Во периодот од 16 до 20 ноември 2026 година, на армискиот полигон „Криволак“, припадниците на Баталјонот на Воената полиција спроведоа обука во теренски услови, со цел унапредување на своите знаења, вештини и способности, како и одржување на високото ниво на оперативна подготвеност.
За време на обуката, акцентот беше ставен на практичното усовршување на стручните знаења, подобрувањето на тимската координација и зајакнувањето на физичката и психофизичката подготвеност на припадниците. Преку различни теренски активности и задачи, тие имаа можност стекнатото знаење да го применат во практика и да ја проверат својата подготвеност за постапување во различни ситуации.
Посебно внимание беше посветено на заедничкото извршување на задачите, меѓусебната координација и брзото и ефикасно реагирање, при што секоја активност придонесе за подобрување на индивидуалната и колективната подготвеност на единицата.
Со реализацијата на оваа обука, припадниците на Баталјонот на Воената полиција продолжуваат со континуирано надградување на своите способности и одржување на потребното ниво на подготвеност за успешно извршување на задачите, во различни теренски и временски услови, во согласност со мисијата и задачите на Армијата.








