофалница од Командантот на бВП во 2014 и 2016 година;
- Плакета за најдобар офицер во бВП во 2016 година;
- Пофалница од Командантот на ЗОК во 2014 и 2016 година;
- Бронзена значка на Армијата од Началникот на ГШ во 2017 година;
- Мала плакета на Армијата од Началникот на ГШ во 2019 година;
- Плакета за најдобар вод во бВП во 2019 година;
- Пофалница од Началникот на ГШ во 2019 и 2021 година.
Предходни должности:
- Командир на тим/чета во Воена полиција за посебни намени, 2013 година;
- Командир на вод/1. чета во баталјон на Воена полиција, 2013-2020 година;
- Извршен офицер во декларирана чета во баталјон на Воена полиција, 2017-2018 година;
- Офицер за операции С-3/7 во баталјон на Воена полиција, 2020 година;
- Командир на 2. чета во баталјон на Воена полиција, 2020-2021 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 2013-2015 година;
- Поручник 2015-2019 година;
- Капетан 2019 година.
Странски јазици:
- Англиски јазик, СТАНАГ 6001 (2+, 2+, 2+, 2+);
- Одлично познавање на хрватски јазик (слушање, зборување, читање и слушање).
