Мисијата на Ј-7 управата на ГШ на Армијата е да го планира, координира и контролира спроведувањето на обуката и вежбовните активности на Армијата.
Задачи:
Изработка на годишни насоки за обука и вежби во Армијата;
Изработка и координација на годишниот календар за обука во Армијата;
Изработка на годишен план за вежби на Армијата во земјата;
Изработка на предлог годишен план за вежби на Армијата во странство;
Изработка на предлог финансиски план за финансирање на обуката и вежбите на Армијата;
Изработка на предлог Програмата 4 „Обука во АРМ“;
Координација за изработка на планови и програми за обука во Армијата;
Изработка на планови за работа;
Изработка на планови за контрола на обуката и вежбите во Армијата;
Планира оценувања според Концептот на оперативни способности;
Предлага и планира обука од доменот на меѓуармиската соработка во првопотчинетите команди и единици;
Предлага изработка на упатства, правила, прирачници, норми и процедури од своја надлежност;
Подготвува шестмесечна и годишна анализа на обуката и вежбите во Армијата;
Планира и реализира проверка на физичката подготвеност на персоналот на ГШ на Армијата и првопотчинетите команди и единици;
Координација на останати активности за обука и вежби со ОЕ во рамките на МО, Генералштабот како и останати структури надвор од МО.
Началник
полковник Владимир Стојановски
Полковник ВладимирСтојановски
Полковник Стојановски Владимир, е роден 1970 година во Куманово. По завршување на основното образование во родниот град, продолжува со воено образование во средно воено училиште во Белград и Воена Академија-интендантска насока во Белград. По завршување на военото образование ја започнува својата воена кариера од самиот почеток на формирањето на Армијата, како командир на вод во логистички наставен центар. Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности, меѓу кои началник на секција во логистички наставен центар и во Здружената оперативна команда и командант на логистичката бригада, а последната негова должност беше во бригадата на југоисточна Европа (SEEBRIG) како помошник на Началникот на Штаб во бригадата.
Во досегашната воена кариера го надградува своето воено образование преку специјализација за командно-штабни должности на Воената Академија во Скопје 1998-1999 година и Високи одбранбени студии при Кралски колеџ за одбранбени студии во Лондон, Обединетото Кралство, 2013-2014. Има завршено повеќе курсеви од областа на логистиката во земјата и странство како: Курсеви за логистички офицери, Оперативно логистичко планирање, Курс за НАТО Здружени наменски сили и други. Учествува на повеќе воени вежби од доменот на логистиката а бил директор на меѓународната вежба „Логекс“. Во периодот 2009-2010 година е претседател на постојаната група на логистички експерти на НАТО/ПзМ. Беше дел од тимот кој учествуваше во подготовката на Стратегискиот одбранбен преглед 2018 на Република Северна Македонија. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно ги користи англискиот јазик- ниво 3.3.3.3 според СТАНАГ 6001. Оженет и татко на три деца.
Претходни должности:
Командир на наставен вод за обука на готвачи, 1992-1997 година во ЛНЦ,
Командир на наставна чета за обука на готвачи и пекари, 1997-1998 година во ЛНЦ,
Началник на С-3, 1999-2003 година во Командата на Логистички наставен центар,
Офицер за ЛП и обука 2003-2008 година во Г-4 на ГШ на АРМ,
Началник на Г-4/ЗОК 2008-2010 година,
Заменик командант на КЛП 2010 – 2012 година,
Претседавач на НАТО Постојана група на партнерски логистички експерти (SGPLE – Standing Group Partner Logistics Experts), 2009-2010 година,
Командант на бригада за логистичка поддршка/ЗОК 2012-2015 година,
Началник на одделение за логистичко планирање, операции и готовност, воедно заменик во секција Ј-4 на ГШ на АРМ,
Помошник на НШ за поддршка во бригадата на југоисточна Европа (СЕЕБРИГ).