Во период од 10 до 19 ноември 2026 година во Хемиската лабораторија/Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ се реализираше активноста „Изработка на стандардни оперативни процедури за испитување на хемиска стабилност на барутите со Quick Propellant Assessment Kit (QPAK) и Qpak +“.
Активноста е согласно Планот за билатерална соработка за 2026 година со Република Австрија.
Во рамките на активноста учесниците преку практични вежби непосредно се запознаа со методите за квалитативна анализа на хемиската стабилност на барутите со примена на QPAK и Qpak +“ .
На активноста присуствуваа претставници од Ј-4 /ГШ на Армијата, КО, КОД и ЛБ.








