Планира, организира и координира мерки и активности за цивилно воена соработка со владини и невладини организации и други цивилни субјекти во мирно времени и воени услови и дава насоки за реализација на ЦВС при упатување на контингенти на Армијата во мировни и хуманитарни мисии.
Задачи:
Утврдува потреби и планира цивилно-воена соработка во Армијата;
Обезбедува сите аспекти на цивилно-воената соработка да бидат вклучени и имплементирани во планирачките документи на стратегиско рамниште;
Обезбедува насоки за спроведување на цивилно-воената соработка при планирање и реализација на воени операции, вежби и обука;
Соработува, координира и дава насоки за цивилно-воена соработка при упатување на контингенти на Републиката во мировни и хуманитарни мисии;
Планира и имплементира обука на персоналот за ЦВС;
Воспоставува контролни механизми за евалуација на функционирањето на воспоставениот систем за ЦВС;
Соработува со другите управи во ГШ и со одговорната организациона единица за ЦВС во МО;
Доставува редовни и периодични извештаи и води евиденција за научените лекции од доменот на ЦВС;
Изработува предлог-финансиски план за ЦВС;
Планира и координира активности за заштита и унапредување на животната средина и културно историските споменици во рамките на цивилно воената соработка;
Изработува документација за регулирање на работата од својата надлежност.
Началник
полковник Тони Стојановски
Полковник Тони Стојановски
Полковник Тони Стојановски, е роден 1968 година во Кратовско. По дипломирањето на факултетот за одбрана при филозофскиот факултет во Скопје по осамостојувањето на Републиката и завршување на курс за офицери ја започнува воената кариера во Армијата во тогашната гардиска бригада како командир на гардиски вод. Во понатамошниот тек на воената кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво на баталјон, бригада,оперативна команда и генералштаб меѓу кои: началник за обука во питомечки баталјон, командант на баталјон, началник на секција Г-5/9, шеф на кабинет на Заменик на началникот на ГШ и други.
Од април 2022 година е поставен за началник на секцијата Ј-9/ Цивилно воена соработка во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви од повеќе области како: за контрола на вооружувањето, за менаџмент со бегалци, цивилно воена соработка и многу други. Учествувал и на повеќе воени вежби во Републиката и „Steadfast joist“, „Seven stars“ во странство, во текот на 2011 година учествува во една ротација во мисијата „ИСАФ“ во Авганистан како најстар национален претставник. Во надградување на военото образование во2003/2004 година завршува Командно Штабна академија, додека во 2018 година има завршено Национален одбранбен колеџ во Пекинг, НР Кина. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван, на сите нивоа. Активно ги користи англискиот јазик (СТАНАГ 6001). 2+, 2+, 3, 2+ .
Претходни должности:
1993-1997 – Командир на гардиски вод;
1997-2000 – Командир на вод – ШРО;
2000-2002 – Командир на чета – ШРО;
2002-2004 – Началник за обука во питомечки баталјон – Воена Академија;
2004-2005 – Командант на баталјон во Зрбр;
2006-2007 – Заменик на командантот на 1.пешадиски баталјон, 1.пбр;
2007-2008 – Командант на 1.пешадиски баталјон, 1.пбр;
2008-2012 – Началник на секција Г-5/9 ЗОК;
2012-2015 – Шеф на кабинет/Извршен офицер на Заменик Началник на Генералштаб на Армијата, во Кабинетот на НГШ на Армијата, во Генералштабот на Армијата;
2015-2017 – Офицер за операции во Ј-3/ГШ на Армијата;
2017-2022 – Раководител на одделение за политика, планирање и евалуација на обуката во Сектор за човечки ресурси во Министерството за одбрана.
Унапредувања:
Потпоручник (1993);
Поручник (1994);
Капетан (1998);
капетан 1 класа ( 2001);
Мајор (2003);
Потполковник (2008);
Полковник (2017).
Организациска структура
Офицер за планирање и
Координатор за екологија, заштита на животната околина и културно историски објекти.