Во периодот од 16 до 20 ноември 2026 година, во Анкара, во Република Турција, во рамките на Планот за билатерална соработка за 2026 година со Република Турција, беше реализирана активноста „Штабни разговори во полето на военото воздухопловство и посета на копнената авијација“, на која учествуваше делегација на воздухопловниот ВИНГ (вВИНГ), предводена од командантот на вВИНГ, полковник Драган Павловски.
Во текот на посетата беа реализирани штабни разговори на кои беа разменети искуства и информации од областа на военото воздухопловство, со посебен акцент на можностите за унапредување на билатералната воена соработка.
За време на престојот, делегацијата беше запознаена со организациската поставеност, структурата, задачите и оперативните способности на копнената авијација на Република Турција, како и со нејзините капацитети и практики во извршувањето на задачите.
Реализацијата на оваа активност претставува придонес во спроведувањето на Плановите за билатерална соработка со земјите сојузнички во НАТО, насочен кон продлабочување на партнерските односи, унапредување на интероперабилноста, размена на професионални искуства и зајакнување на соработката во областа на военото воздухопловство.








