Во рамките на програмата за одбележување на 18 Август – Денот на АРМ, утре 16-ти август 2013 година, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.
Изложбата утре во 16.30 часот на воениот стадион ќе ја посетат министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.
Тактичко-техничкиот збор ќе можат да го посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија, на 17-август во време од 10.00 до 19.00 часот, каде покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и борбениот хеликоптер Ми-24. На 16-ти август, изложба на вооружувањето и опремата ќе биде организирана и во касарните на АРМ во Куманово, Петровец, Штип, Прилеп и Кичево, каде во текот на денот, граѓаните ќе можат да ја посетат изложбата и да се дружат со припадниците на АРМ. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да присуствуваат и да известуваат на отварањето на изложбата на отварањето на вооружувањето и воената опрема на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 16.30 часот на ден 16.08.2013 година.