Мисија на Армијата
Како вооружена сила на Републиката, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Републиката, заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвена за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонес во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси.
Мисија на Генералштабот
Генералштабот ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на Армијата.
Задачи на Генералштабот
- Планирање и организација на Армијата:
- Подготовка на предлог на организација и формација на Армијата;
- Определување на воените потреби и приоритети за планирање на силите, анализа на врските меѓу воените потреби и достапните ресурси како и прашања во врска со НАТО стандардизацијата;
- Унапредување и развој на персоналниот менаџмент, разузнавањето, контраразузнавањето, безбедноста и заштитата на сили;
организацијата, подготовката и спроведувањето на оперативните способности и борбената готовност, логистичката поддршка, обуката, финансиската поддршка и цивилно воената соработка;
- Подготовка и донесување на стручни правила и упатства што се однесуваат на употребата на единиците на Армијата, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во Армијата и други стручни правила и упатства од значење за работа во Армијата;
- Подготовка на предлог планови за опремување и модернизација на Армијата.
- Планирање и употреба на Армијата:
- Анализа и предлог документи за употреба на Армијата;
- Координација и контрола на плановите на потчинетите команди;
- Планирање на мерки, активности и постапки за подигнување и контрола на нивото на борбена готовност согласно проценетата безбедносна состојба;
- Планирање на мерки, активности и постапки за поддршка на силите на МВР во справување со асиметричните закани;
- Организација на активности и постапки за поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
- Оперативна употреба на Армијата односно нејзини делови, а по одобрување од Врховниот командант односно по одлука на Собранието;
- Организација и спроведување на набљудување, контрола и обезбедување на суверенитетот на воздушниот простор на Републиката;
- Подготовки и извршување на мобилизацијата на Армијата:
- Мобилизациска проценка;
- Подготовка на предлог за мобилизациски развој на Армијата;
- Подготовка на план за мобилизација на Армијата;
- Извршување на мобилизација на Армијата или нејзини делови;
- Постигнување и одржување на борбената готовност на Армијата;
- Организација и следење на спроведувањето на мерките за готовност на Армијата и мерки за нивно извршување;
- Контрола на борбената готовност на командите и единиците на Армијата и мерки за нејзино подобрување.
- Планирање и спроведување на обуката и вежбите на Армијата:
- Планирање, организирање и контрола на обука за достигнување и одржување на потребното ниво на борбена готовност на командите и единиците на Армијата и вооружените сили во целина;
- Координација на обука за учество на Армијата во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
- Координација на проекти за обука и вежби со НАТО и коалиционите партнери;
- Планирање на вежбовните активности на Армијата.
- Планирање и спроведување персонален менаџмент во Армијата:
- Планирање, организирање и спроведување на обука и индивидуална професионална изградба на припадниците на Армијата;
- Планирање на поставување и преместување на клучниот персонал во Армијата;
- Организација на административна поддршка за менаџирање со персоналот во Армијата.
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите во Армијата:
- Организација на системот за разузнавање и контраразузнавање во Армијата и координација со организациони единици на надлежните институции во системот во Републиката;
- Планирање и учество во организирањето и подготовката за спречување на асиметрични закани насочени кон одбраната на Републиката;
- Координација и учество во работи за обезбедување на лица, команди и објекти од значење за одбраната, како и планирање и организација на регулирање и контрола на воениот сообраќај;
- Планирање на мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци во Армијата;
- Планирање и координација на активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во Армијата.
- Логистичка поддршка во Армијата:
- Планирање и контрола на спроведувањето на логистичката поддршка на Армијата;
- Планирање на снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка, инфраструктура и услуги;
- Анализа на состојбите во снабдувањето со сите класи на материјали и мерки за одржување на нивото на залихи на Армијата;
- Организација на систем за одржување на материјалните средства;
- Организација на систем на здравствено згрижување на припадниците на Армијата;
- Планирање и организација на системот за транспорт за потребите на Армијата;
- Планирање на капацитетите на Армијата за сместување, одржување, обезбедување на услуги, објекти за складирање и друга инфраструктура.
- Организира и подготовка на КИС:
- Планирање и развој на систем за поддршка и управување со информации;
- Менаџмент со фреквенции за потребите на Армијата;
- Изработка на планови за врски за поддршка на командувањето и контролата на вооружените сили;
- Планирање, координација и контрола на процедурите и средствата за криптозаштита во Армијата.
- Планирање на финансиски средства за потребите на Армијата:
- Подготовка и учество во изработката на финансиски планови за потребите на Армијата;
- Спроведување на одобрените финансиски планови за потребите на Армијата.
- Цивилно воена соработка:
- Планирање, организација и подготовка на соработката со цивилните власти и организации во земјата и странство.