
Мисија:
Тенковскиот баталјон во содејство со механизираните пешадиски баталјони изведува операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката, како и поддршка на цивилните власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи.
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите;
- Логистичка поддршка;
- Организирање и подготовка на КИС.
Потполковник Дејанчо Глически
Потполковник Дејанчо Глически е роден на 26 Ноември 1976 година во Прилеп. По завршување на основно образование во О.У. „Рампо Левката“ во Прилеп и средно образование во У.С.Н.О. „Н.Х. Орде Чопела“ во Прилеп своето образование го продолжува на Воената Академија „генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде по нејзиното завршување во 1999 година се стекнува со високо образование и е произведен во првиот офицерски чин, потпоручник. Своето образование го продолжува на Командно-штабниот факултет на Воената Академија „Ѓорѓи Стојков Раковски“ во Софија, Р. Бугарија каде што се стекнува со образовно-квалификациски степен „Магистер“ од областа на воени науки, специјалност „Организација и управување на воени единици на оперативно ниво“.
Покрај ова образование потполковник Дејанчо Глически има завршено поголем број на курсеви и има учествувано на голем број на семинари, обуки и вежби и тоа:
- Курс за Менаџмент со обуката (2003 година),
- Курс за Воено-цивилна соработка „Односи со медиуми“ (2010 година),
- Семинар за Регрутирање и задржување во служба (2011 година),
- Курс за Штабни должности во баталјон (2014 година),
- Семинар за Управување со ресурси и анализа на трошоци во одбраната (2015 година),
- Семинар за Мировни операции на ОН, аплицирање, подготовка пред распоредување и административна поддршка – (UN peacekeeping operations pre-deployment application and administrative support workshop) – (2016 година),
- Курс за Справување со бунтовништво – (Counter Insurgenci course) – (2017 година) и
- Научна сесија „Современи аспекти на безбедноста – предизвици, пристапи, решенија“ (Софија Р. Бугарија, 2021година).
Учествувал на воени вежби и тоа:
- Македонски блесок – 13 (Macedonian flash-13) – (2017 година),
- Одлучен удар (Decisive strike) – (2019 година).
Во досегашната кариера има извршувано повеќе должности во единиците на Aрмијата и тоа:
- Командир на тенковски вод,
- Командир на вод за логистичка поддршка во тенковски баталјон,
- Извршен офицер во механизирана пешадиска чета,
- Командир на тенковска чета,
- Командир на командна чета во механизиран пешадиски баталјон,
- Командир на механизирана пешадиска чета во механизиран пешадиски баталјон,
- Офицер за воено планирање во штаб на баталјон,
- Офицер за воено планирање во штаб на бригада и
- Началник на штаб во тб воедно и заменик на командантот на тенковски баталјон.
За постигнатите успеси и резултати во работата повеќе пати бил пофалуван, наградуван како и одликуван со бронзена значка од Началникот на генералштабот и сребрена значка од министерот за одбрана.
Има познавање на англиски, руски, бугарски и почетно ниво на германски јазик.
Брачна состојба: оженет, татко на едно дете.
Унапредувања:
- потпоручник 1999-2000;
- поручник 2000-2008;
- капетан 2008-2013;
- мајор 2013-2018;
- потполковник 2018.

Со самото формирање на Армијата на Република Македонија во 1992 година, во касарната „Илинден“ е формирана 1.гардиска бригада.
Со формирањето на единиците кои ќе бидат во состав на Бригадата, на 02.06.1993 година е формиран и тенковски вод кој е наменет за обука на редовни војници кои се на служење воен рок од родот ОМЕ. Тенковскиот вод располага со 5 тенкови Т-34, и е во состав на 1.гардбр.
Со приемот на редовни војници од родот ОМЕ на секои три месеци, редовните војници на служење на воен рок успешно ја совладуваат обуката на тенкот Т-34.
Со донацијата од Република Бугарија во месец јуни 1999 година за АРМ се донирани 93 тенкови Т-55, од кои 31 тенк се сместени во касарната во Прилеп, 31 тенк во касарната во Штип, 31 тенк се сместени во касарната „Илинден“.
За одржување и обезбедување на тенковите Т-55 во касарната „Илинден“ надлежни се припадниците од тенковскиот вод.
Со одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, во касарната „Илинден“ е одржано свечено парадно дефиле на единиците на АРМ, на кое учество земаа и тенкистите со 6 тенкови Т-55.
Со зголемувањето на формацијата на Армијата на Република Македонија и донесување на нова формација на АРМ во септември 1999 година, на 06.09.1999 година во касарната „Илинден“ формиран е Оклопен баталјон Т-55, сместен во касарна „Илинден“, а под команда и состав на 1.мпбр, гарнизон Штип.
На 1-ви ноември 1999 година во единицата беа примени 75 војници по договор кои беа поставени на должности во тенковските чети, механизирана чета и одделението за врски, и со тоа оклопниот баталјон Т-55 се пополни до 100 %.
Со обуката која се реализираше на тактичкиот полигон во касарна Илинден, старешините и војниците многу брзо ги совладаа средствата со кои располагаше единицата и веќе во месец февруари 2000 година единицата замина на стационарно логорување на АП „Криволак“ и изведување на посадно и водно боево гаѓање со тенк Т-55.
Од извршените гаѓања со тенкот Т-55, нишанџиите и командирите на тенкови постигнаа одлични резултати.
Со новата трансформација на Армијата на Република Македонија на 19.12.2001 година оклопниот баталјон Т-55 беше трансформиран и се формира нов оклопен баталјон Т-72 „А“ под команда на ГШ на АРМ. Баталјонот беше составен со 31 тенк Т-72 и 11-ОТ БМП-2 и со формација од 147 старешини и професионални војници.
На 17-ти мај 2005 година единицата од касарна „Илинден“ беше преместена во гарнизон Петровец во касарна „Чојлија“. Со преместувањето на единицата во касарната „Чојлија“ во Петровец и тенковите Т-72 од гарнизон Струмица беа преместени во касарна „Чојлија“ и дел во складот во Дренов Дол, така да за еден месец единицата со сите МТС и персонал беше преместена во касарна „Чојлија“ и продолжи со изведување на обука на тенковите.
За време на периодот од април 2006 година до октомври 2008 година, единицата гаѓањата со вооружувањето на тенковите Т-72 со митралез ПКТ 7,62 мм и НСВ 12,7 мм ги извршуваше на стрелиштето „Петровец“ во касарна „Чојлија“, а посадните и водните боеви гаѓања се изведуваа на АП „Криволак“.
Со новата трансформација на Армијата, во месец април 2012 година, оклопен баталјон „Б“ од команда под ЗОК, се трансформира под команда на 1.механизирана пешадиска бригада која се пресели од гарнизон Штип во гарнизон Петровец.
Во месец ноември 2014 година според насоките од претпоставената команда почна со предлог на изработка на нова формација, активирање на 2 и 3 тенковска чета и зголемување на персонал во команда и штаб и Вод за логистичка поддршка.
Во декември 2014 година беше потпишана новата формација на баталјонот и од оклопен се трансформира во тенковски баталјон „А“ формација под команда на 1.механизирана пешадиска бригада.