
Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата на II и III рамниште.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка во следните функионални области:
– Снабдување;
– Одржување и поправка;
– Движење и транспорт;
– Медицинска и ветеринарна поддршка;
– Инфраструктура и услуги.
- Менаџмент со материјалите од сите класи на снабдување за потребите на командите и единиците на Армијата;
- Чување и одржување на материјални резерви за Армијата според утврдени критериуми;
- Зајакнување на логистичките капацитети на единиците на Армијата при изведување на обука, работа во теренски услови, борбено ангажирање и учество во мисии;
- Координирање на поддршката на сојузничките сили кои транзитираат или се задржуваат на територијата на Републиката;
- Извршување на логистичка поддршка за потребите на органите на управата и органите на локалните самоуправи, организации, здруженија и др. ( во посебни услови и по посебни наредби и упатства).
Полковник Мухарем Мухареми
Полковник Мухарем Мухареми е роден на 9 октомври 1976 година во Тетово. По завршување на средното образование во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, во период од 1991 до 1995 година, продолжува со воено образование во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје во период од 1995 до 1999 година, како дел од првата генерација на офицери кои се школувани во државата, а потоа и Постдипломски Студии – Школа за Командни и Штабни должности, 2005-2006 година и Школа за национална одбрана – НАТО колеџ во Рим – Р. Италија во 2013 година.
Воената кариера ја започнува како Командир на караула Попова Шапка во 1999 година. Во досегашната негова кариера извршува повеќе командирски, штабни должности на ниво баталјон/бригада и командантска должност. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба: оженет и татко на едно дете.
Има завршено повеќе курсеви од областа на штабни должности во меѓународни штабови, оценувања на декларирани единици, планирање на меѓународни вежби и други.
Дел од завршените курсеви се следниве:
- МПРИ Курс во Куманово 1999 година;
- Курс по англиски јазик, во Скопје 2004 година;
- Курс по англиски јазик во Канада, 2005 година;
- Курс за контрола на вооружување, во Анкара, Р. Турција 2008 година;
- Курс за ОСС, во Пепелиште 2008 година;
- Основен курс за LOGREP, Скопје, 14.-18.09.2009 година;
- Курс за воени набљудувачи во рамки на ОН во Анкара, Р. Турција 2009 година;
- Курс за антитероризам, во Кабул, Р. Авганистан, 2009 година;
- Курс за НАТО планирање на операции, во Штип 2011 година;
- Курс за штабни должности во баталјон, Скопје 2012 година;
- Курс за Медиа Тренинг, Скопје 2014 година.
Учествува на повеќе меѓународни вежби надвор од Републиката како што се вежбите „Rapid Trident“ во Украина во 2008 година, меѓународна вежба „Noble Light“ во Истанбул, Р. Турција во 2011 година и меѓународна вежба „VIKING“ во Шведска во 2014 година.
Во својата кариера има и две меѓународни мисии во Авганистан како Штабен офицер HQ ISAF во Кабул Р. Авганистан во период од 2009 до 2010 година и Командант на контингент – HQ ISAF во Кабул Р. Авганистан во 2012 година.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се:
- Пофалница од Командант на 2.пбр;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- НАТО медал за учество во мисија ISAF во 2010 и 2012 година;
- Пофалница од Командант на BSG во Кабул, Р. Авганистан, во 2012 година;
- Парична награда од НГШ во 2019 година.
Претходни должности:
- Командир на караула Попова Шапка 1999 година;
- Командир на караула Јажинце, 2000 година;
- Командир на противоклопен вод Тетово, 2003 година;
- Командир на чета Тетово, 2004-2006 година;
- Началник на Штаб и заменик на командант на механизиран пешадиски баталјон, 2006-2013 година;
- Командант на 3.логистички баталјон Скопје, 2013-2015 година;
- Началник на Штаб во брЛП, 2015-2017 година;
- Заменик командант на брЛП, 2017-2019 година;
- Командант на брЛП, 02.2019-2020 година;
- Командант на Логистичка База 02.2020 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999-2000 година;
- Поручник 2000-2004 година;
- Капетан 2004-2009 година;
- Мајор 2009-2013 година;
- Потполковник 2013-2017 година;
- Полковник 2017 година.

потполковник Саше Јакимовски


- Бригада за логистичка поддршка, 2012 година;
- Команда за логистичка поддршка, 2005 година;
- Команда за логистика, 2001 година;
- Логистичка база на КоВ, 1996 година;
- Заднинска база на КоВ, 1993 година;
- 1 Заднинска база, 1992 година.