
Мисијата на баталјонот за почести е да реализира протоколарни активности согласно правилото за воен протокол.
Протоколарните активности и задачи, баталјонот за почести ги реализира преку:
- Оддавање воени почести на Претседателот;
- Оддавање воени почести на Шефови на странски држави, Премиери, Министри за одбрана;
- Началници на генералштабови и други високи претставници на ЕУ и НАТО;
- Прослави за одбележување на државни и воени празници;
- Реализирање на воени свечености;
- Церемонии при ден на жалост, погреби, комеморации и полагање венци на споменици на паднати херои.
Листа на суштински задачи за мисијата на баталјонот за почести:
- Одржување на постојана подготвеност и употреба на единицата за реализација на протоколарни почести;
- Реализација на задачи и обврски на почесната стража во Резиденцијата на Претседателот;
- Одржување на високо ниво на физичка подготвеност на персоналот во единицата;
- Реализација на церемонии за промена на државните знамиња пред вилата на Претседателот, Собранието и пред Владата.
Потполковник Дарко Стојкоски
Датум и место на раѓање:
07.12.1981 година во Прилеп, Република Македонија.
Образование:
- Додипломски студии на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје – насока пешадија;
- Специјализација на здружено-видовскиот колеџ за командни и штабни должности, Одбранбена Академија на Обединетото Кралство;
- Магистратура од областа на одбранбени и безбедносни студии на Кралскиот колеџ Лондон, Обединето Кралство.
Курсеви:
- Курс за интегрирана гранична безбедност, Анкара, Р. Турција;
- Курс за комуникација во кризи, РТЦК Скопје;
- Курс за меѓународни операции за поддршка на мирот на Воената Полиција, Виена, Австрија;
- Курс за противбунтовнички операции, Сараево, Босна и Херцеговина;
- Курс за инструктори за операции за поддршка на мирот, Вишков, Р. Чешка;
- Курс за штабни офицери за учество во операции за поддршка на мирот, Сараево, Босна и Херцеговина.
Воена кариера:
- Командир на вод;
- Командир на чета;
- Началник на С-3/5/7 во штаб на баталјон;
- Началник на штаб и заменик на командант;
- Командант на баталјонот за почести од 02.2019 година.
Учество во мировни операции:
- Командант на контингент во мировна операција „Слобода за Ирак“, Таџи, Ирак;
- Офицер за операции во чО/ГК ИСАФ во мировна операција ИСАФ, Кабул, Авганистан.
Учество на вежби:
- Серијал на вежби „Македонски Блесок“, Република Македонија;
- Меѓународна вежба „Sea Breeze“, Република Украина;
- Билатерална вежба „Black Seа Rotational Forces“, Република Романија;
- Меѓународна вежба „Cooperative Lancer & Longbow“, Република Македонија;
- Меѓународна вежба „Immediate Response“, Р. Хрватска,
Одликувања и награди:
- Парична награда од Министер за Одбрана;
- Наградно отсуство од Министерот за Одбрана;
- Пофалница од Командант на ЗОК;
- Наградно отсуство од Командант на бригада;
- Пофалница од Командант на бригада;
- Пофалница од Командант на баталјон.
Унапредувања:
- потпоручник, 2004 година;
- поручник, 2006 година;
- капетан, 2009 година;
- мајор, 2014 година;
- потполковник, 2018 година.
Странски јазици:
- Англиски јазик на ниво СТАНАГ 3.3.3.3
- Германски јазик.
Брачна состојба:
Оженет и татко на две деца.
Хоби:
- Спорт.
Наредник Горан Ќирковиќ
Дата и место на раѓање:
11.07.1974 година, Скопје, Република Македонија.
Воена кариера:
- Војник по договор-граничар, 1994-2000;
- Командир на одделение на караула „Коњари“, Дебар, 2000-2003;
- Командир на гардиско одделение во 1 гардиска чета во БПО, 2003-2007;
- Прв подофицер во гардиска чета во баталјон за Почести, 2007-2014;
- Главен подофицер во баталјон за почести, 2014.
Унапредувања:
- Водник 2000
- Постар водник 2006-2010
- Постар водник 1 класа 2010-2014
- Наредник 2014
Награди и признанија:
- Пофалници од командант на баталјон и командант на КЛП;
- Златна значка на армијата од НГШ на АРМ во 2013 г.
Странски јазици:
- Англиски;
- Српски.
Брачна состојба:
Оженет, 1 дете.
Хоби:
- Риболов.

Баталјонот за почести е првопотчинета единица на Генералштабот на Армијата со мисија да реализира протоколарни задачи согласно правилото за воен протокол во Армијата.
Баталјонот за почести е наследник и основан врз темелите на Првата гардиска бригада, формирана на 26.03.1992 година во касарната „Илинден“ непосредно по формирањето на Армијата и осамостојувањето на државата. Од 22.07.2002 година се трансформира и започна да функционира како Гардиски баталјон за почести и опслужување, во чиј состав влегоа старешини со големо гардиско искуство стекнато во Првата гардиска бригада. Подоцна, од 01.03.2006 година единицата се трансформираше во Баталјон за почести и опслужување и влегува во состав на командата за логистичка поддршка. Под сегашниот назив, баталјонот за почести се воспоставува и започнува да функционира од 01.04.2012 година како самостоен баталјон директно под Генералштабот на Армијата. Со Уредба на Претседателот на државата за ден на баталјонот за почести е одреден 11-ти ноември, во знак на паметење на 11.11.1943 година кога е формирана Прва македонско-косовска народно ослободителна ударна бригада, а како единица ги чествува и одбележува традициите на Првата македонско народно ослободителна ударна бригада.
Баталјонот во континуитет остварува високи резултати во секојдневното работење, изведувањето на борбената обука и демонстрира квалитет при реализација на протоколарните задачи. При посетите на странски делегации и државници, баталјонот за почести оддава воени почести со дигнитет и на највисоко професионално ниво, а припадниците на баталјонот го оставаат првиот впечаток за Армијата и за државата.
Припадниците на баталјонот за почести се водат по основните гардиски вредности: чест, храброст и посветеност, вредности кои се респектираат и вреднуваат. Честа како темел на гардискиот карактер ги обврзува гардистите да постапуваат совесно и одговорно, да ги исполнуваат своите должности и да прикажуваат највисоки етички и морални вредности. Храброста е извор на психо-физичка и духовна сила која го води гардистот низ предизвикот на борбата, го крши стравот и го носи кон победата. Посветеноста го води гардистот до прецизност, создава највисок ред на дисциплина за него и единицата, му влева верност кон Армијата и татковината и му дава решителност да кон перфекција во сите области. Во духот на гардиските вредности, припадниците на баталјонот за почести се водат од мотивацијата на слоганот „Lux Aeterna“, односно „Вечна Светлина“ како симбол на сонцето и непокорот.
Да се биде припадник на баталјонот за почести и да се има можноста да се претставува Армијата и татковината е посебна привилегија и чест.