Потполковник Христијан Ѓорѓов, е роден 1977 година во Кочани. По дипломирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2000 година, како офицер на родот пешадија ја започнува воената кариера во гарнизонот во Куманово. Во текот на воената кариера извршува командирски и штабни должности на тактичко, оперативно и стратегиско ниво. Од февруари 2023 година е поставен за началник на Одделението за НАТО и ЕУ во Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви и семинари во разни области во земјата и странство, а учествувал и во делот на операции во серијалот вежби за оценување на декларираните единици на Армијата. Учествувал и во меѓународните вежби Викинг 08 и 14 во Шведска. Во периодот од 2009-2010 е упатен на должност штабен офицер во командата на УНИФИЛ во Либан.
Во надоградување на военото образование има завршено Командно-штабна академија на Универзитетот на маринскиот корпус во Квантико, Вирџинија, САД во академската 2016-2017 година. Во текот на воената кариера има добиено повеќе награди и одликувања, меѓу кои позначајни се: Медал за учество во мировна мисија на ООН, Медал за посебни заслуги од страна на ВС на Либан, Сребрена и Бронзена значка од НГШ на Армијата, Пофалница и наградно отсуство од Министерот за одбрана. Активно го користи англискиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
2000-2002 Командир на стрелечки вод во 1.мпбр;
2002-2005 Командир на извидувачки вод во 2.мпбн;
2006-2012 Командир на самостојна извидувачка чета во 1.мпбр;
2012-2015 Офицер за меѓуармиска соработка во ЗОК;
2015-2017 Офицер за односи со јавност во ЗОК;
2017-2018 Примарен офицер за операции во Ј-3 во ЗОК;
2018-2019 Офицер за билатерална соработка во ОМАС во ГШ на Армијата;
2019-2021 Офицер за регионална соработка во ОМАС во ГШ на Армијата;
2021-2023 Заменик на началникот на одделение за НАТО и ЕУ во ГШ на Армијата;
2023- Началник на одделение за НАТО и ЕУ во ГШ на Армијата.