Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, е роден 1970 година во Тетово. По завршување на основното образование во родниот град, продолжува со воено образование во средно воено училиште во Сараево и Воена Академија во Сараево и Белград. По завршување на високото воено образование ја започнува својата воена кариера од самиот почеток на осамостојувањето на Републиката и формирањето на Армијата, како командир на вод во Воената Полиција. Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности, меѓу кои и највисок воен претставник на постојаната мисија при НАТО и ЕУ во Брисел, а од 18 август 2018 година, со Указ на Претседателот е назначен за Началник на Генералштабот на Армијата.
Во досегашната воена кариера го надградува своето воено образование на последипломски студии (CJSC, Соединети Американски Држави, Kaнзас) во 2001-2002 и во текот на 2012-2013 година, Високи одбранбени студии при Вооружените сили на Република Италија во Рим. Има завршено повеќе курсеви од областа на за специјални операции во земјата и странство, Курсеви за мировни мисии на Обединетите нации, односи со јавноста, воена терминологија и комбинирани здружено наменски сили и други. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство, а во текот на 2008-2009 година учествува во мисијата на Обединетите нации во Либан, „УНИФИЛ“. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно ги користи англискиот и италијанскиот јазик. Оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
- Командир на противтерористички вод во Воена полиција, Скопје, 1992-1994;
- Заменик командир на противтерористичка чета, 1994;
- Командир на противтерористичка чета, 1995-1998;
- Заменик командант на баталјон за специјални намени, 1998-2000;
- Началник на С-3 во команда на специјални единици, 2002-2003;
- Командант на Извидувачки баталјон, 2003;
- Началник на С-5 во команда на пСО, 2004;
- Командант на 1. баталјон во 2мпбр, Тетово, 2004-2007;
- Началник на одделение за обука и вежби во Г-3 на ЗОК, Куманово, 2007-2010;
- Командант на 3.пешадиска бригада во ЗОК, Куманово, 2010-2011;
- Аѓутант на Претседателот и Врховен командант на Вооружените сили, март 2011-18.08.2013;
- Командант на пСО од 18.08.2013-18.08.2015;
- Командант на здружената оперативна команда, август 2015 – декември 2016;
- Воен претставник на постојаната мисија при НАТО и ЕУ во Брисел, декември 2016 – август 2018;
- Началник на Генералштабот на Армијата 18.08.2018.
Унапредувања:
- Потпоручник 1991-1992;
- Поручник 1992-1995;
- Капетан 1995-1998;
- Капетан 1 класа 1998-2003;
- Мајор 2003-2007;
- Потполковник 2007-2010;
- Полковник 2010-2013;
- Бригаден генерал 30.12.2013;
- Генерал-мајор 30.12.2015;
- Генерал-потполковник 25.02.2019.