Во периодот од 9 до 19 ноември 2026 година во Скопје, во соработка со Мобилниот инструкторски тим (MTT) од 3/124. баталјон за информациски операции на Националната гарда на Вермонт (VTNG) успешно се реализираше Курсот за планери на информациски операции на тактичко ниво (TIOPC).
Овој курс претставува значаен чекор во континуираниот развој на капацитетите и способностите за информациски операции (InfoOps) во Армијата.
За време на обуката, припадниците на Армијата имаа можност да стекнат и дополнително да ги унапредат своите знаења и практични вештини за разбирање на информациската средина, планирање на информациските операции, интегрирање на способностите поврзани со информациите (IRCs), како и поддршка на процесот на донесување одлуки на командантот на тактичко ниво.
Курсот, исто така, овозможи одлична можност за размена на знаења, искуства и најдобри практики со нашите партнери од Националната гарда на Вермонт, со што дополнително се зајакнува долгогодишната соработка и партнерство во рамките на Програмата за државно партнерство (SPP).
Целта на курсот е развивање одржлива и целосно функционална способност за информациски операции во Армијата, обезбедувајќи обучен и квалификуван персонал способен да планира, координира и интегрира информациски операции во целокупниот процес на оперативно планирање, во поддршка на остварувањето на целите на командантите.








