Планирање на финансиски ресурси за развој и редовна дејност согласно програмската структура на Армијата, извршување на финансиското работење во Армијата.
Задачи:
Примена на принципите и прописите од доменот на планирањето, програмирањето, буџетирањето и извршувањето на буџетот и финансиските планови.
Изработува долгорочна проекција на буџетот на Армијата во соработка со МО-СФ.
Доставува насоки за изработка на предлог-буџетот за командите и единиците.
Изработка на збирна предлог-пресметка за буџетот на Армијата.
Изработка на предлог-финансиски план на Армијата.
Изработка на збирен план за набавки врз основа на одобрениот финансиски план и предлозите на носителите на планирање.
Организација и координација на изработката на предлог буџетот и финансиските планови.
Организација на финансиското обезбедување во Армијата, врз основа на предлогот на потчинетите команди и единици.
Организира водење на материјално книговодство во Армијата.
Организира устројување и водење на материјалните евиденции и нивно затварање во ГШ на Армијата.
Води книга на кусоци и оштетувања за ГШ на Армијата.
Организација на водење на финансиски книги и евиденции во Армијата.
Организирање на семинари и советувања за стручно оспособување на персоналот од финансиска служба.
Учествува во изработка на упатства, нормативи и процедури од доменот на финансиското работење.
Комуникација со МО-СФ по сите прашања во врска со буџетот и финансирањето на Армијата.
Следење и анализа на приходите и расходите во командите и единиците.
Следење и анализа на реализацијата на буџетот и на финансискиот план на Армијата.
Следење и анализа на реализацијата на финансискиот план на командите и единиците.
Обезбедува навремени информации во врска со финансиското работење за потребите на командите и единиците.
Обезбедување на парични средства за плаќања во готово за потребите на Армијата.
Предлага висина на касовиот максимум на благајните во командите и единиците.
Менаџмент со финансиските ресурси во Армијата.
Следење на прописите од областа на финансиите и сметководството и нивна примена во Армијата.
Претходна и дополнителна контрола на материјално-финансиската документација во Армијата.
Врши внатрешна контрола на материјално-финансиското работење во Армијата.
Учествува во организацијата и спроведувањето на пописот на средствата, обврските и побарувањата.
Началник на Ј-8/ГШ
полковник Скендер Битиќи
Полковник Скендер Битиќи
Дата и место на раѓање:
04.11.1966 година, Скопје, Република Македонија.
Образование:
Од 1973-1982 година, Основно училиште „Гоце Делчев“ Лисиче (првите четири години) и ОУ „Јане Сандански“ Скопје (од петто до осмо);
Од 1982-1986 година, Општа средна воена школа (ОСВШ) „Братство и единство“ во Белград;
Од 1987-1991 година, Воена академија во Белград (Финансиска служба);
Од 2004-2005 година, Командна штабна академија (КША) во Скопје, специјализација за високи командно штабни должности во АРМ, (еквивалент на постдипломски студии), воедно на постдипломски студии на Економскиот факултет во Прилеп.
Работно искуство:
Од 1992-1998 година, Помошник на командантот за материјално и финансиско работење во Гарнизон Прилеп, шест (6) години работно искуство воедно унапреден во чин поручник;
Од 1998-2001 година, Советник за финансии на деканот на Воената Академија, воедно унапреден во чин капетан;
Од 2001-2004 година, Началник за финансии во Центарот за обука на родови и специјални единици во касарната „ИЛИНДЕН“, Скопје.
Од 2004-2006 година, Началник за финансии во Воена болница, Скопје, унапреден во чин мајор;
Од 2006-2010 година, Началник на Одделението за планирање на Буџетот воедно и заменик на началникот на секцијата за Финансии и буџет во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, воедно унапреден во чин потполковник.
Награди:
Пофалница од страна на Министерот за одбрана, пофалница за постигнати резултати.
Учество на семинари и конференции:
Учество на разни меѓународни семинари на НАТО членките од областа на финансиите, (Ревизија на финансиските средства во НАТО). Поседува сертификати и признанија.
Главни специјалности:
Планирање на буџетот, финансии и менаџмент со ресурси.
Странски јазици:
Англиски јазик: пишување, читање и зборување, (завршен курс по англиски во Канада);