Да менаџира со персоналот во Армијата во мир и војна, да врши анализа и примена на законските регулативи и прописите, да спроведува селекција и водење на персоналот во текот на службата, да се грижи за моралот и состојбата на персоналот во Армијата.
Задачи:
Ј-1 е организациска единица на Генералштабот која го реализира Персоналниот менаџмент на Армијата и ги извршува следните задачи:
Го планира, управува и спроведува системот за селекција, унапредување и водење на персоналот;
Персонален менаџмент со офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица во Армијата;
Планирање и реализација на програмите за професионален развој, воено школство, воено образование во земјата и странство;
Анализа и распоред на персоналот според приоритетите за пополна на единиците и нивната готовност;
Програмира и спроведува програми од областа на социјална заштита;
Врши проценка и анализа на состојбата на моралот и персоналот и презема активности за негово јакнење низ соодветни мерки и постапки;
Изработува и спроведува програми од областа на културните дејности и рекреативните активности;
Го планира и реализира архивското работење во Генералштабот и за таа цел ја прима, евидентира и дистрибуира целокупно пристигнатата пошта – акти во Генералштабот;
Тесно соработува со сите J-организации за што поефикасно извршување на задачите кои се во тесна врска со J-1;
Во реализацијата на своите функции во целост ги спроведува Законот за одбрана, Законот за служба во АРМ, Законот за работни односи, Законот за ПИОМ, како и останатите законски и подзаконски акти со кои е регулирана одбраната.
Началник
полковник Дарко Кочовски
Полковник Дарко Кочовски
Полковник Дарко Кочовски е роден во 1979 година во Туденце, Тетово.
Средно образование завршува во Тетово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во 1998 година. По завршување на средното образование се запишува на правниот факултет „Јустинијан Први“ на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што дипломира во 2002 година.
Во 2003 година се запишува на курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери на служба во Армијата. По завршување на курсот ја започнува воената кариера во Армијата како офицер на правна служба во Генералштабот на Армијата.
Во 2013 година се стекнува со научен назив магистер на правни науки на „Европски Универзитет“ во Скопје.
Во текот на кариерата завршува повеќе курсеви како Курс за меѓународно хуманитарно право, оперативно право и воени правни советници во пракса во Австрија во 2004-2005 година, Програма за развој на военото право во САД во 2007 година, Меѓународно право за воени операции во САД во 2010 година, Правни аспекти за поддршка на цивилните институции од страна на одбраната во САД во 2014 година, Право на вооружен конфликт во Туркије во 2014 година, НАТО курс за правни советници во Германија во 2015 година, Курс за персонален менаџмент (MPT&E) во САД во 2019 година.
Учесник е на повеќе воени вежби како и во планирање на воени вежби
Два пати учествува во мировната операција „ALTHEA“ во Босна и Херцеговина и тоа во 2009 година и 2011 година како помошник на правниот советник на командантот на EUFOR.
Во текот на кариерата извршува должности како офицер за правни работи во Генералштабот на Армијата, во првата пешадиска бригада и началник на правно одделение во Ј-1 на Генералштабот.
Унапредувања
Поручник 2004 година
Капетан 2007 година
Мајор 2012 година
Потполковник 2016 година
Полковник 2021 година
Организациска структура
Одделение за персонален менаџмент;
Одделение за професионален развој, планирање и анализи;