Мисија:
Да ги подготви конвенционалните копнени и воздухопловни сили на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Републиката, со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција од конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ, и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во заштита на пошироките интереси на Републиката.
Задачи:
- Подготовка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили;
- Изведување на операции и давање на воена поддршка како земја домаќин на меѓународни сили на територијата на Републиката;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа;
- Подготовка на декларираните сили;
- Достигнување на целосна интероперабилност и интероперативност со НАТО;
- Планирање и изведување на обука според стандардите на НАТО;
- Асистенција на сигурноста на цивилните структури во однос на асистенција во случај на природни катастрофи и во зачувување на виталната инфраструктура како земјотреси, пожари, поплави и останати кризни ситуации како на пример:
– Снабдување со храна на населението во планинските изолирани региони во зимскиот период;
– Изведување на инженериски работи во регулирање на речните корита;
– Пошумување итн.
Бригаден генерал Бесник Емини
Бригаден генерал Бесник Емини е роден 15.10.1977 година во Скопје, каде и завршува основно и средно образование. Воената кариера ја започнува во 2000 година како припадник од втората генерација на дипломирани офицери на Воената Академија „Михајло Апостолски“ во Скопје. Како офицер од родот пешадија, неговата прва должност беше командир на вод во првиот пешадиски баталјон од 15. пешадиска бригада во Тетово. Во досегашната кариера извршува повеќе командни и штабни должности и тоа командир на пешадиска чета, командир на тим и чета во полк за Специјални операции (пСО), началник на секција во пСО, заменик командант на Ренџерски баталјон, заменик командант на пСО, заменик командант на 1. механизирана пешадиска бригада, началник на штаб во ЗОК, командант на 1. пешадиска бригада, а од јуни 2021 година е поставен за командант на Командата за операции.
Во досегашната воена кариера го надградува своето воено образование на постдипломски студии во 2006 година во Скопје и школа за национална одбрана во Рим, Италија во 2014 година.
Во 2017 година бригаден генерал Емини завршил магистерски студии во полето на одбраната на Институтот за безбедност и одбрана во Скопје.
Има завршено повеќе курсеви од областа на одбраната, Курс за CMS во Луизијана, САД, курс за мировни набљудувачи UNMOC, Амерсфорт, Холандија, курс за штабни офицери за работа во НАТО, Софија, Р. Бугарија, предупатна обука за мировни мисии – ИСАФ, Загреб, Р. Хрватска, борбена проценка на борбено поле, Вишков, Р. Чешка, медиумите и тероризмот, Анкара, Р. Турција, Креирање на националните полиси и менаџмент со одбранбени ресурси во Монтереј, Калифорнија, САД.
Во 2008 година учествува во мисијата „Слобода за Ирак“ во Таџи, Ирак, за што добива медал ARCOM, „Iraqi Freedom“. Активно учествува во повеќе вежби во земјата и тоа: „НАТО CAX 05“ Скопје, „Балкан Флеш“, Криволак, „НАТО CREVAL 1-2 LRSC“, Криволак, „LOGEX13“, Скопје и „WISE WOLF Б-9“, Криволак.
Бригаден генерал Бесник Емини повеќе пати е наградуван и има добиено повеќе одликувања од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата за покажаните и постигнатите резултати во процесот на борбена обука, образованието и градењето на Армијата. Одлично го зборува англискиот и работно францускиот јазик.
Бригаден генерал Мирче Ѓоргоски
Дата и место на раѓање:
07.11.1966, Охрид, Република Македонија.
Образование:
- 1981, Основно училиште, Охрид;
- 1985, Воена гимназија, Белград;
- 1989, Воена академија на КоВ, Белград;
- 1999, Курс по германски јазик, Центар за странски јазици на Германскиот Бундесвер, Хирт, СР Германија;
- 2000, Курс за офицер за огнена поддршка – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2000, Курс за командант на артилериски баталјон – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2001, Курс за лидери на 21. век, „Џорџ Маршал“ Европски центар за безбедносни студии на САД – Гармиш П. Кирхен, СР Германија;
- 2001, Курс за офицер за односи со јавноста – Шпиз, Швајцарска конфедерација;
- 2002, Курс за цивилно-воени односи во мировни операции – Персонов Центар за поддршка на мирот – Нова Шкотска, Канада;
- 2004, НАТО ориентационен курс за штабни офицери, НАТО училиште, Оберамергау, СР Германија;
- 2005, ПДС-КШШ Воена Академија „Михаило Апостолски“, Скопје;
- 2006, „CJTF“ Курс, во организација на НАТО Мобилниот тренинг тим (МТТ) од Неапол во Скопје;
- 2010, Курс, „Стратегиска комуникација“ во ПзМ Центарот во Анкара, Република Турција;
- 2011, Курс „Тероризам и медиуми“ во НАТО Центарот за совршенство во Анкара, Република Турција;
- 2013, НАТО Одбранбен Колеџ (NDC), Рим, Република Италија;
- 2018, Програма за високо раководство во процесот на донесување на одлуки во одбраната, Морнаричка школа за постдипломски студии, Монтереј, САД.
Учество на позначајни семинари и вежби:
- 2001, Семинар за односи со јавноста во организација на НАТО (SHAPE) Букурешт, Романија;
- 2002, Семинар за воен протокол во организација на Американскиот контакт тим во Македонија, Скопје;
- 2003, Завршна вежба „Седум ѕвезди-2002“ Пловдив, Бугарија;
- 2006, Семинар за образование и обука на офицерите во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2006, Семинар „Однос помеѓу медиумите и безбедносниот сектор“ во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2007-2009, Учество на вежба „Македонски Блесок“;
- 2008, Семинар за односи со јавноста „Open up“ во Сплит, Република Хрватска;
- 2009, Учество на вежба на НАТО „Steadfast Joist“ во JFC Неапол;
- 2009, Учество на семинар за односи со јавноста во МО на Кралството Данска;
- 2017, Годишен семинар на високи офицери – Женевски центар за безбедносна политика, Швајцарија;
- 2018, Програма за стратешко лидерство, Академија за одбрана на Обединетото Кралство.
Воена кариера:
- Командир на вод;
- Командир на хаубичка артилериска батерија 105 мм;
- Командир на минофрлачка батерија 120 мм;
- Командир на Вод за обезбедување на Претседателот на Република Македонија;
- Заменик на командант на хаубички артилериски баталјон 105 мм;
- Офицер за протокол во кабинетот на Директорот на ГШ на АРМ;
- Командант на питомечки баталјон во Воената Академија;
- Офицер за планови во Одделението за планирање и интеграција на силите во Г3 на ГШ на АРМ;
- Началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на ГШ на АРМ;
- Аѓутант на Врховниот командант, 2015;
- Командант на 1.механизирана пешадиска бригада, 2016;
- Началник на Штаб во ЗОК.
Унапредувања:
- Потпоручник (1989)
- Поручник (1990)
- Капетан (1993)
- Капетан I класа (1997)
- Мајор (2002)
- Потполковник (2006)
- Полковник (2010)
- Бригаден генерал (2015)
Постигнати успеси во кариерата:
- Парична награда од командант на Корпус (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во АРМ за најдобра единица во гарнизон Охрид);
- Наградно отсуство од командант на Корпус;
- Пофалба од Министер за одбрана;
- Наградно отсуство од НГШ на АРМ;
- Златна значка на АРМ;
- Сребрена значка за долгогодишна служба од МО.
Странски јазици:
- Англиски;
- Германски.
Брачна состојба:
Оженет и татко на 2 деца.
Контакт:
тел. + 389 31 474-013
факс: + 389 31 474-044
E-mail: [email protected]
[email protected]
[email protected]
Главен наредник Џоскеј Петровски
Главен наредник Џоскеј Петровски е роден 1973 година во Радовиш, каде и завршува основно образование, додека средното образование го има завршено во Битола.
Војничката кариера ја започнува во оклопниот баталјон во Скопје каде и го добива првиот подофицерски чин и во досегашната кариера ги има извршувано должностите командир на тенк, командир на тенковски вод, прв подофицер во тенковска чета, главен подофицер во тенковски баталјон и главен подофицер на пешадиска бригада.
Има завршено повеќе курсеви од професионално воено образование во земјата и странство. Курс „Обучи го обучувачот“ (Train the trainer) во Херисау, Швајцарија; курс за „Техники на воена обука и инструкции“ во Команда за Обука во Велес; „Напреден курс за подофицери“ во Команда за Обука во Велес; „Курс за први подофицери во чета“ во Команда за обука и доктрини во Велес; Висока подофицерска Академија во Загреб, Р. Хрватска; „CSEL“ курс во Загреб, Р. Хрватска, а во 2011 и 2012 година учесник е на вежбите „Македонски Блесок“.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван од командант на тенковски баталјон, командант на 1.мпбр и командант на Команда за Операции.
Активно го користи Англискиот јазик, оженет е и татко е на три деца.
Претходни должности:
- Командир на тенк 2001-2003 година;
- Командир на тенковски вод 2003-2011 година;
- Прв подофицер во тенковска чета 2011-2013 година;
- Главен подофицер во тенковски баталјон 2013-2020 година;
- Главен подофицер во 1.пешадиска бригада од 2020-2021 година и
- Главен подофицер на Команда за операции Ноември 2021 година.
Унапредувања:
- водник 2001-2007 година;
- постар водник 2007-2012 година;
- постар водник 1 класа 2012-2016 година;
- наредник од 2016-2021 година.
- главен наредник 2021 година.
Потполковник Часлав Стојмановски
Потполковник Часлав Стојмановски е роден во 1977 година во Куманово. По завршување на средното техничко училиште во Куманово продолжува со воено образование на Воената академија, „Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како Командир на вод во Куманово. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон, бригада, оперативна команда, генералштаб, а од 2019 година е поставен за Офицер за односи со јавноста во Здружената оперативна команда. Има завршено повеќе курсеви од областа односи со јавноста, комуникациски вештини и работа со медиуми, CIMIC, НАТО курсеви, курсеви за изучување на странски јазици и курс за падобранци. Учествувал на повеќе вежби во земјата и странство и тоа: вежбите „Македонски Блесок 5, 6, 7 и 9“, „Trident Juncture 2015“ во Шпанија, и „Maple Arch 2019“ во Украина а во текот на 2010 година учествува во една ротација во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан како Заменик на командант на контингентот. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: 8 дена наградно отсуство од Министерот за одбрана во 2011 година, пофалници од командантот на ЗОК во 2008, 2015 и 2016 година и сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка во 2019 година. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба е оженет, татко на две деца,
Претходни должности:
- Командир на вод 2000-2005;
- Командир на штабен вод, ЗОК 2005-2008;
- Командир на вод 2008-2010;
- Заменик командант во контингент ИСАФ Авганистан 2010-2011;
- Командир на командна чета 2011-2012;
- Офицер за планирање и извршител за електронски медиуми 2012;
- Офицер за односи со јавноста во 1.мпбр 2012-2015;
- Офицер за меѓуармиска соработка во ЗОК, 2015-2019;
- Офицер за односи со јавноста во ЗОК, 2019.
Унапредувања:
- потпоручник 2000;
- поручник 2001;
- капетан 2008;
- мајор 2014;
- потполковник 2018.
Како Команда од оперативно рамниште, егзистира од почетокот на формирањето на АРМ на 01.04.1992 година како Армиски Корпус.
2019 година
- На 05.03.2019 година за Заменик на командантот на ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев, а за Началник на штаб е поставен полковник Бесник Емини.
2018 година
- На 01.01.2018 година, Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги посетија припадниците на АРМ во касарната „Чојлија“;
- Реализирани вежбите „Македонски Блесок 14“ и „Предизвик 2018“;
- На ден 31.01.2018 година, касарната „Боро Менков“ во Куманово ја посети министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска;
- На ден 17.05.2018 година за Началник на штаб во ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев;
- На ден 22.05.2018 година за Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Павле Арсоски.
2017 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 13“, „Здружена реакција 17“, „Dragoon Guardian 17“ и „Предизвик 17“.
2016 година
- Реализација на вежбата „Македонски Блесок 12“;
- На 1–ви декември на должност Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Зоран Милески.
2015 година
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 11“;
- На 18-ти август за командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, а за заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски. За началник на штаб наместо бригаден генерал Стојан Димчов е поставен бригаден генерал Азим Нуредин;
- На 01.01.2015 година стапи на сила новата операција во ИР Авганистан под името „Одлучна поддршка“ и притоа дел од опремата (ОТ „Хермелин“) се вратени во Р. Македонија;
- На 20.08.2015 година со појавата на бегалската криза ЗОК даде поддршка на МВР со ангажирање на сили и средства од својот состав во делот на јужната граница на Р. Македонија со Р. Грција во поширокиот реон на Гевгелија.
2014 година
- Согласно одлуката за определување на денови на единиците на АРМ донесена од Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, со воена свеченост се одбележа 11-ти Октомври – Ден на ЗОК, како носител на традициите на формирањето на штабот на Кресненското востание;
- Оценување на борбената готовност на командата, штабот и штабен вод на ЗОК;
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 10“ и НАТО оценување НИВО-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Лесната маневарска болница (ЛМБ);
- Учество на четата ОКСЕУБГ-2 на вежбата „Quick Lion“ во Кралството Белгија со оперативна готовност за употреба до 31.12.2014 година.
2013 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 09“, „Предизвик 2013“ и вежбата „Здружен отпор 2013“;
- Бригаден генерал Мухамед Рацај e поставен за Заменик на Командант на ЗОК, а за Началник на штаб е поставен бригаден генерал Стојан Димчов;
- На 1-ви јануари свечено е отворена касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
2012 година
- Март, бригаден генерал Методија Величковски е поставен за Командант на ЗОК;
- На АП „Криволак“ е реализирана МПВ на тема „Огнена поддршка на артилериски единици“;
- Реализирана вежбата „Cooperative Longbow/Lancer 2012“ и НАТО оценување НИВО-1 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ).
2011 година
- 04.2011 година, бригаден генерал Горанчо Котески e поставен за Командант на ЗОК;
- ЗОК се трансформира во нова организациско-формациска структура, согласно стандардите на НАТО организирана во секции од Ј-1 до Ј-9 и намален број на потчинети единици.
2010 година
- 01.2010 година, посета на Претседателот на Република Македонија и врховен Командант на вооружените сили на Република Македонија, Н.Е. г-дин Ѓорѓе Иванов, на командата на ЗОК.
2009 година
- Во текот на 2009 година една од позначајните активности беше планирањето и реализирањето на вежбата „Македонски Блесок 05“ при што е извршено самооценување НИВО-2, според Концептот за оперативни способности на декларираните единици од ЗОК.
2008 година
- Од 21.01.2008 година до 30.07.2008 за заменик на командантот на ЗОК поставен е бригаден генерал Насер Сејдини;
- 07.2008 година поставен е бригаден генерал Киро Галазовски.
2007 година
- 02.2007 година, во командата на ЗОК, за првпат по воспоставувањето на формациското место Главен подофицер во ЗОК, се започна со имплементација на Концептот за професионален развој на подофицерите во АРМ;
- Од 16. до 30.06.2007 година, НАТО НИВО-1 заедничка вежба „Македонски Блесок 2007“, вежбата е реализирана на АП „Криволак“ со припадниците на 1. мпбр и вооружените сили на Обединетото Кралство – Англија;
- Од 28.10. до 04.11.2007 година на АП „Криволак“, „Македонски Блесок-2“ НАТО, НИВО-1 помеѓу припадниците на вооружените сили на земјите членки на групата А-3-(Р. Македонија, Р. Хрватска и Р. Албанија), учество на инж. вод од 1. мпбр;
- Декември, за командант на ЗОК поставен е генерал-мајор Зоран Димов.
2006 година
- 03.2006 година, промовирана е Втората механизирана пешадиска бригада со трансформација на 2. пбр;
- 04.2006 година, промовиран е баталјонот за врски, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- 04.2006 година, на полигонот „Чојлија“ беше промовиран Оклопно-механизираниот баталјон Т-72, во составот на ЗОК;
- 04.2006 година, промовиран е артбн во Самооден хаубички артилериски баталјон 155 мм и истиот е дислоциран во гарнизонот Велес;
- На 07.09.2006 година, промовиран е Баталјонот на Воена полиција во касарната „Илинден” во Скопје, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- Од 10. до 23.09.2006 година, Заедничка вежба „Размена на мали воено полициски единици“, на АП „Криволак“, со единица на воена полиција на Националната гарда на Вермонт – САД.
2005 година
- 08.2005 година, промовирана е Здружена Оперативна Команда (ЗОК), дотогашната Командата на Копнената Војска се преструктуира во Здружена Оперативна Команда, во составот на ЗОК влегуваат ВИНГ и бПВО;
- Ноември, ЗОК e носител на мултинационалната вежба „Кооперативно здружување 05“, која се одржа во Скопје.
2004 година
- На местото заменик на командантот на ЗОК поставен е полковник Зоран Лековски.
2003 година
- 06.2003 година за командант на КоВ e поставен бригаден генерал Атанас Јовчевски;
- Јуни, започнување на мисијата во Ирак – „Слобода за Ирак“.
2002 година
- 05.2002 година се формира ККоВ на АРМ;
- Започнување на мисијата во Авганистан – ИСАФ со персонал од составот на ККоВ.
2000 година
- 10.2000 година се трансформира во Команда на 1.АК на АРМ.