Мисија:
Следење, контрола и оценување на борбената готовност на Армијата, организација и следење на спроведувањето на мерките за готовност на командите и единиците на Армијата и организација и координација на операциите на Армијата во Републиката и во странство.
Задачи:
- Следење, анализирање и контрола на борбената готовност на Армијата;
- Предлага мерки за подобрување на борбената готовност на Армијата;
- Следи, анализира и го контролира спроведувањето на мерките за готовност на Армијата;
- Организира и ги координира операциите на Армијата во Републиката;
- Координира и ги организира операциите за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
- Учествува во планирањето за учество на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
- Организира, координира и ги следи операциите на Армијата надвор од територијата на Републиката;
- Организира и ги следи мерките за заштита на силите на Армијата;
- Координира, организира и го следи мирновременото функционирање на единиците на Армијата;
- Носител е на изработка на предлог Програма 3 „Функционирање на АРМ“ согласно СППБИ;
- Предлага изработка на стручни правила, процедури и норми кои се однесуваат на борбената готовност и операциите.
Задачи на одделението за борбена готовност (ОБГ)
- Следи, анализира и ја контролира б/г на командите и единиците на Армијата;
- Изработува годишен план за контрола на б/г во командите и единиците на Армијата;
- Предлага мерки за подобрување на б/г на командите и единците на Армијата;
- Носител е на изработка на годишна анализа за состојбата на б/г во Армијата;
- Ги координира и организира активностите за брифингот за состојбата на б/г на Армијата пред Претседателот на Републиката;
- Ги координира и организира активностите за брифингот за состојбата на б/г на командантите на првопотчинетите команди и единици пред Началникот на Генералштабот;
- Следи, анализира и го контролира спроведувањето на мерките за б/г на командите и единиците на Армијата;
- Води оперативна евиденција за главната опрема со која се пополнети единиците на Армијата;
- Изработува документи кои произлегуваат од записниците од извршените инспекциски надзори од страна на Секторот за инспекциски надзор во МО;
- Организира, координира и го следи спроведувањето на мерките за отстранување на евидентираните слабости и пропусти по извршениот инспекциски надзор;
- Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
- Носител е на изработката на предлог за Програма број 3 „Функционирање на АРМ“ за активност „5551 – Извршување на мерки за приправност и проверка на б/г“;
- Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на б/г.
Задачи на одделението за операции (ООП)
- Организира, координира, контролира и ги следи операциите на Армијата во и надвор од Републиката;
- Ги координира активностите за употреба на капацитетите на Армијата за поддршка на локалната самоуправа (ангажирање на инженериски единици);
- Ги координира активностите за воено-полициско обезбедување за потребите на Армијата и МО;
- Доставува податоци до МО за донесување на одлука на Владата за учество на Армијата во мировни операции надвор од територијата на Републиката;
- Изработува годишен предлог план за учество на Армијата во мировни операции надвор од Републиката;
- Дава насоки на првопотчинетите команди и единици за изработка на динамички план за подготовки на единиците на Армијата за упатување во мисии;
- Изработува подготвителни и други дополнителни наредби и документи за упатување на единици на Армијата во мисии;
- Изработува НАТО и ЕУ документи за упатување во мировни операции надвор од Републиката: Трансфер на авторитетот (Transfer of authority), Порака за готовност на силите (Forces prep), Формална понуда (Formal offer) и Патни налози (Travel Order);
- По потреба организира извидување на капацитетите за распоредување на единиците на Армијата во мисии;
- Контрола на подготвеноста на контигентите на Армијата за упатување во мисии;
- Следи и го анализира учеството на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
- Ги анализира научените лекции и дава насоки за нивна имплементација;
- Учествува на домашни и меѓународни конференции поврзани со генерирање на сили за придонес на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
- Учествува во процесот на планирање на учество на Армијата во операции надвор од територијата на Републиката;
- Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
- Учествува во планирањето на финансиски средства за Програма број 8 „Мировни и хуманитарни мисии“ согласно СППБИ;
- Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на операциите.
Задачи на Оперативниот центар на ГШ (ОЦ/ГШ)
- Организира, координира, контролира и го следи мирновременото функционирање на единиците на Армијата;
- Организира, координира, контролира и ги следи операциите на командите и единиците на Армијата во Републиката;
- Организира, координира, контролира и го следи спроведувањето на набљудувањето, контролата и обезбедувањето на суверенитетот на воздушниот простор на Републиката;
- Организира, координира и ги следи операциите на Армијата за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справување со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
- Врши размена на информации со надворешни субјекти (МВР, ЦУК, ДЗС и други);
- Координира активности поврзани со кризниот менаџмент;
- Планира и ја организира вкупната работа на оперативната група;
- Обезбедува систем за запишување на секојдневните настани во единиците на Армијата и примена на мерки и постапки за да се сведе на минимум времето на реакција од забележувањето и известувањето за некој настан;
- Носител е на изработката на предлог за Програма број 3 „Функционирање на АРМ“ за активностите „5550-Служба за оперативни работи“ и „5553-Учество на АРМ во одбрана од елементарни непогоди“.
- Учествува во изработка на планот за употреба на Армијата;
- Учествува во планирањето на учество на Армијата во операции за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локална самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справување со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи;
- Предлага изработка на прописи, процедури и норми кои се однесуваат на операциите.