Одделението за специјални операции ги координира, контролира и следи сите активности кои се поврзани со планирање, обука, операции и поддршка на силите за специјални операции во земјата и во странство. Обезбедува насоки за обука, следење, менаџирање и развој на воените способности на силите за специјални операции. Планира и се грижи за правилен менаџмент со човечките ресурси, за развојот на способности и капацитети, обука и вежби и сите други сегменти кои се однесуваат на силите за специјалните операции.
Началник
Полковник Оливер Зариоски
Полковник Оливер Зариоски, е роден 1978 година во Скопје. По завршување на основното и средното образование, продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во родниот град. По завршување на високото воено образование ја започнува својата воена кариера како командир на огнен вод во Артилерискиот баталјон во Струмица и за кратко време се приклучува на баталјонот на специјални сили. Во текот на воената кариера извршувал повеќе командни и штабни должности меѓу кои и командант на баталјонот на специјални сили. Со наредба на Министерката за одбрана од 11 август 2023 година е поставен за Началник на одделението за специјални операции во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната воена кариера го надградува своето образование на последипломски студии на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Има завршено повеќе курсеви од областа на специјални операции во земјата и странство, нуркачки курс, амфибиски курс, штабни курсеви, курс за воена терминологија, курс за оперативно планирање и други. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство, а во текот на 2006-2007 година учествува во мисијата „Слобода за Ирак“ каде е одликуван со медал. Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно го користи англискиот јазик. Оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
Командир на огнен вод во артилериски баталјон во Струмица, 2001 година.
Заменик на командир на батерија во артилериски баталјон во Струмица, 2002 година.
Командир на специјален оперативен тим во баталјон за специјални намени во Скопје, 2002-2012 година.
Офицер за специјални операции во баталјон за специјални намени во Скопје, 2012-2014 година.
Командир на чета за специјални намени во баталјон за специјални намени во Скопје, 2014-2016 година.
Офицер за специјални операции во баталјон за специјални намени во Скопје, 2016-2017 година.
Офицер за специјални операции во полк за специјални операции во Скопје, 2018 година.
Заменик на командант/началник на штаб во Ренџерски баталјон во Скопје, 2018-2019 година.
Офицер за операции во одделение за координација во Генералштабот на Армијата во Скопје, 2019-2020 година.
Командант на бСС во Скопје, 2020-2023 година.
Началник на Одделение за специјални операции во Генералштабот на Армијата во Скопје, 2023 година.