Полковник Фердо Павлов е роден 1969 година во Кочани. По завршување на средното образование во ГДУЦ „Здравко Цветковски“ во Скопје, продолжува со воено образование во Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, Скопје.
Воената кариера ја започнува во 1994 година како командир на вод за ПВО, во дивизон ПВО, во Гардиска бригада, Скопје. Во досегашната кариера извршува командирска должност на ниво на батерија, повеќе должности во секцијата Г-1 во Генералштабот, во Секторот за внатрешна ревизија на Министерството за одбрана, а од 2020 година е поставен за Шеф на Кабинет на Директорот на ГШ на Армијата.
Има завршено повеќе курсеви од областа на менаџмент на човечки ресурси и внатрешни ревизори во земјата и во странство. Учествувал во една ротација во мисијата „Одлучна Поддршка“ во Авганистан.
Во досегашната воена кариера го надградува своето воено образование на Школото за национална одбрана и безбедност во Софија, Република Бугарија, како и магистерски студии за управување со човечките ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје. Повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно го користи англискиот јазик. Оженет, една ќерка.
Претходни должности:
Командир на вод за ПВО, во дивизон ПВО, во Гардиска бригада, Скопје (1994-2000);
Командир на батерија во дивизон ПВО, во Гардиска бригада, Скопје (2000-2001);
Офицер за професионални војници, во Г-1 Персонал во ГШ на АРМ, Скопје (2001-2006);
Офицер за професионален развој и реализација на програми за воено школство и воено образование во земјата и странство и произведување и унапредување, во Г-1 Персонал во ГШ на АРМ, Скопје (2006-2007);
Офицер за персонален менаџмент за офицери, во Г-1 Персонал во ГШ на АРМ, Скопје (2007-2011);
Началник на одделение за персонален менаџмент и професионален развој, во Г-1 Персонал во ГШ на АРМ, Скопје (2011-2012);
Советник-внатрешен ревизор во Одделението за системска ревизија во Секторот за внатрешна ревизија на Министерството за одбрана (2012-2015);
Шеф на Кабинет на Началникот на Генералштабот (2015-2019);
Заменик на началникот на секцијата Ј-9 (2019-2020);
Шеф на Кабинет на Директорот на ГШ на Армијата (2020-2023);
Началник на Одделение за безбедност на класифицирани информации од 03.2023.