Полковник Билјана Блажеска
Дата и место на раѓање:
27.11.1972 година во Крањ, Република Словенија.
Образование:
- 2013 година – Специјализација за командни и штабни должности на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, придружна членка – Воена Академија Скопје;
- 2000-2001 – Курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата на Република Северна Македонија при Воената Академија во Скопје;
- 1991-1995 – Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје;
- 1987-1991 – Средно насочено образование – медицински сестри при МУЦ „Др. Панче Караѓозов“ Скопје.
Воена кариера:
- Од март 2019 година – Офицер за снабдување со материјали од класа 2 во Ј-4, Логистика во ГШ на Армијата;
- Февруари 2017- февруари 2019 – Офицер за анализа на реализација на Планот за јавни набавки, склучени договори и реализација на договори за набавка на стоки, услуги и работи за потребите на Армијата, во Ј-4 на ГШ на Армијата;
- Јули 2012 – февруари 2017 – Началник на одделение за набавки во Бригада за логистичка поддршка. Во текот на извршување на оваа должност, упатена за време од една година во Советот за Јавни набавки на Република Северна Македонија како лице за врска помеѓу Министерството за одбрана и Советот, а со цел унапредување на спроведувањето на постапките за набавки и изработка на техничките спецификации за набавки на стоки, услуги и работи;
- Октомври 2010 – јули 2012 година- Офицер за снабдување со класа на материјали 1 (храна) во Ј-4 на ГШ на Армијата;
- Мај 2006 – октомври 2010 Офицер за управување со снабдување со класа на материјали 1 и 2 во С-4 Логистика во Команда за логистичка поддршка;
- Април 2004 – мај 2006 – Командир на наставна интендантска чета во касарната „Алекса Димниевски-Бауман“ Велес;
- Август 2001 – април 2004 – командир на вод и заменик командир на чета во наставно интендантска чета во Логистички наставен центар, касарна „Ѓорче Петров“ Скопје.
Курсеви, вежби и учество во мисии:
- Јуни 2018 – јануари 2019, Учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“;
- 2019 – Учество во планирачкиот процес за вежбата „REGEX-19“;
- 2019 – Курс за менаџмент со аквизиција во одбраната во Скопје;
- 2017 – Учество на мултинационалната вежба „LOGEX-17“ (Logistics Exercise) – Тирана, Р. Албанија;
- 2016-2017 – Циклус курсеви и обуки во рамките на подготовки за мултинационалната вежба „LOGEX-17“ во Оберамергау, Германија;
- НАТО/партнерски логистички оперативен курс во Интернационалниот центар за одбрана, Финска;
- Курс за развој на Национален елемент за поддршка при распоредување на силите надвор од земјата и воедно курс за распоредување, сместување и понатамошно движење на силите при нивно распоредување надвор од земјата во Тирана, Албанија;
- 2016 – НАТО курс за родова перспектива;
- 2015 – Меѓународна вежба „Capable Logistician-15“ во Р. Унгарија;
- 2013 – Курс за менаџмент со аквизиција во одбраната во Монтереј, Калифорнија;
- 2013 – Курс за Дата база 1 согласно Концептот за оперативни способности;
- 2011 – Курс за експедициска логистика – во НАТО школото во Оберамергау, Германија;
- Обучен оценувач на декларираните единици според Концептот за се оперативни способности на НАТО.
Ордени и обележја:
- Медал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“,
- Златна значка на Армијата на Република Македонија за залагање во работата.
Странски јазици:
- Англиски јазик;
- Француски јазик и
- Српски јазик.
Семеен статус:
Сопруга и мајка на две деца (ќерки на возраст од 21 и 17 години).