Полковник Фето Бајрами, е роден 1976 година во Кичево. По дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2000 година, како офицер на родот пешадија ја започнува воената кариера во гарнизонот во Кичево. Во текот на воената кариера извршува командирски и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво. Од февруари 2023 година е поставен за началник на Одделението за меѓународна воена соработка во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви и семинари во разни области во земјата и странство, а учествувал и во делот на операции во серијалот вежби за оценување на декларираните единици на Армијата. Исто така, на два пати има предводено контингенти во мировната мисија ИСАФ во Р. Авганистан и тоа: во 2003 година-со одделение и во 2007 година-со чета.
Во надоградување на военото образование има завршено Командно-штабна академија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2012 година. Во текот на воената кариера повеќе пати бил пофалуван и наградуван за успешно извршување на задачите и должностите. Активно го користи англискиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
2000-2003 Командир на стрелечки вод;
2003-2006 Командир на пешадиска чета;
2006-2011 Офицер за обука и вежби во 3.пбн;
2012-2014 Началник на С-3 во штабот на 3.пбн;
2014-2015 Началник на штаб во командата на 3.пбн;
2015-2018 Командант на 3.Лбн;
2018-2019 Офицер за регионална соработка во ОМАС во ГШ на Армијата;
2019-2022 Офицер за пешадија и воена полиција во Ј-5 во ГШ на Армијата;
2022-2023 Началник на одделението за развој на родовите и интеграција во Ј-5, во ГШ на Армијата.