
Мисија:
Планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на II рамниште на единиците кои се поддржуваат според шемата за логистичка поддршка и севкупната логистичка поддршка на ГШ на Армијата и за единиците од касарната „Илинден“ и касарната „Гоце Делчев“.
Задачи:
- Планирање, организирање, координирање и извршување на ЛП во следните функционални области:
-
-
- снабдување,
- одржување и поправки,
- движење и транспорт,
- инфраструктура и
- услуги.
-
2. Координирање и реализирање на барањата за ЛП на командите и единиците кои се поддржуваат.
3. Зајакнување на логистичките капацитети на единиците кои се поддржуваат при изведување на обука, работа на теренски услови, борбено ангажирање или учество во мисии.
4. Обезбедување на ЛП во ГШ на Армијата, во касарната „Илинден“ и касарната „Гоце Делчев“.
Потполковник Насри Али
Дата на раѓање:
- 03.1982 година во Скопје.
Воено образование:
- Курс за офицери на служби во Армијата, 07.12.2007 – 03.2008 година.
Воена кариера:
- Пфв, граничен баталјон, 2004-2006 година;
- Командир на огнен вод во артб., 2006-2008 година;
- Началник-офицер за ЛП во бП, 2008-2022 година;
- НШ/ЗКб во бЛП, 2022-2025 година;
- Командант во бЛП од 2025 година.
Унапредувања:
- војник 2004-2006 година;
- водник 2006-2007 година;
- постар водник 2007-2008 година;
- поручник 2008-2011година;
- капетан 2011-2016 година;
- мајор 2016-2023 година;
- потполковник од 2023 година.
Постигнати успеси во кариерата:
- Златна значка на Армијата од НГШ;
- Голем број на пофалници и наградни отсуства.
Странски јазици:
- Англиски јазик СТАНАГ 2+,2,2+,2.
Семеен статус:
- Оженет, татко на две деца.
Хоби:
- Спорт.

3.логб е формиран на 12.04.2006 година. Единицата е формирана со трансформацијата на АРМ во 2006 година, од трансформација на поранешниот баталјон за опслужување и логистичка поддршка, кој беше во функција на логистичка поддршка на единиците на тогашното Воено воздухопловство и Противвоздушна одбрана, разместени во гарнизонот Петровец.
3.логб од 2006 година функционира во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Потчинетите единиците на 3.логб (четите за логистичка поддршка) беа разместени во гарнизоните Петровец, Скопје и Велес и нивната мисија се однесуваше на логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата во наведените гарнизони.
Како мисија и задачи согласно истата на 3.логб беше следната:
Во зоната на одговорност, во мир да ги обезбеди 1 и 2 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1 линија на поддршка на органските единици. Во услови на криза или војна да ја обезбеди 2 линија на поддршка за единиците на АРМ како и 1 и 2 линија на поддршка на органските единици. Во мир, војна или криза да обезбеди физичко обезбедување на издвоените објекти и објектите од посебно значење во својата зона на одговорност.
Во рамките на зададената мисија 3.логб ги извршуваше следните позначајни активности:
- Континуирана логистичка поддршка во зоната на одговорност согласно шемата за логистичка поддршка на единиците на АРМ;
- Континуирано физичко обезбедување на касарните и издвоените објекти во зоната на одговорност, издвоени објекти: Дренов Дол во Петровец, Отовица во Велес, касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, касарната „Илинден“ во Скопје, касарната „Гоце Делчев“ во Скопје и касарната „Н.Х Страшо Пинџур“ во Петровец;
- Медицинска поддршка на единиците во зоната на одговорност;
- Изработка на упатства и елаборати за работа;
- Учество со персонал во мисиите АЛТЕА во БиХ и ИСАФ во ИР. Авганистан;
- Давање на Логистичка поддршка на контингентите на АРМ при подготовки за учество во мисии;
- Логистичка поддршка и учество со персонал во домашни и меѓународни вежби кои се одржуваа во Република Македонија (Македонски Блесок, Предизвик, MEDCEUR, Longbow/Lancer, Safe Path и други.);
- Во рамките на реновирањето на аеродромот во касарната во Петровец извршено е модернизирање на Термо енергетскиот сервис во касарната;
- Дислокација на Француски-Јужен и Француски-Северен камп во касарната во Петровец;
- Набавки на МС за потребите на единиците во зоната на одговорност;
- Инвестициско одржување на објектите во зоната на одговорност со посебен акцент на пуштањето во употреба на целосно реновираниот војнички ресторан во касарната касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес на ден 17.12.2010 година;
- Дотур на МС и одржување на издвоени објекти на АРМ;
- Имплементација на сите законски одредби во работењето;
- Успешна логистичка поддршка на цивилни структури (поддршка на општини, ден на дрвото, поддршка на региони зафатени од елементарни непогоди-поплави, снегови, пожари и слично, спортски друштва, филмски продукции и слично).
Со трансформацијата на АРМ во 2012 година извршена е трансформација на 3.логб во поглед на организациско-формациската структура, разместеноста на единицата, а со тоа и мисијата на единицата и листата на суштински задачи за мисијата.
Новата мисија на 3.логб, од 2012 година е планирање, организирање, координирање и извршување на логистичка поддршка на 2 рамниште на единиците кои се поддржуваат според Шемата за ЛП и севкупна ЛП за единиците од својот состав.
Согласно новата организациско формациска структура од единицата е изземена четата за ЛП од гарнизонот Велес, а од друга страна пак придодадена е четата за ЛП на ГШ на АРМ и МО на РМ сместена во просторот на ГШ на АРМ. Во рамките на таа чета во функција е ставен војничкиот ресторан во касарната Гоце Делчев. Извршено е предавање на надлежноста за медицинска поддршка на единиците во рамките на ВМЦ.
Од 2016 година со нова трансформација на Армијата, овој баталјон е преименуван како баталјон за поддршка на ГШ и гарнизон Скопје (бпГШигС) во чии рамки се 3 чети за ЛП, разместени во касарната „Илинден“, ГШ на Армијата и касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Со последната трансформација на Армијата во 2022 година, повторно е променето името на овој баталјон, во баталјон за Логистичка Поддршка (бЛП), како составен дел од Логистичката База (ЛБ). Во составот на овој баталјон функционираат к-да, штаб и 1. чета за Логистичка Поддршка (1.чЛП) разместена во касарната „Илинден“ и 2. чета за Логистичка Поддршка (2.чЛП) разместена во кругот на ГШ на Армијата.







