Прием, обработка, заведување, умножување, дистрибуција, архивирање, уништување, заштита, координација и менаџирање на пишани и електронски информации и документи од доменот на работата на Генералштабот и коресподенција со структурите на НАТО и ЕУ.
Началник
Полковник Драган Марковски
Полковник Драган Марковски е роден на ден 10.02.1978 година во Кратово. По завршување на основното и средно образование во Скопје продолжува со воено образование на Воената Академија генерал Михаило Апостолски во Скопје при што во август 2001 година се промовира како потпоручник на родот пешадија.
Воената кариера ја започнува како командир на вод во воздухопловната база во Петровец. Во досегашната кариера извршува повеќе командни и штабни должности како: командир на вод, чета, началник на С-3 во баталјон, началник на одделение за протокол во Кабинет на началник на Генералштаб и ВД заменик шеф на Кабинет на началник на Генералштаб, а од 18.08.2024 година е поставен за началник на одделение за меѓународна воена соработка во Генералштабот на Армијата.
Има завршено повеќе курсеви од областа на обуката, операциите, протоколот и дипломатијата. Учествувал на повеќе воени вежби и конференции во Републиката и во странство.
Во 2015 година завршува последипломски студии на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје при што се стекнува со титулата магистер од областа на безбедноста и одбраната.
Во досегашното работење во повеќе наврати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се признанијата добиени од министер за одбрана и началник на Генералштабот на Армијата како: значки, парична награда , наградно отсуство, пофалници, благодарници. Активно го користи англискиот јазик. Оженет е и татко на две деца. Слободното време го посветува на спортот, посебно атлетиката и тенисот.
Претходни должности:
командир на вод, 2001-2008;
началник на С-3 во баталјон, 2008-2012;
командир на чета за поддршка на Генералштабот на Армијата, 2012-2015;
офицер за протокол во Кабинетот на НГШ, 2015-2016;
началник на одделение за протокол во Кабинетот на НГШ, 2016-2024;
ВД заменик шеф на Кабинет на НГШ, април – август 2024;
началник на одделение за меѓународна воена соработка, август – декември 2024.