
Мисија:
Баталјонот за Воена медицинска поддршка обезбедува зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата, а со тоа и високата борбена готовност на единиците, командите и установите на Армијата.
Задачи:
- Спроведување и контрола на превентивно-медицинските активности во единиците и установите на Армијата;
- Примарна здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
- Специјалистички здравствена заштита на вработени во Армијата и МО;
- Медицинско обезбедување на:
– Теренски активности на единиците на Армијата;
– ВИП личности и делегации од земјата и од странство;
– Учество на медицинскиот персонал во мировни мисии;
– Носител на реализацијата на партнерската цел за формирање на Role-1 Мобилна полска болница за медицинска поддршка на Армијата;
– Медицинска обука на персоналот од Армијата и МВР, како и на припадници на НАТО и ПзМ армии.
Одделение за превентивна медицина
Суштинска задача на OПМ е унапредување и одржување на здравјето и подготвеноста на припадниците на Армијата преку:
- Спроведување на превентивно-медицинските активности во единиците, установите и командите на Армијата:
– Хигиенско-профилактички и против епидемиолошки мерки;
– Санитарен надзор и хигиенско епидемиолошка проценка;
– Хигиенска контрола на водоснабдувањето и исхраната;
– Дезинфекција, дезинсекција и дератизација;
– Систематски специјалистички прегледи (АВЛ, вработени во МО, пред и после извршена мисија, доброволно служење на воен рок, упатување на школување во странство и во дипломатско-конзуларни претставништва).
ОПМ е организиран во 5 одделенија кои претставуваат организациона-стручна целина во процесот на работа и тоа:
– Одделение за епидемиологија;
– Хигиенско-хемиско одделение;
– Одделение за микробиологија;
– Одделение за медицина на трудот;
– Одделение за медицинска информатика.
Воена амбуланта
Задачи:
- Примарната општо-медицинска заштита;
- Примарната стоматолошка заштита;
- Медицинско обезбедување во касарните и на теренските активности на единиците на Армијата;
- Медицинско обезбедување на ВИП личности и делегации од земјата и странство при посета на Армијата и МО.
Одделение за специјалистичко консултативна дејност
Задачи:
- Систематски специјалистички прегледи;
- Специјалистички здравствена заштита на вработени во Армијата и МО од доменот на амбулантно-поликлинички специјалистички служби:
– Интерна медицина,
– Неврологија;
– Психијатрија;
– Офталмологија;
– Оториноларингологија;
– Рентген дијагностика;
– Општа стоматологија;
– Детска и превентивна стоматологија;
– Ортодонција на вилици и заби;
– Болести на уста и заби;
– Стоматолошка протетика.
Одделение за медицинска обука
Спроведува медицинска обука на припадници на Армијата, припадници на други државни институции во Републиката, како и за потребите на НАТО и Партнерските нации. Вкупниот број на слушатели кој ги посетувале и успешно ги завршиле курсевите во ОМО изнесува 2029, од кој 1679 на македонски а 350 на англиски јазик.
Задачи:
- Оспособување за укажување на итна медицинска помош и самопомош;
- Обука на животоспасувачи;
- Обука на медицински тимови;
- Обука на инструктори;
- Обука и тренинг на медицинскиот персонал во Армијата.

Потполковник Зоран Чанаковски
Потполковник Зоран Чанаковски е роден на 14 декември 1982 година во Карловац, Република Хрватска. Основното образование го завршува во ООУ „Ѓорги Сугарев“ во Битола, а средното образование го стекнува во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“, на природно-математичката насока.
Во 2001 година се запишува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, по што образованието го продолжува на Воено-медицинската академија „Ѓулхане“ (GATA) во Анкара, Република Турција, каде што во 2008 година дипломира и се стекнува со звање доктор по општа медицина. По дипломирањето е произведен во чин поручник.
Од 2009 година е во активна воена служба во Армијата на Република Северна Македонија, каде што својата професионална кариера ја започнува како доктор по општа медицина во Воената амбуланта во Велес, обезбедувајќи примарна здравствена заштита и медицинска поддршка на воениот персонал. Во текот на службата извршувал должности како началник на воените амбуланти во Штип, Охрид и Прилеп, а моментално ја извршува должноста заменик-командант на Воено-медицинскиот центар и началник на штаб.
Во периодот 2019–2024 година ја завршува специјализацијата по неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје, стекнувајќи се со звањето специјалист невролог.
Како воен лекар, трипати учествувал во мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, во периодите 2010–2011, 2014–2015 и 2017–2018 година, давајќи значаен придонес во извршувањето на меѓународните мировни задачи и медицинската поддршка на персоналот.
Континуирано се усовршува преку активно учество на бројни конгреси, симпозиуми, семинари и стручни обуки од областа на неврологијата и воената медицина. Во рамките на своето професионално усовршување успешно ги има завршено Курсот за медицинско управување и поддршка при големи инциденти (Будимпешта, 2013), Курсот за заразни болести и тропска патологија за воено-медицински офицери (Амстердам, 2016), Курсот за управување со извршни здравствени ресурси (Сан Антонио, 2017), Курсот за болничко управување при АБХ инциденти (Скопје, 2018), Курсот за итна медицинска помош на бојно поле (Анкара) и Курсот за електромиографија (Анкара, 2026).
За својата професионалност, посветеност и придонес во службата е добитник на повеќе признанија и одликувања, меѓу кои Медалот за заслуги за учество во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, Сертификат за благодарност од заменик-командантот на мисијата АЛТЕА и Златна значка за заслуги од началникот на Генералштабот на Армијата.
Во јули 2026 година е унапреден во чин потполковник.
Покрај македонскиот јазик, активно ги владее турскиот, англискиот и српскиот јазик.
Потполковник Зоран Чанаковски е оженет и е татко на две ќерки.

Воено-медицинскиот центар е формиран на 11.01.2010 година со одлука на Претседателот на РМ, по трансформацијата на Воената болница.
Мировни мисии:
- Учество со персонал во мисијата ИСАФ во Авганистан, во рамките на Здружениот медицински тим од земјите на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска и Албанија) во 7 ротации, во периодот од 2005 до 2009 година;
- Учество со персонал во 13 ротации во мисијата АЛТЕА/ЕУФОР во Босна и Херцеговина, во периодот од 2006 до денес;
- Учество на 2 подофицери за превентивна медицина во командата на ЕУФОР;
- Учество со Хируршки тим во мисијата ИСАФ-Авганистан, во составот на Норвешката полска болница. Оваа мисија започна во 2008 година.






