Собирање, анализирање и произведување на разузнавачки производи, за заштита на територијалниот интегритет, независноста и пошироките интереси на Републиката, согласно Уставот, Законот за одбрана и националната концепција за безбедност и одбрана;
Собирање, анализирање и произведување на разузнавачки производи, потребни за учество со декларирани сили во операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти предводени од НАТО;
Разузнавачка поддршка на хуманитарни операции и операции за поддршка на мирот при справување со природни катастрофи и хуманитарни кризи.
Задачи:
Воено разузнавање:
Планира, организира и спроведува разузнавачка поддршка за потребите на Генералштабот, потребни за донесување одлуки при употреба на Армијата во различни видови операции во Републиката и странство;
Менаџмент со разузнавачки информации за потребите на Генералштабот во подготовка, планирање и изведување на различни видови операции;
Планирање, координација и синхронизација на разузнавачки операции во потчинетите команди и единици;
Планира, организира и спроведува РПБП за воени и операции различни од воените во Републиката и во странство.
Контраразузнавање:
Планира, организира и спроведува мерки за КРз во Армијата;
Детектира непријателско разузнавачки капацитети за собирање податоци;
Увид во можностите на непријателското разузнавање за попречување на непријателското влијание;
Обезбедува КРз операции заради заштита на силите.
Безбедност:
Увид во критичните точки на физичка безбедност;
Координација и извршување на безбедносна проверка и контрола.
Штабно планирање:
Поддршка на процесот на планирање и донесување на одлуки;
Поддршка на процесот на планирање и одржување на функционални врски со ВСБиР со цел обезбедување на квалитетни разузнавачки податоци и анализи;
Поддршка на задачите и обврските од доменот на работата на Генералштабот со кои се подржува мисијата;
Одговара за планирање и извршување на заштита на разузнавачки вежби;
Планови за обука;
Тренинг и обука на потчинетите.
Началник на Ј-2/ГШ
полковник Слободанчо Пецуровски
Полковник Слободанчо Пецуровски
Полковник Слободанчо Пецуровски е роден 1966 година, во Русиново, Берово. По завршување на средно образование гимназија во 1985 година, во Берово, продолжува со образование на Факултетот за одбрана во Скопје.
Воената кариера ја започнува во 1993 година, како командир на вод во „8 Гранична бригада“, во Велес. Во досегашната кариера извршувал повеќе должности во баталјон на Воена Полиција и должности во Ј-2 ЗОК и во ГШ на Армијата, а од февруари 2019 година е поставен за началник на секцијата Ј-2 во ГШ на Армијата.
Има завршено повеќе курсеви од областа на борбата против тероризмот, безбедноста и контраразузнавањето меѓу кои: Преговарање во заложничка криза, САД, 1997 година; Борба против трговија со луѓе, Турција, 2007 година; Правни аспекти на военото разузнавање и борба против тероризам, 2008 година; Анализа и стратегии за спречување на терористичката закана, 2009 година; Борба против бунтовништво, Романија, 2011 година.
Учествувал на повеќе воени вежби во републиката и странство досега нема учествување во мировна мисија.
Во надградување на военото образование има завршено Постдипломски студии-специјализација за командно штабни должности (ПДС-СКШД) на Воената Академија Генерал Михајло Апостолски во 2006 година во Скопје и Ратна школа во 2016 година, во Загреб, Р. Хрватска. Повеќепати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се златна, сребрена и бронзена значка на Армијата. Активно ги користи англискиот, српскиот, хрватскиот и бугарскиот јазик. Полковник Пецуровски е оженет и е татко на едно дете.
Претходни должности:
Командир на вод во 8 Гранична бригада од 1993-1994;
Командир на вод во баталјон Воена Полиција од 1994-1995;
Командир на противтерористички вод во баталјон Воена Полиција од 1995-1999;
Заменик Командант на баталјон на Воена Полиција од 1999-2001;
Командант на баталјон Воена Полиција 2001-2005;
Началник на одделение за КРз и Безбедност во Г-2/ЗОК 2006-2008;
Офицер за безбедност во Г-2/ГШ на Армијата 2008-2009;
Началник на одделение за КРз и Б во Г-2/ГШ на Армијата 2009-2013;