Полковник Блажо Георгиевски
Полковник Блажо Георгиевски е роден 1967 година во Голеш, Босилеград, Република Србија. Основно образование и средно електротехничко училиште завршува во Скопје. Во 1988 година се запишува на Воената академија во Белград, а дипломира на Воената академија во Скопје и се стекнува со звање Офицер од род врски.
Воената кариера ја започнува како Командир на вод за врски во полкот за врски, касарна „Илинден“, Скопје. Во својата кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво на чета, баталјон и полк за врски. Командно штабна академија за командни и штабни должности завршува во 2005 година, на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје и се стекнува со звање Специјалист за командни и штабни должности. Од 2006 година се поставува за Началник на одделение за Информатички системи во Г-6/ГШ на Армијата. Има учествувано на повеќе меѓународни активности, курсеви, семинари и симпозиуми, меѓу кои: НАТО курс за заштита на силите во Оберамергау, Р. Германија, курс за менаџмент со компјутерски функционални сервиси во Прага, Р. Чешка, семинар за компјутерски мрежни системи во Кралство Холандија, семинар за Комуникациско-информациски системи за декларирани сили во Хајделберг, Р. Германија, семинар за Развој и имплементација на комуникациски и информациски сервиси Гранада, Кралство Шпанија, симпозиум за Тактички податочни линкови во Калпе, Кралство Шпанија.
Во земјата има завршено повеќе курсеви: курс за криптографија, курсеви за CISCO технологии, курсеви за информатичка безбедност како и курс за медиа тренинг, повеќе пати бил координатор и носител на активности при реализација на обуки со НАТО тренинг тимови од Измир, Р. Турција. Во 2012 година е избран за предавач на Воената академија во Скопје за предметите Тактика за врски и Комуникациско информациски уреди и системи. Својата професионална кариера ја надградува со завршување на Школа за национална безбедност во Пекинг, НР Кина во 2017 година. Активно учествувал во повеќе проекти за развој, имплементација и надградба на глобалниот комуникациски систем во Армијата, како и изработка на стратегиски документи во областа на КИС.
Повеќе пати е пофалуван и наградуван од НГШ на Армијата и Министерот за одбрана, како и доделување на сребрена значка за долгогодишна работа во Армијата, сребрена значка јакнење на борбената готовност на Армијата како и Благодарница од Амбасадата на САД за успешен менаџмент за реализација на проект од ФМФ програмата на Владата на САД. Активно го употребува англискиот јазик (СТАНАГ 2.2.2.2). Полковникот Георгиевски е оженет и е татко на две деца, син и ќерка.
Претходни должности:
- Командир на вод за врски (1993-1994);
- Референт за планирање и криптозаштита во команда на полк за врски (1995-1997);
- Командир на чета за стационарни врски (1998-2001);
- Заменик командант на баталјон за стационарни врски (2002);
- Командант на баталјон за стационарни врски (2003-2004);
- Началник на секцијата за операции, планирање и обука (С-3) во полк за врски (2005);
- Вршител на должноста Заменик командант на полк за врски (2005-2006);
- Началник на одделение за информатика во Г-6/ГШ на Армијата (2006-2012);
- Началник на одделение за информациски системи и криптозаштита во Ј-6/ГШ на Армијата (2012-2015);
- Началник на одделение за управување со комуникациски системи и Заменик началник на Ј-6/ГШ на Армијата (2015-2020);
- Началник на Ј-6/ГШ на Армијата (од 02.11.2020).
Унапредувања:
- потпоручник 1993;
- поручник 1994-1997;
- капетан 1997-2001;
- капетан I класа 2001-2005;
- мајор 2005-2009;
- потполковник 2009-2015;
- полковник 2015.