Генерал-мајор Азим Нуредин
Роден е на 3 март 1969 година во селото Древеник, Битолско, Република Македонија, од мајка Зехра и татко Шабан. Оженет е и татко е на две деца.
Основното училиште го завршил во Ресен. Военото образование го започнал во Воената гимназија во Белград во 1985 година. Во 1989 година продолжил на Воената академија за копнени сили во Белград, по што заради политичките настани во Југославија во тој период ги прекинал студиитe и апсолвентската година ја завршил 1994 година на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. По завршувањето на Воената академија, кариерата ја започнал како командир на вод во гарнизонот Струмица.
Генералот Нуредин го надградува своето образование на постдипломски студии на Командно-штабната академија во рамките на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и на Школата за национална одбрана при Воената академија и Командата на вооружените сили на Турција во Истанбул. Има завршено бројни обуки и курсеви на тактичко, оперативно и стратегиско рамниште, курсеви за изучување на англиски и турски јазик, односи со јавноста, безбедност на државната граница и друго.
Во текот на кариерата извршувал различни командни и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво, вклучувајќи ја и должноста аѓутант на врховниот командант на Армијата. На 18 мај 2018 година, претседателот со указ го поставува на должноста заменик на началникот на Генералштабот на Армијата.
Има учествувано на многу национални и меѓународни конференции, вежби и семинари од областа на одбраната и безбедноста.
Во 2014 година учествува како највисок национален претставник во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Од 2019 до 2021 година, генералот Нуредин го предводеше воениот процес за пристапување и интеграција на Република Северна Македонија во НАТО.
Во текот на својата кариера добил бројни награди, признанија и пофалници.
Течно зборува турски и англиски јазик.
Воена кариера:
- Командир на вод, Струмица, 1994-1996 година;
- Офицер за обезбедување на Врховниот командант, Скопје, 1996-1998 година;
- Командир на вод/заменик-командир на чета, Петровец, 1998-1999 година;
- Командир на вод/заменик-командир на чета, Битола, 1999-2000 година;
- Командир на караула, Стрезимир, 2000-2002 година;
- Командир на гранична чета, Охрид 2002-2003 година;
- Командир на чета на основен курс за подофицери, Велес, 2003-2004 година;
- Командир на гранична чета, Охрид, 2004-2006 година;
- Командант на 2.мпбн и воедно командант на гарнизон Охрид, 2006-2011 година;
- Командант на 2.мпбн и воедно командант на гарнизон Кичево, 2011-2012 година;
- Началник на штаб во Полкот за специјални операции – пСО, Скопје, 2012-2015 година;
- Аѓутант на претседателот, Скопје, 2015 година;
- Началник на штаб во Здружената оперативна команда – ЗОК, Куманово, 2015-2018 година;
- Заменик на началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, од 2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1994;
- Поручник 1995;
- Капетан 1999;
- Мајор 2004;
- Потполковник 2008;
- Полковник 2012;
- Бригаден генерал 2015;
- Генерал-мајор 2018.
Ордени и обележја:
- Медал за учество во мировна мисија „ИСАФ“;
- Бронзена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Сребрена значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Златна значка за долгогодишна служба во Армијата;
- Златна значка на Армијата;
- Сребрена значка на Армијата;
- Бронзена значка на Армијата;
- Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка;
- Голема плакета на Армијата;
- Средна плакета на Армијата;
- Мала плакета на Армијата;
- Плакета на Министерството за одбрана;
- Значка „Генерал Михаило Апостолски“.