Главниот подофицер на Армијата е одговорен за изградбата и работењето на подофицерскиот кор на Армијата како и за советување и асистирање на НГШ на Армијата за прашања од доменот на подофицерскиот кор.
Задачи:
Обезбедува совети и предлози до НГШ за работи кои се од доменот на работа на подофицерскиот кор;
Ги спроведува воспоставените политики и стандарди во обуката, изгледот, спроведувањето и изведбата на активностите на војниците;
Преку каналот за поддршка на подофицерите во Армијата го насочува професионалниот развој на војниците и подофицерите во Армијата;
Ја следи, усогласува и насочува индивидуалната обука и едукација на подофицерите и војниците;
Го имплементира Концептот за развој на подофицерите во Армијата и го следи неговото спроведување;
Учествува во имплементација на Концептот за команден тим во Армијата;
Учествува во персонален менаџмент на подофицерите и на професионалните војници;
Одговорен е за разговор и советување на подофицерите и на професионалните војници.