Да обезбеди извршување на надлежностите кои Генералштаб на Армијата ги има во однос на стратегиско планирање, опремување и употреба на силите и планирање на ресурси на Армијата.
Ги определува и предлага потребите и приоритетите за планирање на организациско-формациска структура (воспоставување, одржување, адаптација и трансформација), капацитети и воени способности, интеграција, интероперабилност, развој и модернизација за постигнување на воени способности на Армијата за остварување на уставната функција за одбрана на Републиката, како и учество во поддршка на други државни институции.
Задачи:
Носител и главен координатор во процесот на НАТО военото планирање;
Изработка предлог документи за долгорочни, среднорочни и краткорочни планови и стратегиски документи за работа и функционирање на Армијата;
Имплементација на политика за развој на одбрана преку изработка и воспоставување на политика за развој на Армијата;
Изработка на Предлог вена стратегија на Републиката;
Со цел изработка на планови за употреба на Армијата како составен дел на планот за одбрана на Републиката предлага потребна структура на силите (активен и резервен состав);
Определување на потребите и приоритетите за планирање на силите, капацитетите и способностите и изработка на организациско-формациската структура и формациите на ГШ и командите и единиците на Армијата;
Изработува за стратегиска анализа на организациско-формациската структура и формациите на ГШ и командите и единиците на Армијата, долгорочни, среднорочни и краткорочни планови и стратегиски документи за работа и функционирање на Армијата и нивно влијание на военото планирање и развојот на Стратегијата за одбрана, доктрината и концептите на Армијата како и интероперативноста и компатибилноста со НАТО;
Утврдува потреби и недостатоци кој се однесуваат на модернизација и интеграција во делот на структура и опремата на Армијата;
Подготвува предлог за опремување и модернизација на Армијата;
Изработка на прегледи на одбранбени способности, анализи и известувања;
Планирање координација и интеграција на проекти дефинирани со планот за модернизација и опремување, ДПРОС, СПРОС а се во надлежност на Генералштабот на Армијата;
Менаџирање (координација) со изработката на планови за развој на воените способности на структурата на сили;
Менаџмент (координација) на извршување на активности во Армијата за стандардизација со НАТО;
Соработува со надлежните структури во Министерството за одбрана и други државни тела за изработка на стратегиски документи во делот на одбраната.
Началник на Ј-5/ГШ
Бригаден генерал Симеон Трајковски
Бригаден генерал Симеон Трајковски
Бригаден генерал Симеон Трајковски е роден 1969 година во Скопје. Завршува Општа средна воена школа „Братство и Единство“, 1987 година во Белград, а потоа и Воена академија на Копнена Војска, насока артилерија 1991 во Белград, Република Србија. Военото образование го надоградува со постдипломски студии за командни и штабни должности на Ратната школа „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, Република Хрватска 2004-2005 година и Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, Италија, август 2017 – февруари 2018 година;
Дополнително се стекна со VII 2 степен на образование звање МБА (Магистер по бизнис администрација, специјалиста по стратегиски менаџмент) во 2013 година.
Својата воена кариера ја започнува од почетокот на осамостојувањето на Републиката и формирањето на Армијата, како командир на топовски вод, а во текот на неговата војничка кариера, извршува командни и штабни должности меѓу кои и Офицер за планирање и обука во Ј-5 Здружената оперативна команда на НАТО во Брунсум, Кралство Холандија 2006 до 2009 година.
Во досегашната воена кариера е пофалуван и наградуван од страна на министер за одбрана, началник на ГШ на Армијата, командант на бригада и има добиено сребрена и златна значка на Армијата.
Во текот на професионалната кариера, бригадниот генерал Трајковски завршува повеќе курсеви и обуки од кои позначајни се Курс за лидери на 21-ви век, Гармиш Партенкирхен, Германија, CIMIC курс за мултинационални операции за поддршка на мирот, Кристони, 2003 година, Програма за фамилијаризација за штабни офицери на партнерските земји, Брисел, 2003 година, Курс за одбранбена дипломатија, Охрид, 2004 година, Извршен семинар за мултинационални операции, Охрид, 2005 година, Обука за Команди на комбинирани здружени наменски сили, Брунсум, 2006 година Курс за менаџмент во одбраната, Охрид, 2009 година, Курс за односи со јавноста ниво 1, Скопје, 2014 година и Курс за лидери на стратегиско рамниште, Будва, Црна Гора, 2014 година. Активно ги користи англискиот, српскиот, хрватскиот и делумно грчкиот јазик. Бригадниот генерал Трајковски е оженет и родител на две деца.
Претходни должности:
Командир на вод;
Командир на батерија;
Шеф на отсек за билатерална соработка со Европски земји;
Советник за билатерална соработка во МО;
Офицер за планирање и обука во Ј-5 Здружената оперативна команда на НАТО во Брунсум, Кралство Холандија;
Извршен офицер во Кабинетот на НГШ на АРМ;
Заменик Шеф на Кабинет на НГШ на АРМ;
Началник на одделение за структура и интеграција на сили во Ј5/ГШ на АРМ;
Началник на Ј5/ГШ на Армијата.
Унапредувања:
Потпоручник (1991);
Поручник (1992);
Капетан (1995);
Капетан I класа (1999);
Мајор (2003);
Потполковник (2008);
Полковник (2013);
Бригаден генерал (2020).
Организациска структура на Ј-5/ГШ
Одделение за планирање и анализа на воени способности;
Одделение за развој на родови и интеграција;
Одделение за менаџмент на развој на воени способности, стандардизација, интероперабилност и цели на способности и