Мисијата на Канцеларијата за воени односи со јавноста на Армијата на Република Северна Македонија е поддршка на командната структура преку континуирано, точно и навремено информирање на јавноста за сите активности на Генералштабот и потчинетите команди и единици со цел унапредување на организацискиот кредибилитет на Армијата и подобрување на јавната свест во разбирање на воените аспекти и улогата на Армијата, како и нејзините, операции и активности во рамки на НАТО Алијансата.
Задачи:
Канцеларијата за воени односи со јавноста е организациска единица која ги извршува следните задачи:
Следење на информациското опкружување во воената област, во поблиското опкружување и на глобално ниво;
Изработка на анализа и преглед на надворешните медиумски пораки кои се од значење за Армијата;
Координирање на барањата на претставниците на медиумите за изведување на медиумски активности во командите и единиците на Армијата;
Предлагање мерки за поддршка во снимање на репортажни емисии за Армијата од страна на медиуми од земјата и странство со цел афирмативно презентирање на Армијата;
Координирање со Секторот за комуникации, аналитика и оперативна поддршка (СКАОП) во МО за медиумски прашања кои се однесуваат за одбраната согласно надлежностите, како и меѓусебно информирање за сите прашања од меѓусебен интерес;
Координирање со регионалниот центар за односи со јавноста и секцијата Ј-7/ГШ на Армијата за потребите во обуката;
Учество во креирање на програмата за обука за односи со јавноста за потребите во Армијата;
Одржување постојана комуникација и координација на активностите со офицерите за односи со јавноста во сите потчинети единици на ГШ на Армијата;
Обезбедување база на дигитални фотографии, видео снимки и аудио записи од активностите значајни за Армијата;
Изработување и процесирање на дигиталните информатички продукти наменети за внатрешно информирање и информирање на пошироката јавност;
Обезбедување заштита на дигиталните записи и информатичкиот систем на пренос од неовластен пристап и злоупотреба;
Обезбедување медиумска поддршка на организациските единици во ГШ на Армијата во афирмирање на активностите поврзани со нивната сфера на делување, а кои се од значење за афирмација на Армијата;
Продукција и дистрибуција на соопштенија, фотографии, видео и аудио продукти за навремено информирање на јавноста;
Менаџирање на начинот на дистрибуција на информатичките продукти;
Обезбедување логистичка поддршка на претставници на националните медиуми кои вршат одобрени медиумски активности на локации каде се одвиваат воени активности;
Организирање и одредување персонал кој ќе раководи со центарот за односи со јавноста за време на изведување на поголеми вежбовни активности на единици на Армијата или конференции од меѓународен карактер.
Началник
Полковник Тони Јаневски
Полковник Тони Јаневски, е роден 1965 година во Штип. По дипломирањето на факултетот за одбрана при филозофскиот факултет во Скопје ја започнува работната кариера во тогашната територијална одбрана. По осамостојувањето на Република Македонија согласно Законот за Одбрана ја започнува воената кариера во АРМ. Во текот на воената кариера извршува командирски и штабни должности на ниво на баталјон и оперативна команда. Од октомври 2015 година е поставен за началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на Генералштабот на Армијата.
Во досегашната војничка кариера има завршено повеќе курсеви од областа на односи со јавноста и стратегиски комуникации, а учествувал и на повеќе воени вежби во Република Македонија и странство, а во текот на 2008 година учествува во една ротација во мисијата „ИСАФ“ во Авганистан како штабен офицер и најстар национален претставник. Во надградување на военото образование има завршено Интернационален штабен ориентационен курс во Ријсвик, Холандија, а во 2012 година во Рим завршува Командно штабен колеџ – напреден институт на генералштабот на здружените вооружени сили на Р. Италија Во текот на кариерата, повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се Пофалница од Началникот на Генералштабот, Пофалница од Министерот за одбрана, Медал за пофалба од националната гарда на Калифорнија, Златна значка на АРМ за партнерство, координација и соработка. Активно ги користи англискиот италијанскиот и рускиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
1991-1994 Помошник на Командантот по Логистика во Штаб на ТО, Св. Николе;
1994-2000 Командир на караула;
2000-2004 Командир на пешадиска и механизирана пешадиска чета
2004-2006 Офицер за обука и операции во С-3 во командата на 1. мпбн , 1.мпбр;
2006-2007 Офицер за операции и планирање во С-3 во командата на 1. мпбн, 1.мпбр, воедно началник на С-3;
2007-2012 Началник на одделението за протокол и управување со информации во ЗОК;
2012-2015 Офицер за односи со јавност во кабинет на командантот на ЗОК.
Унапредувања:
Потпоручник (1994);
Поручник (1995);
Капетан (1999);
Мајор (2006);
Потполковник (2012);
Полковник (2022).
Организациска структура
Началник и Портпарол на ГШ на Армијата;
Офицер за планирање на комуникациски активности и анализа на медиумско опкружување;
Администратор и дизајнер на веб страницата на Армијата;
Фоторепортер, уредник на фото материјали и технички администратор;