ПОРАНЕШНИ НАЧАЛНИЦИ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМИЈАТА
Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
(18.08.2018 - 18.08.2024)
генерал-потполковник Методија Величковски
(18.08.2015 - 18.08.2018)
генерал-потполковник Горанчо Котески
(18.08.2011 - 18.08.2015)
генерал-потполковник Мирослав Стојановски
(06.07.2005 - 18.08.2011)
генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев
(12.03.2004 - 06.07.2005)
генерал Методи Стамболиски
(19.09.2001 - 12.03.2004)
генерал Панде Петровски
(12.06.2001 - 19.09.2001)
генерал-потполковник Јован Андревски
(11.02.2000 - 12.06.2001)
генерал Трајче Крстевски
(22.01.1996 - 11.02.2000)
генерал-полковник Драгољуб Боцинов
(03.03.1993 - 22.01.1996)
генерал-мајор Митре Арсовски
(16.03.1992 - 03.03.1993)
МОНОГРАФИЈА: ВОЕНИ ГЕНЕРАЛИ ОД МАКЕДОНИЈА 1943-2017
ИСТОРИЈА НА АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Во текот на 2023 година со цел исполнување на целите на способности и интероперабилност со НАТО и во согласност со Стратегискиот Одбранбен Преглед и Долгорочниот План за Развој на Одбраната, Армијата на Република Северна Македонија на почеток на годината отпочна трансформација согласно новата организациско формациска структура.
Според новата организациско формациска структура на Армијата, согласно законските одредби за поставувања на 08.03.2023 година во Генералштабот се изврши примопредавање на должноста „Директор на ГШ на Армијата“ . На оваа должност со Указ на Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили е поставен бригаден генерал Симеон Трајковски кој ја превзеде должноста од од досегашниот директор, генерал мајор Зоран Милески кој ги исполни законските услови за пензионирање.
Армијата со делови од своите состави со вкупно 700 свои припадници учествуваше на 13 меѓународни вежби во земјата и во странство меѓу кои поистакнати се вежбата „Immediate Response 23“ на која во период од 22.05 до 02.06.2023 година на АП Криволак. учествуваа околу 1850 припадници на армиите на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово.
Покрај оваа вежба, наши припадници учествуваа на вежбите во странство „Anatolian Eagle 23“, „Combined Resolve 18“, „Anadolian Eagle 23“, „Warior 22“, „Efes 22“, „Kfor 32“, „Orion 22“, „Orion 23“, „Beyon horizon 23“ и други.
Армијата на Република Северна Македонија оваа година учествуваше во мисиите „Алтеа“ во Босна и Херцеговина со штабни старешини и еден пешадиски вод, „Унифил“ во Либан со учество на штабни офицери, „Кфор“ во Косово каде учеството го зголемивме на два пешадиски водови и штабни старешини.Во НАТО мисијата „НМИ” во Ирак учествувавме со армиски претставници како штабен елемент. Продолживме да учествуваме и даваме придонес во рамките на НАТО активностите Efp „Зајакнато истурено присуство“, односно Enhanced Forward Presence (eFP) во Летонија со едно одделение и тнр „Активности на зголемена будност“ односно enhanced Vigilance Activities (eVA) во Бугарија и Романија со јачина од по еден вод. Вкупното наше учество со персонал во текот на годината се движеше околу 170 наши припадници кои ротираат на шест месеци.
Согласно Планот на модернизација и опремување на Армијата со различни високософистицирани возила и опрема, според проектот за набавка на лесни оклопни возила на тркала во текот на месец јуни во состав на Армијата пристигнаа вкупно 32 лесни оклопни возила JLTV. Според НАТО Пакетот на цели на способности 2021 година (квантитативни и квалитативни), прв приоритет е опремувањето и модернизацијата на единиците што влегуваат во состав на ЛПБГ.
Во текот на годината интензивно се работеше на стандардизацијата со НАТО (Standard agreements between nations) (стандарди поврзани со интероперабилноста со останатите членки партнери), според среднорочниот план за стандардизација на Армијата, при што е планирано сите неопходни стандарди поврзани со планираните способности да бидат верификувани до крајот на 2025 година.
Армијата на Република Северна Македонија двапати во текот на годината ја покажа својата солидарност со НАТО сојузниците со ангажирање на свои припадници во справување со последиците од природни катастрофи. Најпрвин по катастрофалниот земјотрес во Република Туркије кој се случи на 08.02.2023 година, беа упатени 60 припадници на Армијата и две службени кучиња за претрага во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните. Во месец Август 100 припадници на Армијата преку механизамот за помош и подршка при кризни ситуации на НАТО беше спроведен ангажман на нашите припадници во справувањето со последиците од поплавите во Словенија во Межица, Чрна на Корошкем, Жерјав и Превалје, при што извршуваа повеќе задачи во расчистување на наноси од поплавите во витални објекти, приватни сместувачки капацитети, но и при поставувањето на мостови.
Согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, на билатерална основа со Република Украина, во неколку наврати се договорени и донирани ( согласно декласифицираните податоци) материјални средства и воена опрема кои што вклучуваат пешадиско вооружување и муниција, артилериска опрема, тенкови, воздухоплови, средства и опрема за водење на противоклопна борба, опрема за против воздушна одбрана, опрема и муниција за воено воздухопловство и интендантски материјални средства. Се работи за неперспективно вооружување и опрема, која не е интероперабилна со опремата која се користи од страна на сојузниците и која за евентуално нејзино одржување би биле потребни значителни финансиски средства.
Како позначителни активности во текот на годината беше и континуираното продолжување на пополнување со персонал на Армијата согласно потребите и утврдена динамика. Во тој контекст се продолжи со изведувањето на курс за произведување во подофицерски чин, реализација на прием на професионални војници, како и произведување на офицери кои го завршија своето школување во Воената Академија со што покрај одржување на редовната пополнетост со персонал се изврши и подмладување на воените состави.
Армијата на Република Северна Македонија во текот на 2023 година согласно планот во однос на меѓународната воена соработка како позначителни настани и активности каде бевме земја домаќин може да ги издвоиме, организацијата на 26тата конференција на началниците на генералштабови на земјите членки на иницијативата А5 и приклучувањето во регионалната безбедносната иницијатива „DECI“ на конференцијата која се одржа во октомври во Загреб.
Како и посетата на Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, Адмирал Роб Бауер, Командантот на силите на САД за Европа, генерал Кристофер Каволи, командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Италија
Во текот на месец јуни во Берлингтон, САД каде присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод 30-годишнината од воспоставувањето на партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт се одбележа тридецениската соработка при што се потпиша документ со кој се продолжува и продлабочува соработката, додека во текот на месец август овој јубилеј се одбележа и во Република Северна Македонија.
Во текот на годината началникот на генералштабот на Армијата крај редовното учество на сесиите на Воениот комитет на НАТО, во републиката оствари средби со началници на генералштабовите на Вооружените сили на Италија, Албанија, Хрватска, како и во странство со НГШ на ВС на Обединетото Кралство, Словенија, Србија, Романија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и во САД со комадантот на НГ на Вермонт.
Како позначајни настани би ги издвоиле:
- На 13.01 Свечена заклетва на новопримени професионални војници од втората група кои беа примени во текот на претходната година.
- На 20.02 беше реализиран пречек на армиските тимови кои учествуваа во хуманитарната спасувачка операција во Република Турција при што благодарност до припадниците на Армијата за залагањето професионалност и доследно извршување на задачите во пребарување, пронаоѓање и спасување на настраданите.
- На 05.04 Посета на Генералштабот на Армијата од страна на командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Италија, генерал-потполковник Лоренцо Ди Адарио во врска со нашето вклучување кон Меморандумот за разбирање со земјите-контрибутори во Силите за брзо распоредување на НАТО.
- На 30.05 На Армискиот Полигон „Криволак“ пред, државното и воено раководство и големиот број високи гости, припадниците на армиите кои учествуваат во мултинационалната вежба „Брз одговор 23„ ( Immediate response 23), презентираа комбинирани копнени активности: „Мултинационална чета во напад, подржана со воздушна и противоклопна подршка“.Вежбата „Immediate Response 23“ е најголема мултинационална вежба оваа година во Република Северна Македонија која отпочна на 22 мај и на неа учествуваат околу 1850 припадници на армиите на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово.
- 05 Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, престојуваше во официјална посета на Армијата.
- На 23.06 за прв пат со пропишана процедура на припадниците на Армијата По повод завршување на воената служба и заминување во пензија во воениот камп „Васко Карангелевски“ во Охрид се реализира соодветна церемонија.
- 09-10.06 Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со гувернерот на сојузната држава Вермонт, Фил Скот и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, учествуваа на свеченото одбележување на 30-годишнината од воспоставувањето на партнерството помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт кое се одржа во Берлингтон. Како дел од активностите во Вермонт со кои се одбележа 30 годишното партнерство со Националната Гарда на оваа сојузна држава на САД, во организација на гувернерот на Вермонт, Фил Скот, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски учествуваше во потпишување на документот со кој се продолжува и продлабочува тридецениската соработка.
- 08 Во командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денес се одржа свечена церемонија за промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници.
- 08 Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во придружба на Амбасадорот на Република Северна Македонија во Словенија, Горан Милевски и командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, денеска во Межица, Словенија ги посети припадниците на Армијата кои се ангажирани во справувањето со последиците од поплавите.
- 09 Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, во рамки на неговата официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, престојуваше во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.
- 09 Началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) со лидерите на командата на силите на САД во Европа во Скопје ја одржаа дваесет и шестата конференција на иницијативата А5, која оваа година се одржува на тема поврзана со предизвиците и можностите во современото безбедносно опкружување.
- 10 Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во Загреб, Република Хрватска, со неговото прво учество на состанокот на началници на Генералштабови (НГШ) на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната – DECI (DEfence Cooperation Initiative) го означи нашето формално приклучување во оваа безбедносна иницијатива.
- 11 Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во официјална работна посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство, оствари средба со началникот на генералштабот, адмирал Сер Антони Радакин. Како и официјална средба со Лорд Стјуарт Пич, кој е специјален претставник на ОК за Западен Балкан и поранешен претседавач на Воениот комитет на НАТО. ги посети oдбранбената академија во Шривенам, како и базата на кралското воздухопловство-Булмер, каде генералот Ѓурчиновски оствари средби со воените раководители.
Армијата на Република Северна Македонија во текот на 2022 година ја одбележа триесет годишнината од своето формирање. Согласно планот на активности за одбележување на јубилејот прва активност беше трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“ кој заеднички го организираа Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија и Асоцијацијата на здруженија од сферата на безбедноста.
Согласно Планот, позначителни активности се изведуваа во генералштабот како и во сите команди и единици во рамки на прославите на своите денови при што се реализираа отворени денови во касарните со поканување на сите поранешни припадници на Армијата, спортски натпревари, крводарителни и хуманитарни акции, марш „30 години Армија“ и натпревари по специјалности (војнички вештини). Покрај две трибини се организираа и реализираа изложба на фотографии како и активности на баталјонот за почести со сојузничките армии меѓу кои беше заедничкиот настап со кралската гарда на Норвешка и заеднички концерт на воениот оркестар со воениот оркестар на Албанија. Централната прослава на Денот на Армијата беше главниот настан за одбележување на јубилејот.
Во јубилејната година, Армијата на Република Северна Македонија со делови од своите состави учествуваше на 27 меѓународни вежби во земјата и во странство меѓу кои поистакнати се вежбата „Swift Response 22“ која се изведуваше во 3 региони во Европа: Арктикот, Балканскиот и Балтичкиот регион. Во вежбата беа вклучени околу 9.000 припадници на вооружените сили на 17 земји сојузници и партнери кои изведуваа синхронизирани вежбовни активности во Норвешка, Латвија, Литванија и Северна Македонија. Во Северна Македонија, учествуваа околу 4.600 припадници од осум НАТО земји и тоа: Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција. Во извежбувањето на армискиот полигон „Криволак“ беа вклучени 45 воздухоплови, односно борбени и транспортни авиони и хеликоптери, а беа изведени над 700 падобрански скокови.
Покрај оваа вежба, наши припадници учествуваа на вежбите во странство „Anatolian Eagle 22“, „Seven stars 22“, „Warior 22“, „Efes 22“, „Kfor 30 и 31“, „Cyber coalition 22“, „Talos 22“, „Beyon horizon 22“ и други.
Друга позначајна вежба во текот на годината беше вежбата „Блесок-22“ на која се изврши оценување на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), која воедно е првата единица оценувана според стандардите на оценување согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО како членка на НАТО. Притоа сите предвидени активности, согласно листата на инциденти, беа извршени на највисоко професионално ниво и официјалната оценка беше „борбено оспособен за извршување на својата мисија“.
Како позначителни активности во текот на годината во однос на пополнување со персоналот беа и изведувањето на курс за произведување во подофицерски чин, реализација на два конкурси за прием на професионални војници, како и произведување на офицери кои го завршија своето школување во Воената Академија со што покрај одржување на редовната пополнетост со персонал се изврши и подмладување на воените состави.
Армијата на Република Северна Македонија оваа година учествуваше во мисиите „Алтеа“ во Босна и Херцеговина каде учеството го зголемивме со еден пешадиски вод, „Унифил“ во Либан со учество на штабни офицери, „Кфор“ во Косово каде учествуваме со два водови за обезбедување и штабен персонал, „ЕУТМ“ во Централно Африканската република и NATO мисијата „НМИ“ во Ирак со по еден претставник како штабен елемент. Од оваа година во јуни 2022 година, започнавме со придонес во рамките на НАТО мисиите Efp „Зајакнато истурено присуство“, односно Enhanced Forward Presence (eFP) во Латвија и тнр „Активности на зголемена будност“ односно enhanced Vigilance Activities (eVA) во Бугарија и Романија. Во Латвија отпочнавме со едно АБХО одделение, кое од декември 2022 година се замени со едно артилериско одделение во рамките на словенечкиот контингент.
Во текот на годината пристигнаа и првите 6 (шест) лесни оклопни возила од САД од типот „Oshkosh“ кои ќе бидат во составот на лесниот пешадиски баталјон. Во текот на годината интензивно се работеше на изработка и стандардизација на воените доктрини со стандардите на НАТО при што се изработени основните воени доктрини и повеќе доктрини за подршка.
Во однос на позначајните меѓународни активности Армијата на Република Северна Македонија оваа година беше домаќин на петнаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Б9), која се одржа во текот на месец јуни во Охрид. Началникот на Генералштабот учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба која се одржа во Црна Гора. Во текот на годината началникот на генералштабот на Армијата крај редовното учество на сесиите на Воениот комитет на НАТО, во републиката оствари средби со началници на генералштабовите на Вооружените сили на Норвешка, Туркије, Грција, Хрватска, како и во странство со НГШ на ВС на Италија, Романија, Унгарија, Црна Гора и во САД со комадантот на НГ на Вермонт.
Како позначајни настани би ги издвоиле:
– Во период од 24.01 до 05.02.2022 година на армискиот полигон „Криволак“ успешно се извршија летачки вежбовни активности со воени воздухоплови од Вооружените сили на САД, како дел од завршните активности на вежбата „Neptune Strike 22“ која се изведува во медитеранскиот регион.
– Како почеток на активностите за одбележување на триесетгодишниот јубилеј на Армијата, на 28март во Домот на Армијата во Скопје се одржа трибина на тема „30 години развој на Армијата-формирање, настани, успеси, предизвици, иднина“.
– Во март началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, со воведување вопрестојуваше во работна посета на Соединетите Американски Држави, му инаугурација го доби највисоко воено признание од страна на највисоката воена образовна институција во Форт Левенворт во Канзас, САД кое е прво вакво признание кое го има добиено еден воен претставник од нашата земја, но и прв офицер од Југоисточна Европа, после 50 години.
– Во период од 3 до 11 април, на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец се реализираше националната теренска вежба ,,Блесок 22“.
– На 31.05 на плоштадот во центарот на Скопје се реализираше отворен настан на гардиските единици и воените оркестри на Армијата на Република Северна Македонија и самостоен концерт на кралската гарда на Кралството Норвешка.
– На 12 мај на армискиот полигон „Криволак“, се реализираше Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Swift Response 22“ каде за прв пат во нашата земја се презентираа комплексни воздухопловни десантни операции проследени со падобрански скокови, прелети на борбени воздухоплови и изведување на хеликоптерски десантни активности. Прикажаната интероперабилност, меѓусебната координација и заедничкото делување на армиите од земјите кои учествуваат на вежбата „Брз одговор 22“ беше пресликана на најдобар можен начин, додека во исто време се прикажаа можностите на хеликоптерите „Апачи“, „Блек Хок“ и „Чинук“, борбените авиони „Ф-16“ и А-10, како и ангажираните копнени сили.
– На 16 јуни во Охрид се одржа петнаесетта конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји на тема „Употреба на Вооружените сили во справувањето со најновите предизвици во национален и регионален контекст (најдобри практики)“.
– Во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во период од 07.06 до 09.06.2022 година беше реализирана ситуациона-теренскa вежбa (СТВ) во склоп на која се изврши и оценување на лесен пешадиски вод (лпв), кој ќе биде во состав на балканската борбена група (HELBROC 23/1) согласно Упатството за оценување на борбена готовност на Армијата.
– На 18 август, Армијата на Република Северна Македонија, со централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје го прослави својот јубилеен роденден и достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.
– На 8ми септември, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски се обрати на затварањето на конференцијата за комуникатори на НАТО, која се одржуваше четири дена во Скопје и на која учествуваа повеќе од 300 учесници од сферата на стратегиските комуникации на сите структури на НАТО.
– На 21.октомври се промовираа 18 потпоручници од 22-та класа на питомци, додека 39 питомци дадоа свечена заклетва како 26-та класа питомци на Воената Академија.
– Во период од 08.11 до 12.11.2022 година, Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари официјална посета на вооружените сили на Република Италија каде го посети НАТО корпусот за брзо распоредување во близина на Милано, во Рим ќе оствари официјална средба со началникот на генералштабот на ВС на Италија, адмирал, Џузепе Каво Драгоне, а на највисоката воена образовна институција на Италијанските ВС-Центарот за високи одбранбени студии пред студентите одржа предавање.
– На 2 ноември во Командата за обука и доктрини, отпочна реализација на основната воена обука од Основниот курс за подофицери, која ја сочинуваат 150 слушатели меѓу кои 13 припаднички од различни единици на Армијата.
– на 30 ноември со воена церемонија во касарната „Илинден“ припадниците на Армијата кои ќе учествуваат во активностите на НАТО за зголемена будност се упатија на извршување на задачите во склоп на операцијата. Првите контингенти во состав од по еден вод учествуваат во заедничките активности на формираните мултинационални сили на НАТО, кои се разместени на определени локации во Романија и Бугарија.
– на 26ти декември во генералштабот се реализираше брифинг за борбена готовност пред врховниот командант на Армијата и претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Армијата на Република Северна Македонија во текот на 2021 година ги реализираше планираните активности во услови на се уште присутни мерки за заштита од „КОВИД 19“ при што се изведоа сите планирани вежбовни и активности на меѓуармиски план од кои позначајни се: Отпочнувањето на курсот за произведување во подофицерски чин кој беше во мирување повеќе од 11 години. Во текот на месец април се одбележа првата годишнина од членството во НАТО на кое присуствуваше највисокиот воен и државен врв, а кое претходната година поради почетокот на пандемијата и мерките за рестрикција во сите области на животот и работата не можевме да ја одбележиме на достоинствен начин. Исто така во текот на првата половина од годината се одбележа и завршувањето на мисијата Одлучна поддршка во Авганистан во која заедно со мисијата претходник ИСАФ учествувавме од 2002 година, а која ја завршивме согласно одлуките на НАТО и принципот „заедно внатре заедно надвор“. Во овој период интензивно се работеше на уредување на АП Криволак од страна на нашиот инженериски баталјон и припадници од Армијата на САД. Во овој период се реализираа и двете меѓнародни вежбовни активности во склоп на најголемата вежба на тлото на Европа „Дефендер Европа 21“, а тоа се вежбата на специјалните сили „Тројан Фоотпринт“ и „Одлучен удар 21“.
Втората половина од годината беше одбележана со учеството на припадниците на Армијата во гасењето на пожарите кои се случија во месец август, но како најзначајно е потполната воена интегрирација во структурите на НАТО кое се формализира со потпишување на заедничката декларација за интеграција на 16.ноември од страна на началникот на генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски и командантот на НАТО сојузната команда за трансформација, генерал, Филип Лавињ. Во декември официјално се одбележа и вклучувањето во системот за воздухопловно патролирање на Алијансата со што нашиот воздушен простор како НАТО земја членка офоицијално се интегрира во колективниот безбедносен систем на одбрана на воздушниот простор над НАТО земјите членки.
Во овој период имавме учество на неколку меѓународни вежби и активности надвор од државата а поистакнато е интензивирање на соработката со грчките вооружени сили во изведување на обуката на специјалните единици.
Како позначајни настани би ги издвоиле:
– Во февруари заменикот на командантот на силите на САД за Европа, генерал-мајор Џозеф Џерард, престојуваше во работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.
– Во истиот месец се случи и промоцијата на првата генерација подофицери по полноправното членство во НАТО. Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои успешно го завршија тримесечниот основен подофицерски курс (првата група од 65 подофицери), официјално беа промовирани во прв подофицерски чин на воената свеченост, која се реализираше во касарната „Илинден“ во Скопје.
– Во месец март по пристигнувањето на првиот транспорт со дел од припадници, инженериски средства и материјално-техничка опрема на 15.инженериски баталјон на воените сили на САД стационирани во Европа на армискиот полигон „Криволак“ започнаа заедничките активности и обука како дел од подготовките и уредување на капацитетите за успешно реализирање на вежбата „Одлучен удар 21 “.
– На ден 27.03 се реализира централната свеченост по повод одбележување на првата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО. Во касарната „Илинден“ во Скопје . Покрај обраќањата на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и командантот на здружената команда на НАТО во Неапол адмирал Роберт Бурк, како дел од церемонијата беше извршен и прелет на хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови на НАТО како дел од воздухопловното патролирање и заштита на воздухопловниот простор.
– Во текот на месец април делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. На крајот на месецот со промоцијата на втората група од 55 припадници на Армијата од редовите на професионалните војници се заокружи процесот на произведување на првата генерација подофицери по нашето полноправно членство во НАТО.
– Во месец мај се реалзира вежбата „Trojan Footprint 21“ која имаше за цел подобрување на способностите на НАТО и партнерските нации за изведување на операции на специјалните сили во координација со конвенционалните сили, зголемување на интероперабилноста, меѓусебните односи и довербата помеѓу сојузничките армии. Вежбата „Trojan Footprint 21“ се реализираше во склоп на големата вежба на НАТО под раководство на Армијата на САД за Европа – „Defender Europe 21“.
– Од 17 мај до 2 јуни на армискиот полигон „Криволак“ се одржа вежбата „Одлучен удар 21“ како дел од комплексот на вежби во склоп на најголемата НАТО вежба која оваа година се одвиваше во Европа „Defender Europe21“ на која учествуваа 27 армии, со 28 000 војници во 16 држави од Југоисточна Европа. Во „Одлучен удар21“ учествуваат 1500 припадници на вооружените сили од 4 земји членки на НАТО – Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија. На вежбата се демонстраше високо ниво на интероперабилност, борбена подготвеност и интеграција во НАТО постапките на декларираниот лесен пешадиски баталјон со сојузничките армии како и интеграција на конвенционалните и специјалните сили.
– Во месец јуни врз основа на Указите на претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, се извршија поставувања на командните позиции на Командата за операции и првата пешадиска бригада. Во Командата за операции се изврши примопредавање на должноста командант на КО, помеѓу генерал-мајор Павле Арсоски и бригаден генерал Бесник Емини. Претходно се изврши примопредавање на должноста, командант на 1.пбр, помеѓу бригаден генерал Бесник Емини и полковник Сашко Лафчиски. Во истиот месец началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествуваше на четиринаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9), која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
– Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа (SACEUR), генерал Тод Волтерс, кој е еден од двајцата стратешки команданти за НАТО кој командува со операциите на сојузничката команда (ACO) и воедно командант на силите на САД за Европа, престојуваше во Генералштабот на Армијата.
– На 29.јуни со воената церемонија во касарната „Илинден“ на кој учествуваше и последната ротација на армиски припадници и со предавањето на државното знаме на Република Северна Македонија, кое гордо се вееше изминатите години заедно со знамињата на останатите држави учесници во мисијата, се означи завршетокот на 19 годишното ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија во мисиите на НАТО – „ИСАФ“ и „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
– Во текот на месец јули, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски престојуваше во официјална посета на Вооружените сили на Република Турција, каде оствари средба со началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Јашар Ѓулер.
– На 2.август, по издадена наредба од Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Вооружените Сили Стево Пендаровски, началникот на генералштабот на Армијата, издаде наредба за ангажирање на сите потребни капацитети на Армијата за справување со пожарите кои беа присутни на територијата на Републиката. Припадниците на Армијата во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман со ангажирање на потребен број на персонал и средства при што армисктеи припадници се вклучија во гаснењето на пожарите. Армијата остана ангажрана до последен момент до кога тоа беше потребно. Во текот на ангажирањето во гасењето на пожарите беа ангажирани 2243 припадници на 13 локации низ државата каде имаше пожари. Армиските хеликоптери имаа 79 часа летови во кои исфрлија 472 тони вода.
– Согласно планот за билатералната воена соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција во периодот од 30.08 до 08.09.2021 година, во Центарот за обука на специјалните сили на Вооружените сили на Република Грција во Неа Парамос, дел од персоналот на Баталјонот за специјални сили реализираше основна и напредна обука во нуркање.
Во месец септември, припадници на Армијата учествуваа на вежбата за кризен менаџмент во организација на НАТО Евроатланскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи која се одржа во подрачјето на Охрид и Струга од 20 до 24 септември под името „Северна Македонија 2021“.
– Од меѓународните активности позначајни беа: посетата на заменикот на командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал-мајор Џозеф Џерард,учеството на началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, конференција на началниците на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) кој се одржа во Сплит, Република Хрватска, дводневна официјална посета на Армијата на Република Словенија, како и посетата на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои извршуваат задачи во состав на регионалната команда на КФОР во Пеќ.
– Во октомври во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија престојуваше началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин – Сенди. Припадници од Армијата во периодот од 18-28.10 2021 година учествуваа на вежбата „Disaster Relief Military Mobility Exercise 21“, која се реализира во повеќе региони во Словенија. Вежбата е водена од Здружената команда (JFC) на Вооружените сили на Р.Словенија со 20 земји учеснички.
– Најважниот настан годинава беше на 16.11 кога на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија беше потпишана Заедничка декларација за интеграција на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, со што се заокружи процесот на воена интеграција на нашата држава во Алијансата. Заедничката декларација ја потпишаа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Сојузничката команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.
– На 9ти декември беше одбележано вклучувањето на небото на Северна Македонија во системот за воздухопловно патролирање на Алијансата. НАТО воздухопловното патролирање е клучен дел од колективната одбрана, што служи како столб на Алијансата и овозможува ист стандард на обезбедување на небото на секоја од земјите – членки.
Изминатата 2020 година, ја одбележа официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, како нејзина триесетта полноправна членка со што се оствари стратешката цел за влез во Алијансата. Активностите на Армијата на Република Северна Македонија пред се беа поврзани со ангажирање на припадниците на Армијата во помош на институциите и граѓаните во справување со пандемијата со „Ковид -19“ од првиот ден на прогласување на вонредната состојба. Останатите активности од вежбовен карактер, конференции и меѓународни посети, поради состојбата беа сведени на неопходни рамки во согласност со актуелната состојба. Како позначајни активности во текот на оваа година можат да се издвојат следните:
– Почетокот на годината беше одбележан со првата официјална посета на Република Северна Македонија од страна на претседавачот на највисокото воено советодавно тело на НАТО- Воениот комитет. За време на посетата е разговарано за тековните процеси кои се преземаат во Армијата во пресрет на скорешното полноправно членство во НАТО.
– На крајот на јануари, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски престојуваше во официјална посета на Вооружените сили на Кралството Норвешка, каде оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот, адмирал Хакун Брун Хансен.
– Во текот на месец февруари во посета на Армијата на Република Северна Македонија престојуваа: началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, генерал Енцо Вeчиарели, командантот на здружениот воздухопловен оперативен центар на јужното крило на НАТО, генерал-потполковник Рубен Гарсија Сервент и воена делегација на Војската на Република Србија предводена од началникот на Генералштабот, генерал Милан Мојсиловиќ.
– На почетокот на месец март во посета на Армијата на Република Северна Македонија престојуваа командантот на Косовските безбедносни сили, генерал-потполковник Рахман Рама и началникот на Здружениот штаб, генерал-потполковник Сенад Машовиќ.
– На 14 март врз основа на одлуката на претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски по одлуката на Владата за прогласување на кризна состојба за спречување на ширење на корона вирусот во општините Дебар и Центар Жупа, Армијата на Република Северна Македонија се вклучува во поддршка на овие единици на локална самоуправа во согласност со мисијата на Армијата за поддршка на населението во случај на поголеми заболувања и епидемии.
Генералштабот на Армијата нареди ангажирање на единици на Армијата врз основа на конкретните побарувања на кризниот штаб во надлежност на локалната самоуправа. Армијата е ангажирана во поддршка на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство за обезбедување и контрола на кризното подрачје и во поддршка на МВР за засилено обезбедување на државната граница во регионот на Дебар.
Дел од армиските состави се вклучија во заеднички патроли со полицијата за обезбедување на објекти од витално значење за државата, како и влезни и излезни контролни точки од населените места, во координација и насоки од Владата. Припадниците на Армијата беа вклучени во поддршка на МВР заради обезбедување на делови од државната граница, обезбедување витални објекти од значење на државата, контролни точки во кризните региони, обезбедување на карантински објекти, помош на црвениот крст за достава на хуманитарна помош, помош на локалните самоуправи во дезинфекција на објекти и учество на медицински тимови во јавното здравство.
– На 27 март, официјалното пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, како нејзина триесетта полноправна членка. По повод депонирање на пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Стејт Департментот со што Република Северна Македонија официјално станува полноправна членка на НАТО, од касарната „Илинден“ во Скопје, се изврши артилериска стрелба.
– Во месец април како дел од активностите и мерките кои се преземени од страна на Генералштабот и потчинетите команди и единици со цел справување со ширењето на епидемијата на вирусот КОВИД 19 е и вклучување на лесната маневарска полска болница РОЛ-2 во здравствениот систем на Република Северна Македонија. Припадниците од Военомедицинскиот центар, по претходна подготовка на теренот од страна на инженерскиот баталјон и град Скопје, на локација непосредно кај инфективната клиника во комплексот клиники Мајка Тереза, во предвидениот рок од неколку денови со придржување на пропишаните постапки ги монтираа конструктивните елементи и овозможија нејзина потполна функционалност.
– Во јуни, од страна на инженериската единица на Армијата го отпочнаа проектот за подобрување на патната инфраструктура на полигонот Криволак. Припадниците на Инженерискиот баталјон паралелно со пробивањето на новите патишта, проширување и доуредување на постојните врши и нивно тампонирање со што ќе биде направена обиколница околу полигонот со внатрешно поврзување со патни правци кои ќе се спојуваат со надворешните асфалтирани сообраќајници во вкупна должина од 75 км, со што ќе се овозможи изведување на поголеми вежби и рационализирање на ресурсите поради скратување на времето кое е потребно за движење од едно до друго место на полигонот. Извршување на работите се планирани во повеќе фази се до почеток на вежбата „Одлучен удар 21“ („Decisive Strike 21“) која е планирана за во мај-јуни 2021 година.
– Во месец август во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше началникот на Вооружените сили на Кралството Холандија, Адмирал Роб Бауер.
Денот на Армијата оваа година беше одбележан со церемонија на која се применуваа сите мерки и протоколи за спречување на ширење на вирусот „Ковид-19“.
– На 27 август Командата на Бригадата за Југоисточна Европа (South-Eastern Europe Brigade – СЕЕБРИГ) со свечена церемонија во касарната „Боро Менков“ во Куманово, официјално го означи отпочнувањето со работа во Република Северна Македонија.
Штабот на СЕЕБРИГ кој на ротационен принцип ја менува својата локација, ќе биде сместен во оваа касарна во периодот 2020-2026 година, со што Армијата на Република Северна Македонија покрај учеството на свои единици и штабни старешини во СЕЕБРИГ ја има можноста да се покаже како одговорен и добар домаќин во следниот шестгодишен период.
– На ден 12.09.2020 година, во кампот Мармал, во Мазар е Шариф во Командата за обука, советување и асистенција – Север (КОСА-С) ИР Авганистан, со посебна церемонија беа спуштени знамињата на Република Албанија, Република Хрватска, Црна Гора и Република Северна Македонија со што се заврши мисијата на македонскиот контингент во кампот Мармал, Мазар е Шариф во КОСА-С.
– Во месец октомври во касарната „Илинден“ во Скопје со присуство на највисокиот воен и државен врв се реализираше воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Северна Македонија, во мисијата на НАТО во Косово – „КФОР“. Армијата на Република Северна Македонија за првпат како 30-та земја членка на НАТО директно ќе учествува во мисијата КФОР во Косово каде во следните шест месеци контингентот од 44 припадници на Армијата, составен од штабни офицери и вод за обезбедување, ќе ги извршуваат задачите во главната команда на мисијата и во командата на КФОР – „Запад“.
– Во ноември со Указ на претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, согласно организациско-формациската структура на Армијата на Република Северна Македонија, во чин бригаден генерал беа унапредени полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини.
– Во декември, двајца припадници на Армијата-штабни офицери за прв пат заминаа во мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република- мисија за обука.
Во Командата за обука и доктрини на АП Криволак започна основниот курс за подофицери, на кој учествуваат 65 слушатели – професионални војници од единиците на Армијата од вкупно предвидените 120 во првата група кои ќе бидат првата генерација подофицери по полноправното членство во НАТО.
Традиционалната посета на припадниците на Армијата на Република Македонија од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, првиот ден од новата 2019-та година, беше на припадниците на Армијата кои извршуваа должност во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево.
13.01 Припадници на АРМ од составот на воздухопловната бригада од ЗОК, со еден хеликоптер Ми-17, заедно со претставници од Црвениот Крст извршија достава на еден тон потребни прехранбени и материјални средства на населението во отсечените села Брест и Малино маало.Подоцна на 16.01 доставија помош и до жителите на Танушевци
21.01 Делегација од националната гарда на Соединетите Американски Држави предводена од шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел имаше прва официјална посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, а обиколи и дел од единиците и капацитетите на АРМ.
01.02 Командантот на силите на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи, престојуваше во официјалната посета на Армијата на Република Македонија.
18.02 Бригадата за логистичка поддршка доби нов командант. Полковник Цветко Јаневски му ја предаде должноста на полковник Мухарем Мухареми.
01.03 припадниците на полкот за специјални операции во касарната „Илинден“ во Скопје, со воена свеченост го одбележаа денот на единицата и јубилејот 25 години „Сили за специјални операции“.
04.03 до 09.03.Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој беше во работна посета на Соединетите Американски Држави оствари посета на Здружениот Штаб на вооружените сили на САД, во Пентагон и националната Гарда на Вермонт.
06.03 со воена свеченост извршено примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ја прими полковникот Драган Ковачки
02.04 Првата механизирана пешадиска бригада која е најголемата борбена единица во армијата, со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, го одбележа денот на единицата.
04-09.04 Како дел од активностите за одбележување на 70-годишнината од основањето на НАТО Алијансата и нашиот напредок кон членство во НАТО, од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата се организираа и реализираа поголем број на активности во рамки на Неделата на НАТО.
Централниот настан беше заедничкиот концерт кој се реализира на 4-ти април, во Националната филхармонија во Скопје, каде покрај нашиот оркестар и воените оркестри на САД, Обединетото Кралство, Грција и Република Словенија имаа фантастична изведба на избор од музички композиции.
06.05 По повод дваесет години од приемот на Република Полска во НАТО алијансата и петнаесет години членство во Европската Унија, на покана од страна на министерот за одбрана на Република Полска, на главната церемонија свое учество имаше и Армијата претставена од припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада
Во периодот 12-18.05.2019 година, вод од составот на баталјонот на Воена полиција, со пет борбени моторни возила учествуваше на меѓународна воена вежба „Beyond Horizon-19“ во воената база „Ново Село“ во близина на Сливен во Република Бугарија.
22.05 Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, учествува на 181то заседание на воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови кое се одржува денес во седиштето на НАТО во Брисел.
Ова е првпат досега началник на генералштабот на нашата армија да учествува за цело времетраење на едно редовно заседание на ова воено тело на НАТО, кое до полноправното членство ќе биде во улога на поканета членка. Досега началниците на генералштабот учествуваа на сесиите кои беа отворени за партнерските земји, како и за земјите кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.
29.05 ден на високи гости на меѓународната воена вежба „Брз Одговор 19“, кој се реализира на воениот полигон „Еугениј Кватерник“ во Слуњ, Република Хрватска.на која учествуваа припадници на ренџерскиот вод од полкот за специјални операции и 25 припадници од баталјонот за противвоздушна одбрана и медицински тим.
31.05 Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили. Стево Пендаровски, ја оствари својата прва работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.
Од петти јуни до деветти јули, Северна Македонија е домаќин на најголемата вежба која досега се организира во нашата држава, „Одлучен удар“. На вежбата учествуваа над 2.700 припадници од Армијата на Република Северна Македонија и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија.
Армијата на Република Северна Македонија учествуваше со околу 1.300 припадници, исто толку од САД, војската на Црна Гора 75 припадници, по 25 припадници од Албанија и од Бугарија, како и 10 од Литванија.
12.06 Во Скопје се оддржа годишен состанок на замениците на началници на генералштабови (ЗНГШ) на вооружените сили на земјите членки на Иницијативата за соработка на министрите за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ). Република Северна Македонија покрај долгогодишното учество и придонес во бригадата СИБРИГ ќе биде домаќин на седиштето на командата во период од 2020 до 2026 година,
На воениот полигон во близина на Врање во Република Србија, на меѓународната теренска вежба „PlatiniumWollf“ од 01.06 до 18.06.2019 година, учествуваше 3.механизиран пешадиски баталјон со едно пешадиско одделение и пет штабни офицери од составот на 1.мпбр, додека пак припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон, со еден пешадиски вод и тројца старешини учествуваше на вежбата „Strike Back 19“ во Република Бугарија, која се реализира во период од 06.06 до 21.06.2019 година.
Во период од 1 до 2 јули 2019 година, командантот на силите на САД за Европа, генерал потполковник Кристофер Каволи, престојуваше во Република Северна Македонија.
22.07 Врз основа на донесените Укази на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки ја прими полковник Бесник Емини.
18.08 Централна свеченост по повод Денот на Армијата во Охрид.
од 26 до 30 август, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје се одржуваше 11-ти регионален армискуи футсал „Куп за мир 2019“.на кој покрај екипата од Армијата на Република Северна Македонија како домаќин, учествуваа и екипите од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
140 припадници на армијата од 10 до 30 септември беа дел од вежбата „Syber Junction 19“ се реализира во СР Германија во организација на Командата на копнените сили на САД за Европа (USAREUR). Вежбата е една од најголемите вежби оваа година која се реализира во Европа и на истата имаше учесници од повеќе од 20 партнерски земји. Армијата на Република Северна Македонија учествува со една пешадиска чета од Здружената оперативна команда и еден вод од Полкот за специјални операции.
Во период од 16.09 до 20.09. 2019 година во касарната „Јане Сандански“ во Штип се изведе вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 19“, која има за цел координација во работата на повеќе субјекти кои се ангажираат при справување со елементарни непогоди од различен обем.
04.10 Претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грациано во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, која е прва посета на претседавач на воен комитет на ЕУ на нашата држава.
16.10 во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес, се реализира примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста од досегашниот командант на КОД, полковник Љубенчо Петровски ја прими бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев кој досега беше командант на Полкот за специјални операции.
Од 14 до 18.10 се реализираше Вежбата „РЕГЕКС 19“. Во оваа вежба покрај припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, учество земаат припадници на армии на 13 земји партнери на НАТО. Во улога на ментори и надгледувачи на процесот на планирање и реализација на вежбата во согласност со Директивата за колективна обука и вежби се три земји членки на НАТО кои се дел од Здружената команда за операции во Неаопол.
15.10 Во присуство на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски и началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, се реализира воена свеченост по повод промоција во чин потпоручник и свечена заклетва на новопримените питомци и слушатели на курсот за потребите на службите во Армијата на Република Северна Македонија. Во чин потпоручник беа промовирани 30 питомци на 19. Класа.
Во периодот од 28.10 до 09.11.2019 година, 24 припадници од Командата за операции (КО), учествуваа на вежбата „Maple Arch 2019“ во Житомир, Република Украина.
03.12 Во касарната „Народен Херој Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на воздухопловниот ВИНГ. Од досегашниот командант на воздухопловната бригада, полковник Роберт Малезански должноста ја прими полковник Стојко Пејовски.
13.12 Под мотото „Звукот на соработката“ и „Звукот на Алијансата“, воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија во духот на соработката, заедно со припадници на воени оркестри од армиите во регионот, веќе традиционално во пресрет на новата година одржа заеднички концерт во Домот на Армијата во Скопје.
27.12 Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на брифингот за борбената готовност го информираше Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, Стево Пендаровски, за состојбата во Армијата на Република Северна Македонија, во текот на 2019 година.
Во периодот од 28.11. до 02.12.2019 година припадници на баталјонот за почести, како претставници на нашата Армија учествуваа и беа дел од на воената парада по повод прославата на 101 година од националниот ден на Република Романија.
Традиционалната посета на Претседателот на Република Македонија на единиците на АРМ во првиот ден од 2018 година, беше реализиран во касарната „Чојлија“, каде се стационирани припадниците на АРМ од тенковскиот баталјон и четата АБХО од составот на прва механизирана пешадиска бригада.
На 12ти јануари се одбележаа десет години од загинувањето на единаесетте припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце.
Како дел од програмата на Министерството за одбрана за популаризација на воената професија на 4ти април на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се одржа настан „АРМ со Вас“ на кој граѓаните имаат можност да ги проследат изведбите на припадниците на АРМ од Баталјонот за почести, Воениот оркестар и Баталјонот за специјални намени.
На ден 17ти мај во касарната „Илинден“ во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Орце Јордев ја прими бригаден генерал Методи Хаџи Јанев кој ја извршува должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија.
Во првиот механизиран пешадиски баталјон од составот на првата механизирана пешадиска бригада на ден 15мај, за првпат на должност командир на механизирана пешадиска чета е поставен припадник на Армијата на Република Македонија од женскиот пол, поручник Александра Бошковска.
На ден 18ти мај се изврши примопредавање на должност Заменик на началникот на генералштабот на АРМ. Согласно Указот на Претседателот на Република Македонија, должноста Заменик на НГШ на АРМ од генерал-мајор Мухамет Рацај, ја прими генерал-мајор Азим Нуредин, кој досега беше началник на штаб во здружената оперативна команда.
Во касарната „Боро Менков“ во Куманово на ден 22ри мај, се изврши примопредавање на должноста, командант на здружената оперативна команда помеѓу генерал мајор Зоран Милески и бригаден генерал Павле Арсоски.
Последователно на претходно извршените примопредавања на командните должности во командите на АРМ, на 8ми јуни во Генералштабот на АРМ, генерал мајор Зоран Милески ја прими должноста „Директор на ГШ на АРМ“ од досегашниот директор, генерал мајор Димче Петровски.
Со свечена церемонија во Министерството за одбрана, 125 граѓани на Република Македонија денеска беа примени како професионални војници во Армијата на Република Македонија. Новопримените 125 професионални војници во АРМ се дел од планираните 375 нови професионални војници во Армијата оваа година. Дел од оваа генерација на професионални војници се и 15 припаднички на женскиот пол.
Од страна на владата на Република Македонија на почетокот на месец јули, усвоен е Стратегискиот одбранбен преглед. Во однос на развојните политики кои се планираат со Стратегискиот одбранбен преглед, една од приоритетните цели на овој документ е создавање на модерна и флексибилна армија која ќе ја гарантира стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Од 1ви до 20ти август единици од Копнените сили на САД за Европа изведуваа обука на полигонот „Криволак“, при што АРМ обезбедуваше логистичка поддршка, сместување и ги отстапува на користење терените за обука, обезбедува помош и придружба на воениот транспорт до и од полигонот „Криволак“ и ја набљудува обуката.
На централна свеченост по повод денот на АРМ, се изврши примопредавање на должност началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Генерал-мајор Васко Ѓурчиновски со Указ на претседателот на Република Македонија е назначен за единаесетти по ред Началник на ГШ на АРМ.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на Република Македонија, на ден 6ти септември го обиколи Полкот за специјални операции во касарната „Илинден“.
На 4ти октомври во рамки на билатералната воена вежба „Предизвик 2018“, која во период од 28-ми септември ја изведуваа припадници на АРМ и Вооружените сили на Република Словенија, на Армискиот полигон „Криволак“, се одржа ден за високи гости и воедно затварање на вежбата.
Во генералштабот на Армијата на Република Македонија потпишан е технички аранжман за соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Република Италија, во рамки на операцијата на Обединетите Нации за поддршка на мирот „УНИФИЛ“ се збогати меѓусебната воена соработка и нашиот придонес во мировните операции со дополнителни штабни офицери.
Воениот комитет на НАТО, за прв пат, ја посети Република Македонија во формат на постојана сесија и одржа состанок на 6ти ноември.
На 8ми ноември, при одбележувањето на денот на баталјонот за почести е промовирана првата македонска офицерска сабја за почести.
На ден 22.11.2018 е реализиран Ден за високи гости на вежбата „Есенска Бура 18“,која се реализира во период од 8ми до 13ти ноември. Вежбата е прв поголем успешно реализиран проект во рамките на меѓусебната соработка помеѓу примарните институции задолжени за безбедноста на граѓаните на Република Македонија. На вежбата учествуваа припадници на Армијата на Република Македонија, Министерството за Внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.
На 26ти и 27ми ноември, по речиси 12 години наше учество во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан за прв пат, Началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, ги обиколи и посети нашите мировници кои ги извршуваат должностите во оваа мисија на Обединетите Нации.
На 12ти декември, Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, заедно со членови на воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, изведоа незаборавен предновогодишен концерт, во Домот на АРМ во Скопје.
Традиционално на крајот од 2018 година на воениот дел од аеродромот „Петровец“ во касарната „НХ Страшо Пинџур“ се одржа со манифестацијата која е во организација на воздухопловната бригада „пристигнување на Дедо Мраз со транспортен хеликоптер на АРМ“.
Оваа година АРМ на РМ го прослави јубилејот „25 години АРМ“. По повод овој јубилеј беа организирани различни активности кои ги вклучуваа одбележувањето на деновите на единиците, хуманитарни и спортски настапи, позначајните историски настани поврзани со формирањето на АРМ и на претходно планираните позначителни активности за 2017 година.
10.03.2017-На караулата „Рамна Нива“ во присуство на врховниот командант на вооружените сили Н.Е Ѓорге Иванов и НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, со воена свеченост се одбележаа 25 години од подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница, кој воедно е ден на Командата за резервни сили на АРМ.
24.03.2017-Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето, во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележа преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА.
28.03.2017-Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со активностите и функцијата на раководење со армијата.
26.05.2017-Заедничка показна вежба на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија.,на воениот стадион во Скопје, каде се покажа високо ниво на координирани активности на припадниците на АРМ и волонтерите на Црвениот крст во спасување на животи при замислена кризна ситуација.
19.07.2017-Во Домот на АРМ во Скопје, се спроведе централна крводарителна акција по повод 25 години АРМ. На симболична церемонија на дел од армиските припадници кои имаат дарувано крв повеќе од 25 и 50 пати се врачени благодарници, признанија, плакети и значки.
28.07.2017-Започна заедничката вежба на АРМ и копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“. Најголема досега билатерална вежба на Армијата на Република Македонија и командата на копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“ која се одржа до 10.08.2017година, учествуваа повеќе од деведесет припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада и околу триста припадници на „2 Cavalry Regiment“ (2CR) на Армијата на САД во Европа – United States Army Europe (USAREUR). Покрај активностите на АП „Криволак“ единиците имаа претставување со приказ на моторни возила и опрема пред граѓаните на Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струмица и Струга.
18.08.2017-Се одржа централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. На свеченоста претходеа одржување на тактичко технички збор за јавноста во Скопје и во сите гарнизони каде се сместени единиците на АРМ.
Централната прослава се реализира на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје во вечерните часови со интеракција и меѓусебно дружење со цивилното население. На прославата свое обраќање имаа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој воедно за постигнати резултати во одбраната ги одликува со Орден за воени заслуги: Командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и 4.от механизиран пешадиски баталјон од 1. Механизирана пешадиска бригада.
25.09.2017-Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ започна со реализација теренската вежба „Здружена реакција-17“. Вежбата „Здружена реакција-17“ беше заедничка вежба на воената полиција од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Националната гарда на сојузната држава Вермонт, Националната гарда на сојузната држава Минесота и секако припадници на Воената полиција од составот на Здружената оперативната команда.
02.10 до 06.10-Се реализира вежбата „Македонски Блесок-13“ на која се изврши НАТО реоценување на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година. Со ова по вторпат оваа најголема декларирана единица се здоби со сертификатот на НАТО „Борбено подготвени“.
09.11.2017-Во Скопје се оддржа дваесет и првата Конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба. Оваа година за првпат покрај работење на функционалните групи во однос на безбедноста, обуката и вежби, логистика и главните подофицери започна со работа групата за комуникации и сајбер одбраната.
05.12.2017-Во Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, од страна на Врховниот командант, НГШ на АРМ и Амбасадорот на САД во Р. Македонија Н.Е. Џес Бејли официјално се отвори и во оперативна функција се стави Центарот за симулации чие опремување е донација од САД.
13.12.2017-Се одржа јубилејното „10-то Армиско првенство во крос-кантри трчање“.
07.12 до 15.12.2017-Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари повеќе средби на високо ниво во одделот за мировни операции на Обединетите Нации, а имаше обраќање и пред претставници на Конгресот на САД кои за прв пат имаа прилика од страна на Началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија, да се запознаат со напорите кои Република Македонија ги прави во полето на одбраната за полноправно членство во Евроатланските структури,
И оваа јубилејна година Армијата на Република Македонија продолжи ги спроведува мерките согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов од 24.09.2015 година за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција. Покрај останатото припадниците на АРМ се ангажираа во справување со природни непогоди и давајќи помош на цивилното население. Така во период од 27.07 до средината на месец август, се ангажираше со два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ и 60 припадници од четвртиот баталјон од 1. пешадиска бригада на АРМ од Кичево учествуваше во гасењето на пожарот во атарот на село Требовље.
Припадниците на инженерискиот баталјон од првата механизирана пешадиска бригада уште еднаш ги ставија на располагање своите вештини во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти, во случајот со целосна изградба на нов дрвен мост во село Порој, општина Тетово.
Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една во мисијата „Унифил“ во Либан.
Претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов придружуван од министерот за одбрана Н.Е. Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница во реонот на Гевгелија.
На 1-ви март, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одбележаа 22 години од формирањето на Полкот за специјални операции.
На 9-ти мај, во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец, извршено е примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада.
Во време од 7-ми до 17-ти Јуни во Република Полска, Армијата на Република Македонија учествуваше на меѓународната вежба „Анаконда-16“ со 157 припадници во состав, пешадиска чета, вод на воената полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал.
Во период од 31-ви јули до 4-ти август, во Кабул, ИР Авганистан, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ги посети припадниците на АРМ кои се ангажирани во мисијата „Одлучна поддршка“, во текот на посетата генералот Величковски оствари средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“ генерал Џон Николсон,
Како последица на невремето кое го зафати околината на Скопје во која животот го загубија 21 лице, Армијата на Република Македонија ги стави сите потребни капацитети на во справување со последиците од невремето, а резултатите од пожртвуваноста беа видливи. Во текот на ангажирањето кое АРМ го спроведе во 5 фази беа исчистени од наноси 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти, исчистени и дезинфицирани 12,750 метри улици, дезинфицирани беа 1014 куќи. Покрај тоа беа ангажирани во регулирање на сообраќајот заедно со сообраќајната полиција на МВР.
На 18-ти август на централната свеченост по повод Денот на АРМ. претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов додели, Орден за воени заслуги на Баталјонот на Воена полиција и Орден за воени заслуги на Инженериски баталјон.
Во периодот од 19-ти до 25-ти септември, во ВИП Арената „Спортски центар Борис Трајковски“ се одржуваше 31-то Светско воено првенство во борење.
Од 2-ри до 7-ми октомври 250 припадници на АРМ и претставници на армии од 21 држава членка на НАТО и Партнерство за Мир учествуваа на теренска вежба „Македонски Блесок-12“. Вежбата се спроведе во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“. На вежбата се изврши НАТО оценување НИВО-1, согласно концептот за оперативни способности на декларираната ренџерска чета од составот на Полкот за специјални операции (ПСО).
На 10-ти ноември, во касарната „Илинден“ припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележа денот на единицата, воедно и примопредавање на должноста командант на единицата.
На 28-ми ноември, со указ на претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во генералски чин е унапреден полковник Орце Јордев командант на полкот за специјални операции. За висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел е назначен генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, бригаден генерал Зоран Милевски е поставен на местото командант на ЗОК, а за командант на првата механизирана пешадиска бригада е поставен бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
На ден 23-ти декември, во Домот на АРМ во Скопје, главните подофицери во командите и единиците на АРМ пред началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, брифираа за реализираните и претстојните активности на подофицерскиот кор на АРМ. На состанокот беа промовирани ознаките за главни и први подофицери согласно Уредбата за единствен знак за припадност во АРМ.
АРМ и во текот на 2016 година продолжи ги спроведува мерките согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов од 24.09.2015 година за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција. Припадниците на АРМ извршувајќи ги задачите крајно професионално, секојдневно спречуваа десетици, а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница при што до крајот на годината се спречени повеќе од дваесет илјади такви обиди, со примена на меѓународните норми и коректен однос кон сите обиди за нелегално поминување. Хуманиот третман најдобро се виде при спасувањето на четири мигранти од надојдените води на Сува Река на ден 14.03.2016 година. Признание за успешното извршување на задачите беше оддадено и од страна на Врховниот Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов кој во текот на годината четири пати ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница.
Во оваа година АРМ имаше интензивни меѓународните активности, пред се искажаната поддршка при посетите од највисоките армиски структури на земјите од Вишеградската група (Чешка,Словачка,Унгарија и Полска) кои непосредно пред самитот на НАТО во Варшава остварија посети на АРМ (од кои НГШ на Полска за прв пат) при кои посети беше искажана голема поддршка и пофалби за начинот на кој АРМ се справува со бегалската криза. За прв пат досега беше остварена посета и средба на ниво на Началници на Генералштабови помеѓу АРМ и армијата на Обединетото Кралство.
Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една во мисијата „Унифил“ во Либан.
На 16 јануари, во Домот на АРМ во Скопје свечено се одбележа завршувањето на 12 – годишната мировна мисија ИСАФ која се реализираше во Исламската Република Авганистан.
Во текот на месец февруари, припадници на АРМ се ангажираа на санирање на последиците на поплавените подрачја во Пелагонискиот регион.
Во период од 02-ри до 05-ти јуни, во Домот на АРМ во Скопје се реализира годишен состанок на началниците за логистика на земјите членки на А5 потписнички на Јадранската повелба.
Во текот на првата половина на месец август припадници на АРМ се ангажираа на санирање на последиците во поплавените подрачја во тетовскиот регион со ангажирање на инженериски машини и цистерни со вода за пиење за локалните жители. Припадниците на инженерискиот баталјон беа ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштетувања после поплавите.
На централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ. Претседателот Ѓорге Иванов со указ назначи нов началник на ГШ. Военото знаме на ГШ свечено беше предадено во рацете на генерал потполковник Методија Величковски кој доаѓа на должноста од местото командант на Здружената оперативна команда.
На 27 август 2015 година, во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, се изврши свечено примопредавање на должноста заменик на началникот на Генералштабот. Должноста Заменик на НГШ на АРМ од генерал–потполковник Насер Сејдини ја прими генерал-мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на Здружената оперативна команда.
Врз основа на одлуката на Претседателот на Република Македонија на 21.08 припадници на Армијата на Република Македонија се распоредија на јужната граница, со цел зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција.
На 17-ти септември 2015 година, во хотелот Гранит во Охрид, се одржа деветнаесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба (А-5).
Посета и евалуација на декларираните единици од АРМ од Командата на бригадата на Југоисточна Европа во период од 16-19 ноември
Од страна на припадниците на инженерискиот баталјон од 05.12.2015 година со цел спречување на нелегално минување на државната граница и насочување на мигрантите на определеното место за регистрирање се отпочна со изградба на безбедносна жичана ограда долж јужната граница.
Декларираната чета на Воена Полиција успешно го спроведе НАТО оценувањето ниво 2, додека декларираната ренџерска чета спроведе самооценување ниво 1, за време на вежбата „Македонски Блесок – 11“.
Оценување на чета од Воена Полиција и на вежбата „Македонски Блесок 11“ (06.10.2015)
Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата„Одлучна Поддршка“ во И.Р. Авганистан “ и „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една ротација со штабен старешина во мисијата Унифил во Либан.
Во текот на 2015 година припадниците на АРМ учествуваа на повеќе меѓународни вежби, меѓу кои: „Joint Reaction-15“, “Trident Juncture-15”, „Saber Junction-15“ „Immediate Response-15“ и други.
АРМ продолжи со успех да ги извршува произлезените задачи од процесот на трансформација. Командите и единиците на АРМ се ангажирани во одржување и подобрување на борбената готовност и контролата на обученоста.
Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контигенти во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
Во текот на годината се започна со подготовка за учество на припадници на АРМ во мисијата наследник на „ИСАФ“ со име „Одлучна поддршка“ кои заминаа на извршување на доделените задачи во месец декември. Во склоп на новата мисија АРМ учествува со сили за обезбедување на главната команда на мисијата и штабни старешини во Командата за Обука Советување и Асистенција во Регионалните команди Главен град и Север.
Оваа година согласно одлуката за определување на ден на единиците на АРМ донесена од Претседателот и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, за прв пат со воена свеченост се одбележа 17-ти октомври – Денот на ЗОК, како носител на традициите на формирањето на Штабот на Кресненското востание.
Во текот на 2014 година се реализира вежбата „Македонски блесок – 10“ на АП Криволак во период 05. – 12.04.2014 година, каде со успех е извршено НАТО оценување НИВО – 2 на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценување НИВО-2 на Лесната маневарска болница (ЛМБ) Ниво-2;
НАТО самооценување НИВО-2 имаше и четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ) во период од 12 до 16.05.2014 година, со оцена „Подготвени за борбени операции“. Четата во периодот од 02-13.06.2014 година учествуваше на вежбата „Брз лав“ во Кралството Белгија, со што од 01.07.2014 година, како дел од ЕУБГ 2014-2, стапи во оперативна готовност за употреба до 31.12.2014 година.
За потребите на единиците на АРМ и поддршка на цивилните структури на Република Македонија единиците на АРМ изведуваа поголем број на инженериски работи. Во рамки на проектот за соработка на АРМ со локалната самоуправа во Република Македонија, воениот оркестар на АРМ и припадниците на баталјонот за почести во неколку градови на Република Македонија имаа свој настапи.
АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
На ден 30-ти јули Врховниот командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов ја пушти во употреба веб страницата на АРМ.
За прв пат во историјата на АРМ, Воениот дувачки оркестар на АРМ одржа концерт на плоштадот Македонија по повод 18-ти Август Денот на АРМ.
На 19-ти септември во Генералштабот на АРМ се одржа средба со естрадни уметници и претставници на институции кои настапуваа и го помогнаа концертот по повод Денот на АРМ кој се одржа на 16-ти август 2013 година на плоштадот ,,Македонија“ во Скопје. За таа прилика Началникот на ГШ на АРМ им додели ,,Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка“ на: Есма Реџепова-Теодосиевска, Блага Петреска, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, Универзална сала, ДЈ Никифор, Телевизија Сител, Антена 5 Радио и Детскиот Културен Центар „Карпош“ од Скопје.
Во период од 30-ти септември до 2-ри октомври во спортската сала „Расадник“ во Скопје се одржа меѓународниот „5-ти Футсал Куп за мир“. На куп покрај екипата на Армијата на Република Македонија како домаќин учество земаа екипите за футсал од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
На ден 17-ти декември 2013 година, Воениот оркестар на АРМ во Домот на АРМ во Скопје го изведе Новогодишниот концерт. На концертот присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, генералите на АРМ, клучниот персонал во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и дел од воените аташеи акредитирани во Република Македонија.
На ден 24-ти декември во Домот на АРМ во Скопје, се изврши презентација на новата службена униформа на АРМ, на која присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО и ГШ на АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, пензионираните генерали на АРМ и претставници на медиумите.
Започна нов циклус на трансформација. Процесот е планиран во текот на 2010-2011 година, а е донесен во тесна соработка со НАТО и стратегискиот партнер САД.
АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
На 21 април на АП Криволак се одржа методско показна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“. На вежбата учествуваа единици од артилерискиот баталјон, минофрлачка батерија и тенковските единици од ЗОК.
Оваа година АРМ на РМ го прослави јубилејот „20 години АРМ“. По повод овој Јубилеј беа организирани различни активности кои вклучуваа хуманитарна помош, свечена академија, тактичко-технички зборови, кроводарителски акции, спортски натпревари и слично. Централната прослава за овој јубилеј се одржа во касарната Илинден на 18-ти август.
Во текот на 2012 година се изведоа следниве вежби:
- COOPERATIVE LONGBOW LANCER 2012 – оваа вежба е од делот на НАТО/ПзМ вежбите. Во улога на носител на вежбата беше АРМ и Копнената команда на НАТО од Мадрид со вкупно 1650 учесници од република Македонија и НАТО/ПзМ земјите.
- пСО од АРМ беше носител на меѓународна здружена вежба на специјалните сили на балканските земји Б-9 „WISE WOLF“. Вежбата се реализра во период од 01.06. до 10.06.2012 година на АП Криволак и ЦОВ Охрид.
- Во билатералната соработка помеѓу АРМ и Армијата на Република Словенија изведена е вежбата „Предизвик 2012“. На вежбата учествуваа ПВО единици од двете земји, а се реализираа боеви гаѓања на цели во ВоП со РС „Игла“ и воспоставување и одржување на С2 системи.
- Во билатералнта соработка со армијата на Кралството Норвешка реализирана е вежбата „Сигурен пат – 12“ за проверка на интероперабилноста и демонстрација на капацитетите и способностите на донираната полска болница (ROLE-2)
Командата за логистичка поддршка се трансформира во бригада за Логистичка Поддршка. Истата се претпочини на ЗОК.
Со трансформацијата се сумираа 1.мпбр од Штип и 2.мпбр од Кичево и се формира 1.мпбр. Командата на бригадата е лоцирана во касарната НХ Страшо Пинџур во Петровец, од каде командува со потчинетите единици.
На 14.08.2012 година полкот за Специјални Операции беше одликуван со „Орден за заслуги“. Орденот беше доделен од Претседателот на Република Македонија, господинот д-р Ѓорге Иванов.
На 07.12. НГШ на АРМ присуствуваше на свечено промовирање на „Музеј за мировни безбедносно одбранбени истражувања“ во Музеј на Македонија.
АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
Владата во 2011 година го одобри Долгорочниот план за развој на одбраната 2011-2020 година. Со ова се обезбеди единство на институционалните напори за систематски развој на одбраната и усогласување на лимитираните ресурси со клучните развојни приоритети.
Во 2011 година, претседателот на државата, како врховен командант на вооружените сили, донесе Одлука за преструктуирање на командите и единиците на Армијата.
Во текот на 2011 година реализирани се следниве значајни вежби на АРМ:
- Вежбата „Македонски блесок 07“ е организирана и реализирана за оценување на пешадиската баталјонска борбена група и механизираната чета од составот на силите на ЕУ БГ 2012/2 во месец април;
- Вежбата „Македонски блесок 08“, за оценување на механизираната чета од составот на силите на ЕУ БГ 2012/2 во месец октомври и
- Вежбата „Предизвик 2011“ како билатерална вежба за обука на ПВО персонал и единици на АРМ и на војската на Словенија во месец септември.
- Мултинационалната медицинска вежба „MEDCEUR 11“. Вежбата се реализира на Армискиот полигон „Криволак“ во период од 06-17.06.2011 година. реализацијата на вежбата овозможи подобрување на регионалната подготвеност на медицинскиот персонал за учество во операции за одговор на криза, помош при катастрофи и хуманитарна помош, со вклучување на МВР, ДЗС, ЦУК, црвен крст на РМ, Министерството за здравство и армиите ан САД, Австрија, Бих, Бугарија, Србија, Словенија, Норвешка и Црна Гора.
НГШ на АРМ беше прогласен за почесен член на националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт. Прогласувањето беше извршено од страна на НГ на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби на ден 16.03. во Домот на АРМ во Скопје.
На 8-ми Јуни во Охрид се одржа петтата конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји.
На 22 Јуни се одржа церемонија за доделување на орденот „легија на заслуги“ на НГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски од Амбасадорот на САД во РМ Н.Е. Филип Рикер.
На 18 август на Централната свеченост по повод Денот на АРМ, во Центарот за обука на вода во Охрид, во присуство на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија, се изврши примопредавање на должноста Началник на генералштабот на АРМ.
Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал–мајор Горанчо Котески од генерал–потполковник Мирослав Стојановски.
На 21 септември во организација на пСО на АРМ се одржа Меѓународната показна вежба „Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“.
На 21 декември се одржа церемонија за свечено отварање на Воено медицинскиот центар на АРМ.
Од страна на Претседателот на Република Македонија беа одликувани 6 лица со медал за храброст заради извлекување на лица од рудникот Бучим.
Здружена Оперативна Команда се трансформира во нова организациско-формациска структура согласно стандардите на НАТО организирана во секции од Ј-1 до Ј-9 и намален број на потчинети единици.
Со Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Командата за операции на НАТО од 2011 година се регулира поврзувањето на националните капацитети за воздушно набљудување и јавување со Интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на НАТО.
АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
Во период од 19.04 до 23.04. се организира и реализира вежбата „Македонски блесок 06“. Целта на вежбата беше оценување според ОCC концептот. Вежбата се реализира на полигон Пенуш во Штип.
Во период од 17.05. до 31.05 на Армискиот полигон Криволак се реализира меѓународната вежба „Светлина-10“. Целта на оваа вежба е справување во постконфликтни ситуации и операции. На вежбата земаа учество претставници на државниот колеџ „Индијана Ривер“, „Форд Пирс“, Флорида и Воената академија „Вест Поинт“ од САД, како и претставници од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, МО на РМ и МВР, ДЗС, ЦУК, Црвениот крст на РМ, АРМ и други хуманитарни организации и институции во РМ.
Во период од 24.10 до 03.11. се организира и реализира вежбата „Балкански блесок 2010“. Целта на вежбата беше заокружување на оценувањето според ОCC концептот на средниот пешадиски баталјон и декларираните единици (АП Криволак).
Земјата беше домаќин на четвртата координативна средба на земјите – учеснички во ЕУБГ 11/2012. На средбата се потпиша писмо со намера АРМ да учествува во оваа борбена група со придонес на трупа до 150 војници.
На 4-ти ноември во Скопје се одржа тринаесеттиот состанок на началниците на генералштабовите на армиите од земјите од Јадранската повелба А5.
На 30 септември пСО во реонот на Матка изведе показна вежба „Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“.
На 23 декември капетанот Христијан Ѓоргов е одликуван со медал за посебни заслуги на Либанската армија, поради постигнатите одлични резултати и унапредување на штабната работа во рамките на Здружено оперативниот Центар (УНИФИЛ) во Нагура, Либија.
Во 2010 година Воената болница се трансформира во Градска општа болница „8 Септември“ и Воено медицински центар на АРМ.
Од нашиот придонес со сили во ИСАФ, кој започна во 2002 година, 2010 година се одбележа како година во која се постигна највисоко ниво ангажираност со вкупно 250 војници во една ротација.
Министерството за одбрана, во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите од 2006 година, а како дел од неговата Стратегија за управување со човечки ресурси ја усвои Програмата за еднакви можности на жените и мажите. Целта беше да се постигне родова интеграција во министерството и да се отстранат пречките за пружање еднакви можности и еднаков третман на мажите и жените.
Беше рестартирана Воената Академија.
АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
Во период од 06-08 февруари се одржа првиот регионален армиски куп во биатлон во Маврово.
Во етерот беше пренесена свеченоста по повод доделување на признанието „Ѕидот на беспрекорието“ на главниот наредник, Бобан Стојановиќ главен подофицер на АРМ од страна на армијата на САД.
На 15-ти август Началникот на КОЈ даде изјава за сите медиуми по повод експлозија пред самиот влез на Командата на ИСАФ во Кабул, од каде четири наши војници се здобија со повреди.
Во период од 19.10-27.10.2009 година се одржа вежбата „Македонски блесок 05“. Во склоп на вежбата се изврши и Самооценување НИВО-2 CREVAL на средниот пешадиски баталјон и четата на воена полиција.
Во рамките на билатералната вежба „Предизвик 09“ од страна на бнПВО беше извршено гаѓање со „ИГЛА“ на АП „Криволак“. Гаѓањето беше реализирано заедно со претставниците на Армијата на Република Словенија.
За прв пат во Република Македонија се одржа Форум на подофицерскиот кор на Централна и Југоисточна Европа.
На 14-ти декември се одржа свеченост за доделување на одликување на припадниците од полкот за специјални операции за учество во мисијата „Слобода за Ирак“.
Во период од 12-23.10 во Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин во Скопје се реализира логистичката командна штабна вежба „LOGEX 09“. На вежбата учество земаа претставници од Р. Македонија, Р. Хрватска, Р. Албанија USJFCOM и USEUCOM. Како набљудувачи на вежбата беа претставници од Црна Гора, Данска, Украина и Грузија. Во склоп на самата вежба беше реализирана посета на акредитираните воени аташеи во Р. Македонија.
АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак, ИСАФ во Авганистан, мисијата АЛТЕА во БиХ и во мисијата УНИФИЛ во Либан.
Оваа година беше последната во мисијата „Слобода за Ирак“. АРМ, предводена од САД партиципираше од 2003 година со вкупно 11 извршени ротации, или вкупна бројка од 490 лица воен персонал. Иницијалниот придонес со еден вод за специјална намена во 2008 година беше дополнително зајакнат со уште еден вод.
На 12 јануари во 12.00 часот при враќање од мисијата АЛТЕА во БиХ во местото Блаце, Р. Македонија се случи хеликоптерска несреќа во која животот го загубија 11 припадници на АРМ.
Во домот на АРМ на 15 февруари се одржа церемонија за постхумно почесно прогласување на почесни ветерани на единаесет трагично загинати припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Блаце.
На 26 и 27 март се одржа заедничка штабна симулациска вежба под името „Поплава–08“ во која учествуваа Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на други министерства во Владата на Република Македонија.
Оваа година беше организирана вежбата „Македонски блесок 03“ на која е извршено самооценување НИВО-I според Концептот за оперативни способности на декларираните единици на ЗОК (среден пешадиски баталјон од 1.мпбр и декларирана чета од бВП).
Организирана и реализирана е вежба „Македонски блесок 04“, вежба на специјалните единици на земјите-членки на групата А-3, со учество на тимови за специјални операции од ВС на Република Македонија и Република Албанија, додека Република Хрватска учествуваше со набљудувачи. Како набљудувачи на вежбата присуствуваа и претставници на ВС на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. На оваа вежба е извршено НАТО оценување НИВО-1, според Концептот за оперативни способности на декларираните единици на ЗОК (среден пешадиски баталјон од 1.мпбр, хеликоптерски детачмент од вВИНГ и декларирана чета од бВП).
Во период од 26-30 мај на територијата на Република Македонија беше реализирана мисија за обука според меѓународниот договор „Отворено небо“ во соработка со СР Германија и Р. Унгарија.
На 17 јули во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа свеченост по повод завршувањето на учеството на хеликоптерскиот детачмент на АРМ во мисијата АЛТЕА во БиХ.
По повод денот на независноста на Република Македонија, 8-ми Септември, во рамките на Охридскиот атлетски маратон кој се одржува секоја година во Охрид, се одржа Првиот воен атлетски маратон.
Во касарната „Илинден“ во Скопје на 19 септември се одржа свечено отварање на воената вежба „Јадрански орел 08“ на кој учество земаа припадниците на специјалните единици на Армиите на Јадранската група.
На 7 ноември во Домот на АРМ во Скопје се одржа церемонија за постхумно доделување на „Медал за служба на Европската безбедносна одбранбена политика“ кои беа доделени на семејствата на загинатите припадници на АРМ.
Грција примени вето за поканата за членство на Македонија во НАТО за време на Букурешкиот самит во април. Македонија беше изоставена од напредокот на таканаречената Јадранска повелба, бидејќи Хрватска и Албанија добија покана за членство во НАТО.
Во 2008 година се воспостави стратегиското партнерство со САД. Со ова се создадоа услови за уште посилна поддршка на Република Македонија во подготовките за членство во НАТО, особено во делот на едукацијата на офицерите, обуката, опремувањето на АРМ и заедничкото учество во меѓународни операции.
АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак, ИСАФ во Авганистан, и мисијата АЛТЕА во БиХ.
Од 16.05. оваа година еден штабен офицер од АРМ зеде учество во мисијата УНИФИЛ во Либан.
На 31.05 Командата на СЕЕБРИГ беше преместена од Костанца, Република Романија во Истанбул, Република Турција.
Во склоп на ММСЈИЕ во ноември 2007 во Костанца, Република Романија се одржа вежбата „Седум Ѕвезди“.
Се изведе вежбата „Македонски блесок–1“. Вежбата се изведе заедно со припадниците на ВС на Велика Британија. На оваа вежба од АРМ беше ангажиран персонал од околу 500 лица.
Организирана и изведена е вежба „Македонски блесок–2“. Ова претставуваше вежба на специјалните единици на земјите членки на А-3, со учество на тимови специјални операции од ВС на Република Македонија и република Албанија. Република Хрватска учествуваше со набљудувачи.
Како национални вежби, а во согласност со „Упатството за оперативни и други постапки на Армијата во поддршка на полицијата во случај на кризна состојба“ реализирани се две вежби со МВР:
Вежбата „ЛИНК – 07“ претставуваше комуникациско –оперативна вежба каде беа вклучени штабни офицери од ГШ на АРМ и МВР, се извежбуваа разни супозиции, размена на податоци и постапки на двете институции во различни ситуации, функционирање на врските и текот на информациите помеѓу двете институции.
Вежбата „Водно 07“ која се одвиваше во период од 29 до 30.05.2007 година, беше заедничка вежба на АРМ и МВР во која учество зедоа мали единици на тимови за специјални операции од АРМ и МВР, како и штабни офицери од ГШ на АРМ и МВР.
За прв пат во ЗОК и потчинетите единици на ЗОК профункционира работата во областа на односи со јавноста и комуникациите.
Во 2007 година командата за обука започна со прием и обука на граѓани на доброволно служење на воениот рок.
За постигнатите исклучителни заслуги на планот на одбраната, со Указ на Претседателот на Република Македонија на 18.08.2007 година, 1.мпбр е одликувана со „Орден за воени заслуги“.
Во годините 2006-2007 година војската беше целосно професионализирана.
Во мај, Собранието ја одобри забраната за задолжителна регрутација.
АРМ согласно нејзината определба се движеше кон целосна професионализација. Ова се изврши преку организација на курсеви и школувања на Воената академија, што претставуваше еден од условите за членство во НАТО.
АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и ИСАФ во Авганистан.
На 24 март во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ се одржа свеченост по повод промоцијата на Втората механизирана пешадиска бригада. Истата се одвиваше во присуство на претседателот на државата Бранко Црвенковски.
На 5 и 6 април се реализира заедничката вежба „НАСЕТ 06“ помеѓу ГШ и НАТО штабот во Скопје.
На 12 април се промовираа баталјонот за врски, логб, 1.логб, 2.логб и 3. логб од составот на КЛП, а во текот на истиот месец беа промовирани и оклопниот баталјон и самоодниот хаубички баталјон од составот на ЗОК.
Од 10 до 23 септември беше реализирана воена вежба „Надоаѓање на современата армија“ во Центарот за обука во Пепелиште во која учество зедоа единици на Воената полиција на АРМ и Националната гарда од Вермонт, САД.
Во септември оваа година се промовира баталјонот на Воена полиција.
ОД 2 до 8 октомври се одржа заедничка вежба на специјалните единици на армиите на Македонија и Р. Бугарија, „Балкански волк“.
На 28 октомври беше изведена една од најголемите тактички вежби под името „Засилена механизирана чета во напад“. Вежбата ја изведоа Леопардите од 2мпбр.
Во рамките на иницијативата на Мултинационалните мировни сили на ЈИЕ за првпат од неговото формирање штабот на СЕЕБРИГ беше упатен во мировна мисија. Република Македонија партиципираше со 10 припадници од АРМ, а мисијата се одвиваше во период од февруари до август 2006 година како дел од контингентот ИСАФ во Авганистан.
На 23.11.2006 година се изврши промоција на пСО.
Оваа година се изврши дислокација на схаб од гарнизонот Прилеп во Гарнизонот во Велес.
На 14.07.2006 година во мисијата АЛТЕА во БиХ, со еден контингент во операцијата „Букефал“ за прв пат во историјата на АРМ учество зеде и военото воздухопловство на АРМ (под капата на ЗОК). Задачите на оваа операција беа транспорт на трупи и ВИП персонал, набљудување на воздушниот простор, посебно пограничните региони и пружање на помош на цивилни структури при елементарни и други непогоди.
На 20 ноември замина првата ротација на Медицинскиот тим (9 лица) во рамките на мисијата АЛТЕА во БиХ.
Оваа година се изврши укинување на ЦОБР и РБП – потчинети единици на КзО.
Министерството за одбрана ја основа Единицата за подготовка за враќање во цивилниот живот која имаше за цел да ги подготви припадниците на Армијата за враќање во цивилниот живот по завршувањето на нивната кариера во Армијата. Припадниците на Армијата повторно поминаа низ обука за да се здобијат со вештини кои се сметаа за корисни за транзицијата во цивилниот живот.
Во 2005 година АРМ целосно го предаде граничното обезбедување на МВР:
- На 01.05.2005 година извршено е примо-предавање на северната граница.
- На 01.09.2005 година извршено е примо-предавање на западната граница.
АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и ИСАФ во Авганистан.
Во период од 22.02 до 23.02.2005 година се одржа комбинираната вежба „НАСЕТ 05“, елемент за обука на персоналот помеѓу ГШ на АРМ и НАТО Штабот во Скопје. Со оваа вежба дел од персоналот од ГШ на АРМ се извежба и обучи за брза реакција во случај на вонредни настани и одговор на барањата од страна на НШС.
Република Македонија е примена за членка на Меѓународниот совет за воени спортови.
Организација и учество во НАТО/ПзМ командно-штабната вежба „Кооперативно здружување 05“ која се одржа на Воената академија во Скопје.
Оваа година со трансформација на армијата се формира ЦЕИ, четата за АБХО, се трансформираа ККоВ во ЗОК, КЛ во КЛП, инж полк во инженериски баталјон, вВИНГ и ГШ на АРМ, гардиски баталјон во бПО, 1.пбр во 1.мпбр, бВНЈ во АСОК и бОбЛогПоддршка.
Оваа година за прв пат од Воената Болница беше упатен медицински тим во заедничкиот А-3 медицински тим во ИСАФ мисијата во Кабул, Авганистан.
На 6-ти јули пред Генералштабот на АРМ се одви свеченост по повод примопредавањето на должноста Началник на генералштаб на АРМ. Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал–мајор Мирослав Стојановски од генерал–мајор Ѓорѓи Бојаџиев.
АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и ИСАФ во Авганистан.
Започна процесот на професионализација на АРМ.
Врховниот командант на ВС и Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, загина во авионска несреќа во Босна на 27. февруари. Претседателот беше погребан со највисоки воените почести.
На 12 март се изврши примопредавање на должноста Началник на генералштаб на АРМ.
Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал – мајор Ѓорѓи Бојаџиев од генерал Методи Стамболиски.
Во 2004 година АРМ постепено започна со предавање на граничното обезбедување на МВР:
- На 07.05.2004 година извршено е примо-предавање на јужната граница помеѓу 2.грб и гранична полиција.
- На 01.09.2004 година извршено е примо-предавање на источната граница помеѓу 2.грб и гранична полиција.
Оваа година се изведе вежбата Чебрен. Вежбата се изведе заедно со припадниците на МВР.
Актерот Миле Грозданов изврши посета на 18 издвоени објекти – караули каде ја изведе мелодрамата „Хронологија од група автори“.
Организирана и изведена е билатералната вежба „Заеднички коридор 2004“. Вежбата е изведена од страна на командата и единиците на КОВ.
Отпочнат е процес за модернизација на воздухопловни со уреди за ноќно летање.
За прв пат во историјата на АРМ е организирано и изведено гаѓање на цели во воздух (падобранци) со ПАТ 20/3 мм.
Оваа година се изврши укинување на ЦОРСЕ – Скопје, дел од единиците се предислоцирани во ЦОБР и РБП – Битола и ЛНЦ – Скопје, дел од единиците се предислоцирани во гарнизонот Велес.
Касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје е предадена на МВР.
Преку ФМФ фондовите на САД целосно беа опремени неколку центри за изучување на странски јазици.
Проектот го потпомогна изучувањето, пред се на англискиот јазик на персоналот од АРМ.
АРМ продолжи со својата учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан.
Во јуни АРМ започна со учество во мисијата во Ирак – „Слобода за Ирак“.
Во мај 2003 година владата на Република Македонија направи Стратегиски одбранбен преглед, што доведе до усвојувањето на нова државна стратегија за безбедност (Национална концепција за безбедност и одбрана), како и Политичка рамка истата година. Оваа правна рамка имаше за цел да ја реформира територијалната одбрана на војската во однос на употребливост и одржливост.
Во декември 2003 година, Командата за Специјални Единци прерасна во Команда на Одред за Специјални Намени, Одредот за Специјални Дејства се трансформира во Баталјон за Специјални Намени, се формира Ренџерски Баталјон (од Извидувачки Баталјон и падобранската единица од Петровец), а бВП излезе од составот на КСЕ и ИБ и остана да постои како таква единица.
Македонското Собрание ја усвои Националната концепција за безбедност и одбрана, важен стратешки документ за безбедносниот сектор со кој се дефинираат заканите, стратешките интереси и вредностите на македонската безбедност.
По повод Денот на АРМ – 18-ти Август од страна на 1.пбр беше реализирана вежбата „Здружено копнена – воздушна операција за поддршка на мирот“. Со вежбата раководеше командантот на КоВ.
Во текот на оваа година се одвиваше трансформација на командата на 1.Корпус во команда на КоВ. Како дел на трансформацијата извршено е гасење и расформираење на 25.лпбр, 41 лпбр, 1.мап и 1.мпоап, како и извршена е трансформација на центарот за обука на граничари и формирање на 8.пбр
Логистичкиот наставен центар од 01.04.2013 година започна да функционира по новата поставеност.
29 април – Одбележана 50-годишнината од Организацијата на воените старешини на РМ. За своето полувековно организирано и активно постоење Сојузот на воените старешини на РМ цврсто се втемели во нашето постоење како државна заедница. Активностите и задачите на планот на едукација и на обучување на резервните воени старешини ОВРСМ го остварува во непосредна соработка со МО и со ГШ на АРМ и според НАТО стандарди.
Јануари–август, Имплементација на Рамковниот договор. Враќање на мирот, но политиката и безбедносната состојба и натаму не е стабилна и е оптоварена со нерешени прашања. Распишување парламентарни избори …
Првиот придонес на Република Македонија надвор од нејзините граници започна во 2002 година во рамките на НАТО-предводената мисија ИСАФ во Авганистан.
23 февруари – Во Скопје е потпишан договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ.
13 мај – Формирана Владата на политичко единство со цел да зајакне безбедноста на државата и да дојде до нејзино стабилизирање.
30 мај – Собранието на РМ го донесе Законот за одбрана (Сл. весник на РМ бр. 42 од 1 јуни 2001 година). Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ е донесен на 14 февруари 1992 година.
23 јуни – Двата борбени авиони „Сухој 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејства над македонското небо.
13 август – Претседателот на РМ Борис Трајковски, и лидерите на ВМРО – ДПМНЕ – Љубчо Георгиевски, на СДСМ – Бранко Црвенковски, на ДПА – Арбен Џафери и на ПДП – Имер Имери, го потпишаа Рамковниот договор за разрешување на политичката и безбедносната криза во земјата. Согласно со Договорот, следеше мисијата „Жетва“, а потоа и мисијата на „Килибарните лисици“ во нашата земја.
Со трансформација на Армијата на 19 март 2001 во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје беше формирана Командата за обука на Армијата на Република Македонија со три центри за обука: Центар за пешадиска обука (Битола), Центар за граничари (Велес) и Центар за родови и служби (Скопје).
Центар за контрола на вооружувањето се вклучи во новата формација на ГШ на АРМ.
14 март – Претседателот на РМ Борис Трајковски донесе уредба за видот на униформите на припадниците на АРМ.
19 јануари – Во Скопје во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во РМ.
16 јуни – Основана е Првата гранична бригада на Армијата на Република Македонија.
21 април – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието „Современа македонска одбрана“.
16 октомври – Врховниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Борис Трајковски и го предаде военото знаме на Првата пешадиска бригада од силите за брзи реакции од првиот корпус на АРМ. Со тоа е промовирана почетната оперативна готовност на Бригадата.
19 декември – Во Скопје, во Воената академија на РМ, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО.
Во состав на ГШ на АРМ формиран е Центар за контрола на вооружувањето. Истиот е потчинет на Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ.
2 март – Во Скопје, во касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука, денес Воена академија на РМ.
29 јули – Во Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” во Скопје е промовирано произведување во офицерски чин потпоручник на питомците од првата генерација.
15 јуни – Во Република Македонија беше изведена воздушна вежба на НАТО „Решителен сокол“, со учество на 79 авиони. На вежбата учествуваа и припадници на единицата за специјални намени “волци”.
11 – 18 септември – На полигонот „Криволак“ се одржа мултинационалната вежба „Најдобар кооперативен зафат ’98“ со учество на 26 земји, од што 13 земји членки на НАТО и исто толку на ПзМ.
2 декември – Владата на РМ донесе одлука за доаѓање на НАТО силите во Република Македонија во функција за извлекување на верификационата мисија на НАТО во Косово.
24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11 до 17 мај 1997 година, „Спасител ’97“.
12 – 16 мај – На воениот полигон Пепелиште, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба „Спасител ’97“, прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.
22–31, август – Во Пепелиште се одржа билатералната „Медицинска вежба ’97-2“.
1 февруари – Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ОН – УНПРЕДЕП да станат целосно независна операција во Р. Македонија.
14 јуни – Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски.
14 јули – Единица на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалните воени маневри „Мировен орел ’96“. Тоа е прва вежба од таков вид на единица на АРМ.
7 јуни – Собранието на Република Македонија го донесе Законот за Воена академија на РМ (Сл. весник на РМ бр. 30 од 14 јуни 1995) 17 август – Во Скопје, во составот на весникот „Вечер“, излезе првиот број на „Армиски збор“, весник на Армијата на Република Македонија.
15 ноември – Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО „Партнерството за мир“.
14 јуни – Војската на СР Југославија влезе 250 метри на територијата на Република Македонија кај месноста Чупино Брдо, кај Крива Паланка. Се повлече на 2 јули 1994 година.
3 јуни – Владата на Република Македонија донесе одлука со која 18 август, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“ во 1943 година, го прогласи за Ден на Армијата на Република Македонија.
14 февруари – Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за одбрана на Република Македонија (Службен весник на РМ, број 8 од 15 февруари 1992 година).
21 февруари – Во Скопје е склучен договор меѓу претседателот на РМ, Киро Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана на СФРЈ, Благоја Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Република Македонија.
11 март – Постариот водник Сонко Ангеловски, за прв пат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата „Рамна нива“ на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Истиот ден се преземени и караулите „Рамна нива“ и „Коприва“.
17 март – При пречекот на делегацијата на Република Словенија на чело со претседателот Кучан, за прв пат при пречек на висок гостин беше интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат беше построена Почесната единица на АРМ со македонско државно знаме и за првпат командантот на почесната единица, полковникот Стефан Лазаревски, на македонски јазик му рапортираше на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Република Македонија.
20 март – Заврши примопредавањето на граничните објекти – караули на Република Македонија со соседните држави: Бугарија, Албанија и Грција.
26 март – Во Скопје е преземен последниот и најголем воен објект на Македонија касарната „Маршал Тито“, денес „Илинден“.
27 март – Република Македонија ја презеде контролата над сета своја територија со своја војска. За ова е потпишан договор во Скопје меѓу претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија замина и последниот војник на ЈНА.
14 април – Во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Тоа беше велешанецот Панче Јамандиев, роден во 1970 година.
15 април – Во касарните во Скопје, во Штип и во Битола пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
17 април – Во Скопје, тогашниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата, на кој пишува: „Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје“. Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и на нејзиното воено осамостојување.
9 мај – Во касарната „Маршал Тито“, денес „Илинден“, првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска. Следните денови македонските регрути свечена обврска дадоа и во другите касарни на Републиката.
19 мај – На граничниот премин Меџитлија, кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со македонски, а следниот ден и на граничните премини Богородица и Дојран.
28 мај – Собранието на Република Македонија го донесе законот за преминување на државната граница и преминување на државниот појас. (Сл.весник на РМ бр.36/8 од 8 јуни 1992 година).
24 јули – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието „Одбрана“.
27 јули – Во Скопје, во чест на започнувањето на курсот за дообука, во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ е одбележан почетокот на високото воено школство во Република Македонија.