
Мисија на ЛПБн:
Лесниот пешадиски баталјон претставува единица способна за употреба на сопствени лесни пешадиски единици за изведување на копнени тактички операции најчесто пешки или со лесно оклопни патролни возила кои би овозможиле основна заштита, тактичка и оперативна мобилност.
Листа на суштински задачи на мисијата на 2.пб:
- Унапредување и развој на персоналниот менаџмент, разузнавањето, контразузнавањето, безбедноста и заштитата на сили, организацијата, подготовката и спроведувањето на оперативните способности и борбената готовност, логистичката поддршка, обуката, финансиската поддршка и цивилно воената соработка;
- Планирање и изработка на документи за употреба на единицата или нејзини делови;
- Подигнување и одржување на нивото на борбена готовност;
- Поддрка на силите на МВР во справување со асиметрични закани;
- Поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
- Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
- Подготовка и обука на персоналот од декларираната единица.
Листа на суштински задачи на мисијата на ЛПБн:
- Изведување на широк спектар на тактички задачи со мобилност, без возила на терен и со ограничена моќ и заштита.
- Заштита на персоналот во возила од кинетички закани од орудија со мал калибар до 30 мм и шрапнели од артилериски гранати со калибар од 155 мм до 100 м.
- Брзо распоредување со сопствени сили и средства за транспорт.
- Административно тактичко распоредување со неоргански хеликоптери на сите терени со искористување на тактичката подвижност и брзината на реакција.
- Способност за извршување на задачи за обезбедување и заштита, како што е заштита на крилата при соочување со закана од слични и лесни сили.
- Дејство во улога на резерва, посебно ако се оперира на близок терен или се работи за лесни противнички сили.
- Делување како последователни сили за поддршка на тешки (механизирани) или средни (моторизирани) сили во текот на расчистување на теренот.
- Изведување на тактички задачи својствени на активностите за стабилност, особено оние кои се на терен како што се густи урбани и пошумени односно планински области.
- Употреба на органски сопствени огнени сили за уништување на лесни оклопни возила со ниво на заштита К-3 и пешадија на далечина до 800 м.
Потполковник Ристо Стоев
Потполковник Ристо Стоев е роден на 26.06.1979 година во Струмица каде завршува основно и средно образование. Својата воена кариера ја започнува во август 1999 година, како дел од деветата класа македонски офицери и по четири годишното школување на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е произведен во чин потпоручник од родот артилерија.
Воената кариера ја започнува како командир на 2.огнен вод од 3.батерија на повеќецевни фрлачи на ракети во артилериски баталјон во Струмица.
По завршениот курс за командири на водови, во периодот од ноември 2003 година до јуни 2004 година е поставен за командир на граничен вод – Гевгелија, во 2. гранична чета, од граничен баталјон, чија команда се наоѓа во Битола, а во периодот од јуни 2004 година до март 2006 година поставен е на местото командир на 1. огнен вод во 2. хаубичка батерија од артилериски баталјон во Струмица. Во периодот од март 2006 година до декември 2015 година е поставен на должност командир на минофрлачки вод во минофрлачка батерија од 2.пешадиски механизиран баталјон.
Во период од октомври 2006 година до јуни 2007 година завршува напреден курс по англиски јазик во „Џозеф Крузел“ – Скопје. Во периодот од јануари до јули 2012 година учествува во мировната мисија ISAF – OMLT- 3.ротација, како ментор на офицерот за артилерија во 3. бригада од 209. Корпус на Авганистанската армија во ИР. Авганистан, како дел од петчлениот македонски тим, под водство на германски контингент
Во октомври 2012 година го завршува курсот за командири на чети на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.
Во декември 2015 година, е поставен за командир на минофрлачка батерија во состав на 1. пешадиски баталјон во Куманово. Во период од декември 2016 година до јуни 2017 година учествува во мировна мисија „Одлучна поддршка“, како дежурен офицер во тактичкиот оперативен центар на TACC – C во Кабул, под водство на турската армија. Во април 2022 година, успешно го завршува курсот за оперативно планирање во Охрид, организиран од страна на мобилен тренинг тим од Обединето Кралство. Во мај 2022 година го продолжува своето воено образование на Одбранбената академија во Шривенхам, Обединето Кралство, каде во 2023 година завршува специјализација за напредни командно штабни должности.
Има завршено курс за планирање вежби, при тоа, во улога на ко-директор ја водеше вежбата „Immediate Response 25“ со околу 2000 припадници од 7 НАТО земји и 2 партнерски земји.
Учествува во реализација на вежбите од серијалот „Македонски блескок“.
Досега има добиено повеќе награди и пофалници од МО и НГШ за остварените резултати во процесот на борбената обука и воспитување и придонесот во изградбата и развојот на Армијата.
Поседува НАТО медали „Non Article 5“ од мировните мисии во ИР. Авганистан од 2012 и 2017 година, како и златна значка на Армијата за учество на вежбата „Maple Arch 24“.
Во досегашната кариера ги извршувал следните должности:
– командир на огнен вод од батерија на повеќецевни фрлачи на ракети во артилериски баталјон 2003 година,
– командир на граничен вод во гранична чета во периодот од ноември 2003 година до јуни 2004 година,
– командир на огнен вод во хаубичка батерија од артилериски баталјон во периодот од јуни 2004 година до март 2006 година,
– командир на минофрлачки вод во минофрлачка батерија од пешадиски механизиран баталјон во периодот од март 2006 година до декември 2015 година,
– командир на минофрлачка батерија во состав на 1. пешадиски баталјон во Куманово декември 2015 година,
– офицер за персонал во секцијата Ј-1 во Здружената оперативна команда во периодот од ноември 2018 до март 2020 година,
-офицер за воено планирање и анализа во секција Ј-5 во Команда за операции, од март 2020 до мај 2022 година,
– началник, воедно, офицер за воено планирање и анализа на 1.одделение, во секцијата Ј-5 во Команда за операции од август 2023 година,
– командант на втор пешадиски баталјон од 16.06.2026 година.
Внимание му привлекуваат напредните технологии и нивната примена во развојот на општествата.
Професионално говори англиски јазик.
Оженет е и татко на две деца.

Единицата постои од самото формирање на АРМ.
Од 15.04.1992 година до 01.09.2000 година единицата беше 1.пешадиски баталјон како единица од 11.пбр., се до 1996 година кога го добива името „Скорпии“.
2008, Интензивен период на обука и самооценување за СЕЛ-1 и НЕЛ-1.
2009, Самооценување за СЕЛ-2.
Единицата е обучена на НИВО-2 според НАТО оперативниот концепт на способности.
Активностите за обука се реализираат според Годишниот План, календар на активности за тековната година.
На вежбата „Македонски Блесок 05“ баталјонот изврши самооценување НИВО-2 на декларираниот Среден пешадиски баталјон.
Од 01.09.2000 година 1 пешадиски баталјон е трансформиран во 2.пешадиски баталјон од 1 пешадиска бригада.
Од 02.04.2012 година е трансформиран според последната формациска структура.
Во периодот од формирањето до денес баталјонот има учествувано на 24 меѓународни вежби организирани за НАТО и членките на ПзМ со персонал и борбена техника на кои достојно ја репрезентираше АРМ и Република Македонија.
На 15-ти август 2011 година 2.механизиран пешадиски баталјон е одликуван со „Орден за воени заслуги“, доделена од страна на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Со зачленувањето на Република Северна Македонија како рамноправна членка на НАТО се изврши и трансформацијата на единицата во 2020 година. Се започна со процесот и подготовка за оценување на единицата и нејзино декларирање како Лесен Пешадиски Баталјон во базенот на сили на НАТО. Имплементирањето и одржувањето на стандардите на НАТО како рамноправна членка на НАТО со декларирањето како капацитет со државно значење.
Во текот на месец јануари 2021 година од страна на ГШ на Армијата беше добиен и Планот за развој и одржување на Лесниот пешадиски баталјон, како унифициран, единствен и сеопфатен документ во кој беа дефинирани следните цели:
- Да дефинира организациско-формациска структура на лесен пешадиски баталјон – единица која е Цел на способност (Capability Target) прифатена од страна на Република Северна Македонија како способност на Армијата на Република Северна Македонија – дел од силите од ниска готовност (Forces of Low Readiness) за распоредување во НАТО – предводени операции.
Oценувањето на единицата како „Mission capable“ и декларирањето на единицата, како капацитет од државно значење, имплементирањето и одржувањето на стандардите на НАТО во обуката и борбената готовност беше приоритет во 2022 година. Оценувањето се одвиваше во сите сфери на борбената готовност согласно критериумите за CREVAL и истата беше оценета како способна (Mission capable) – единица од ниска готовност (Forces of Low Readiness) за распоредување во НАТО – предводени операции.
Со зачленувањето во НАТО и трансформацијата на единицата во 2020 година, единицата има учествувано на повеќе меѓународни вежби:
- „Golden Fleece – 20“, 2020 година;
- „KFOR-27“ во СР Германија, 2020 година;
- „KFOR-29“, 2021 година;
- „ЕFES-22“, во Измир – Република Турција, 2022 година;
- „Saber Junction“ во СР Германија, 2022 година;
- „KFOR-31“, 2022 година;
- „Joint Cooperation“ во СР Германија, 2023 година;
- „Saber Strike“ во СР Германија и Полска, 2024 година;
- „Saber Junction 24“, 2024 година.
Учество во мисии
„КФОР“
- февруари 2024 – август 2024;
- август 2023 – февруари 2024;
- ноември 2022 – мај 2023;
„eVA“
- декември 2023 – јуни 2024;
- јуни 2023 – декември 2023;
- декември 2022 – јуни 2023;
„eFP“
- декември 2022 – јуни 2023;
„Одлучна поддршка“
- јули 2018 – јануари 2019;
„COSSA GG“
- декември 2014 – јули 2015: 2.мпб;
- јануари 2013 – јули 2013: 2.мпч.
„OMLT“
- јануари 2012 – јули 2012;
- јули 2011 – јануари 2012: 1.мпч;
- јули 2009 – јануари 2010.
„ALTEA“
- мај 2024 – декември 2024;
- ноември 2022 – мај 2023;
- јануари 2010 – јули 2010;
- јануари 2009 – јули 2009;
- јануари 2009 – јули 2009: 3. мпч;
- јануари 2008 – јули 2008: 2. мпч;
- јуни 2006 – јануари 2007: 1. мпч.







