
Мисија:
Како повисока здружено-тактичка единица преставува главна борбена сила на Армијата која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Надвор од територијата на Републиката со декларираните единици учествува во мировните операции и ги исполнува меѓународните воени обврски.
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите;
- Логистичка поддршка;
- Организирање и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.
Бригаден генерал Сашко Лафчиски
Дата на раѓање:
11.02.1977 година во Штип.
Воено образование:
- Воена Академија, Скопје, Република Македонија, 1995-1999 година;
- Курс за лидери на 21 век, Маршал Центар, Гармиш-Партенкирхен, 2003 година;
- Командно-штабна Академија „Благо Задро“ Хрватска, Загреб, 2007-2008 година;
- Школа за Национална Одбрана, Карлајл, САД, 2015-2016 година.
- Постдипломски студии – Магистер за стратегиски студии, Карлајл, Пенсилванија, САД, 2015-2016.
Воена кариера:
- Командир на тим, баталјон за специјални намени, 1999-2001 година;
- Командир на чета, баталјон за специјални намени, 2001-2003 година;
- Командант на контингент за специјални операции, мисија “Iraqi Freedom”, 2003-2004 година;
- Офицер за обука во С-3, баталјон за специјални намени, 2003-2004 година;
- Началник на секција С-3, баталјон за специјални намени, 2004-2008 година;
- Национален претставник и НАТО оценувач (Евалуатор) по концептот за оперативна способност (NATO Evaluator OCC E&F programme) при Здружената команда на Сојузничките сили на НАТО во Неапол, Италија, 2008-2012 година;
- Началник на секција С-3, команда на Полкот за специјални операции, 2012-2015 година;
- Командант на баталјон за специјални намени, 2016-2018 година;
- Заменик на командантот на полк за специјални операции, 2018-2020 година;
- Началник на одделение за специјални операции, 2020-2021 година;
- Командант на 1. пешадиска бригада, јули 2021 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999-2000 година;
- Поручник 2000-2001 година;
- Капетан 2001-2007 година;
- Мајор 2007-2011 година;
- Потполковник 2011-2018 година.
- Полковник 2018-2022 година;
- Бригаден генерал 2022 година.
Постигнати успеси во кариерата:
- Златна значка на Армијата, 2013 година;
- Сребрена значка на Армијата, 2012 година;
- Голем број на благодарници и сертификати.
Странски јазици:
- Англиски;
- Италијански (почетно ниво).
Семеен статус:
Оженет, татко на едно дете.
Хоби:
Спорт, лов и риболов.
Полковник Горан Петрушевски
Полковник Горан Петрушевски е роден на 01.09.1976 година во Штип. Основно и средно образование завршува во Пробиштип. Своето образование го продолжува на Воената Академија ,, Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во период од 1995 до 1999 година. Во досегашната воена кариера го надоградува своето образование со завршување на Напреден курс за штабни офицери, во ,,Форт Бенинг’’, Џорџија, САД во период 2004-2005 година и Командно штабна академија, „Форт Левенворт“, Канзас, САД во период од 2015 -2016 година.
Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности на ниво баталјон, бригада и здружена команда. Има завршено повеќе курсеви од делокругот на работните обврски и задачи во земјата и странство и тоа Курс за ориентација, планирање и изведување на вежба, Курс за воен набљудувач за поддршка на мирот, Напреден курс за штабни офицери, Курс за подготовка на ефективен извештај по извршената акција, Офицерски курс за мировни операции и Обука за партнери во распоредени заеднички сили, Deployed Joint Forces (DJF). Учествува на повеќе вежби во земјата и тоа „Македонски блесок“ континуирано во периодот од 2007 до 2022 година, како и надвор од земјата на CPX “Седум ѕвезди – 2002”, Пловдив, Бугарија, Размена на искуство и соработка “Cooperative Adventure Exchange 02” 2002, Лвив, Украина, CAX “VIKING 11” 2011 (NATO – PfP), Енкопинг, Шведска, Сребрен штит“ 2011, операции со целосен спектар (FSO) со 20-тиот баталјон со припадници од Армијата на Словенија и 173 Бригада (BDE) на САД, Joint Military Training Center (JMTC), Хохенфелс, Германија, CAX „ENERGY FLAME 2011“,Софија, Бугарија и останати.
Учествува во мировната мисија ISAF во ИР Авганистан од Јануари до Јули 2008 година како командант на контингент за заштита на сили на главната команда.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван како позначајни се Медал за посебни заслуги во однос на ISAF операциите, Пофалница за команданти за исклучителен придонес за поддршка на ISAF и НАТО, Кабул, И.Р. Авганистан, Сребрена значка во 2012 година, Златна значка во 2017 година, златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка во 2020 година, како и мала плакета на Армијата во 2021 година од Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Активно го користи англискиот јазик НАТО STANAG 6001. Оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
- 1999-2002 – Командир на 3. вод / 1.моторизирана чета,
- 2002-2004 – Заменик командир Национален елемент за поддршка НЕП/2.пешадиски баталјон,
- 2004-2006 – Командир на командна чета/2.пешадиски баталјон,
- 2006-2009 – Командир на 2.механизирана пешадиска чета/2. механизиран пешадиски баталјон,
- 2009-2012 – Началник на С-3 / команда на 2.механизиран пешадиски баталјон,
- 2012-2015 – Началник на штаб-заменик на командантот / 1.механизиран пешадиски баталјон,
- 2016-2018 – Командант на 2.механизиран пешадиски баталјон/1.механизирана пешадиска бригада,
- 2018-2019 – Началник на J-3 /Здружена Оперативна Команда,
- 2019-2020 – Началник на С-3 /1.пешадиска бригада,
- 2020 – 2023 – Началник на штаб /1.пешадиска бригада,
- 2023 – Заменик на командантот /1.пешадиска бригада.
Унапредувања:
- 29.07.1999 – потпоручник,
- 29.07.2000 – поручник,
- 31.12.2003 – капетан,
- 18.08.2009 – мајор,
- 11.10.2013 – потполковник,
- 26.11.2021 – полковник.
Главен наредник Благој Дончевски
Главен наредник Благој Дончевски е роден на 26 јуни 1976 година во Свети Николе. По завршување на основното образование во ОУ „Методи Митевски Брицо“ во Лозово и средно образование во ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ во Штип своето образование го продолжува на „УГД“ во Штип каде се стекнува високо образование земјоделски инженер.
Покрај горенаведените образованија главен наредник Благој Дончевски има завршено поголем број на курсеви и има учествувано на голем број на семинари, обуки и вежби и тоа:
- Курс за млади лидери;
- Основен курс за предни набљудувачи;
- Напреден курс за предни набљудувачи;
- Курс за англиски јазик;
- Борбено штабен курс за подофицери;
- Курс за инструктори за несмртоносно оружје „taser“;
- Nato nco orientation course, obrammergau, германија.
Учествувал на повеќе воени вежби во земјата и странство. Во досегашната кариера има извршувано повеќе должности во единиците на армијата и тоа:
- Професионален војник;
- Командир на одделение;
- Преден набљудувач;
- Подофицер за обука;
- Подофицер за борбена готовност и операции.
За постигнатите успеси и резултати во работата повеќе пати бил пофалуван и наградуван. Има познавање на англиски јазик. Брачна состојба: оженет, татко на две деца.
Унапредувања:
- Водник 2001-2006;
- Постар водник 2006-2012;
- Постар водник прва класа 2012-2017;
- Наредник 2017-2021;
- Главен наредник 2021.
Капетан Горанчо Ѓоргиевски
Капетан Горанчо Ѓоргиевски е роден на 06.02.1977 година во Делчево. По завршувањето на основното и средното образование во Берово,продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде дипломира во 2000 година. Воената кариера ја започнува како командир на моторизиран пешадиски вод во 1.моторизиран пешадиски баталјон во Куманово. Во досегашната кариера извршувал повеќе командирски должности на ниво на баталјон, а бил и вршител на должност началник на секција за борбена готовност,операции ,воено планирање ,обука и вежби во 3.пб од 1.пбр а од 2018 година е поставен на должност офицер за односи со јавноста во 1.пешадиска бригада. Има завршено повеќе курсеви од досегашниот делокруг на работните обврски и задачи.
Меѓу останатите курсеви има завршено:
- Курс за командири на водови, MPRI, Пепелиште, 2000 година;
- Курс за инструктори за борба против тероризмот, 2002 година;
- Курс за командири на чети, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2012 година;
- Инструктор по тактичка обука „Методички курс за обука на подофицери“, 2013 година;
- Курс за штабни должности во баталјон, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје, 2017 година;
- Курс NATO Military Decision Making process training, MTT, 2015 година;
- Курс Analysis and Lessons learned, MTT, 2016 година;
- Курс Crisis Communication, PARC Скопје, 2016 година;
- Public affairs workshop , PARC, ноември, Скопје, 2018 година;
- Builiding Integrity in Public Affairs Course, PARC, Скопје, 2019 година.
Досега има учествувано на неколку воени вежби во земјата, во странство нема и тоа:
- „Македонски блесок“ 7, 8, 9, 10;
- Мултинационална вежба „LONGBOW/LANSER“, 2012 година.
До сега нема учествувано во мировна мисија надвор од државата. Повеќе пати е наградуван и пофалуван,меѓу кои позначајни се пофалница од командантот на 1.мпбр, благодарница од командантот на КОД, наградно отсуство од командантот на 3.мпб. Познава англиски јазик,основно познавање германски јазик и останато, живее во Скопје,оженет и татко на две деца.
Претходни должности кои ги има извршувано:
- Командир на вод, 2000-2003 година;
- Командир на караула, 2003-2005 година;
- Командир на вод, 2005-2012 година;
- Командир на механизирано пешадиска чета, 2012-2014 година;
- Офицер за обука во С-3/3.мпб, 2014-2018 година;
- Вршител на должност Началник на С-3/3.мпб, 2016 година;
- Офицер за односи со јавноста во 1.механизирана пешадиска бригада, октомври 2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 2000-2001 година;
- Поручник 2001-2012 година;
- Капетан 2012-2020 година.

Врз основа на новата организациско-формациска поставеност на Армијата на Република Македонија (АРМ) од 2012 година и наредбата за трансформација на единиците на АРМ, дојде до фузирање на 1. и 2. механизирана пешадиска бригада во 1.механизирана пешадиска бригата „А“ (1.мпбр).
1. и 2. мпбр ја имаа честа да ги продолжат и негуваат традициите на 11. и 13. пешадиска бригада формирани во 1992 година со осамостојувањето на Република Македонија, кои пак ги негуваа традициите на две истакнати единици НОВ и тоа 14. Младинска Македонска Народноослободителна Ударна Бригада (14.ММНУБр) и Кичевско-мавровскиот партизански одред. Единици кои во својот славен борбен пат имаат учествувано на ослободувањето на градовите долж течението на реката Брегалница, градот Скопје, Западна Македонија и крвавиот Сремски Фронт.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили „Н“ бр. 06-716/1 од 14.05.2015 година за „Ден на единицата“ е одреден 2-ри Април, денот кога во 2012 година командата и штабот на 1.мпбр се дислоцираа во гарнизонот Петровец.
За постигнатите резултати на планот на одбраната на Република Македонија, Претседателот на РМ со Указ бр. 8 од 14.08.2007 година, 1.мпбр и 2.мпбр ги одликува со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“.
Денес 1. механизирана пешадиска бригада „А“ е главна борбена сила на АРМ која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и дава поддршка на цивилното население при природни катастрофи, епидемии и други непогоди, а надвор од територијата на Република Македонија со декларираните единици учествува во операции за поддршка на мирот со што ги исполнува меѓународните воени обврски.
Учество на вежби во Република Македонија:
- „Македонски блесок 10“ во периодот од 5 до 12.04.2014 година, демонстрација на достигнатиот степен на борбената готовност на СПБГ.
- МНВ „Здружени напори 2013“ во периодот од 19 до 28.06.2013 година;
- „Македонски блесок 9“ во периодот од 14 до 18.10.2013 година, демонстрација на интероперабилност и преглед на борбената готовност на декларираните единици, односно демонстрација на способностите на СПБГ во согласност со Здружените стандарди за сили;
- „Македонски блесок 8“ во периодот од 19 до 30.05.2012 година, НАТО оценување Ниво 2 на декларираната средна пешадиска баталјонска група и декларираните механизирана пешадиска чета и одделение АБХО во силите на ЕУБГ 2012/2;
- „Македонски блесок 7“ во периодот од 8 до 16.04.2011 година, Самооценување Ниво 1 на декларираната средна пешадиска баталјонска група и декларираните механизирана пешадиска чета и одделение АБХО во силите на ЕУБГ 2012/2;
- „Балкански блесок 2010“ во периодот од 24.10. до 03.11.2010 година, НАТО оценување Ниво 2 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 6“ во периодот од 19 до 23.04.2010 година, поддршка на реализацијата на 18-ти НАТО Курс за оценувачи по OCC E&F концептот за НАТО-1;
- „Македонски блесок 5“ во периодот од 19 до 28.10.2009 година, Самооценување Ниво 2 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 4“ во периодот од 21.10. до 02.11.2008 година, НАТО оценување Ниво 1 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 3“ во периодот од 19 до 30.05.2008 година, Самооценување Ниво 1 на деклариран среден пешадиски баталјон;
- „Македонски блесок 2“ во периодот од 28.10. до 04.11.2007 година, НАТО оценување Ниво 1 на декларирани механизирана пешадиска чета, инженериски патен вод и пионерски вод.
Учество во меѓународни вежби:
- Учество на вежбата „Anaconda“ во периодот од 6 до 18.06.2016 година во Р. Полска.
- Учество на вежбата „Balkan Bridges 15“ во периодот од 23 до 27.11.2015 година во Р. Бугарија;
- Учество на вежбата „Trident Junction 15“ во периодот од 2 до 16.10.2015 година во Р. Шпанија;
- Учество на вежбата „Immediate Response 15“ во периодот од 9 до 21.09.2015 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Balkаn Response 15“ во периодот од 25 до 30.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „LOGEX 15“ во периодот од 5 до 15.05.2015 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата „Saber Juncture 15“ во периодот од 3 до 30.04.2015 година во СР Германија;
- Учество на штабна вежбата „Seven Stars 14“ во периодот од 2 до 12.12.2014 година во Р. Грција;
- Учество на вежбата „Immediate Response 14“ во периодот од 16 до 30.08.2014 година во Р. Хрватска и Р. Словенија;
- Учество на вежбата „Platinum Wolf 15“ во периодот од 16 до 29.11.2014 година во Р. Србија;
- Учество на вежбата на командно место „REGEX 14“ во периодот од 21 до 24.10.2014 година во Р. Турција;
- Учество на симулациона вежба „SEESIM“ во периодот од 22 до 27.09.2014 година во Р. Грција;
- Учество на ситуациона теренска вежба „Combined Endeаvor 14“ во периодот од 25.08. до 12.09.2014 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Брз Лав“ во периодот од 2 до 13.06.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Platinum Eagle 14“ во периодот од 13 до 23.05.2014 година во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Viking 14“ во периодот од 31.03. до 11.04.2014 во Шведска;
- Учество на вежбата „Active Lion 14“ во периодот од 16 до 24.01.2014 година во Белгија;
- Учество на вежбата „Mission readiness 2013“ во периодот од 2 до 18.12.213 година во СР Германија;
- Учество на вежбата „Black see rotation force 2013“ во Р. Романија;
- Учество на вежбата „Immediate response-13„ во периодот од 18.08. до 01.09.2013 година во Р. Хрватска;
- Учество на мултинационалната вежба „Rapid Trident 12“ во периодот од 14 до 28.07.2012 година на полигонот Јаворив, Р. Украина.
Со определбата на Република Македонија за приклучување кон НАТО, 1.мпбр декларираше средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) во базенот на сили согласно концептот за оперативни способности на НАТО, за учество во мировните мисии предводени од НАТО.
Според проектот за развој на ЕУ-БГ 2/2012 средната механизирана пешадиска чета од 4/1.мпбр после успешно завршените оценувања, постигна потполна интероперабилност и е во готовност за извршување на операции за превенција на конфликти.
1.мпбр со една механизирана пешадиска чета од составот на 2мпб и инженериски патен и пионерски вод од составот на инжб зема учество и во проектот „SEEBRIG“.
Мисии надвор од Република Македонија:
- мбпр од јануари 2003 до декември 2014 година учествуваше со 24 ротации на контингенти во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан. Од јануари 2006 година до декември 2014 година бригадата учествува во мировната операција „ИСАФ“ со една механизирана пешадиска чета со задача: обезбедување на главната команда на „ИСАФ“ во Кабул, ИР Авганистан;
- Од декември 2014 1.мпбр учествува со 3 ротации на контингенти во мировната операција „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан со јачина на еден вод;
- мпбр учествуваше во 3 ротации во операцијата за поддршка на мирот „Слобода за Ирак“ Р. Ирак со јачина од еден вод;
- Во периодот од 2008 година персонал од составот на 1.мпбр учествуваше како штабен персонал во мировните операции ОМЛТ-1, ОМЛТ-2, КОСА-главен град и КОСА-север во ИР Авганистан;
- Учество на персонал од составот на 1.мпбр во мировните операции: „ЕУФОР-АЛТЕА“ Босна и Херцеговина и „УНИФИЛ“ Либан.
Во изминатиот период 1807 припадници од составот на 1.мпбр учествувал во мировни операции надвор од територијата на РМ.
Со почетокот на „мигрантската криза“ 1.мпбр зема активно учество со асистенција и испомош на единиците на МВР во обезбедувањето на државната граница. Единиците од составот на бригадата беа вклучени во изградбата на безбедносна ограда во вкупна должина од 30 км на јужната граница.
Во изминатиот период бригадата активно учествуваше во разни хуманитарни акции и акции за справување со временски неприлики и природни катастрофи со кои се соочуваа граѓаните на Р. Македонија. Единиците на 1.мпбр земаа учество во санирањето на последиците од поплавите во Струмица, Радовиш, Штип, Свети Николе, Тетово и Пелагонија. Со изградбата на двата дрвени моста во с. Порој, Тетово припадниците на 1.мпбр ја покажаа својата хуманост на дело. 1.мпбр зеде учество и во санирањето на последиците од поплавите во Р. Србија во 2015 година.