
Мисија:
Прием, сместување, чување, одржување и дистрибуција на материјали од сите класи на снабдување и извршување на транспортна поддршка на III рамниште на ЛП за сите команди и единици на Армијата.
Задачи:
- Прием, сместување, чување, одржување и дистрибуција на материјали од сите класи на снабдување за потребите на командите и единиците на Армијата;
- Чување и одржување на воени материјални резерви за Армијата по утврдени критериуми;
- Извршување на транспортна поддршка на III рамниште за сите команди и единици на Армијата;
- Подготовки на материјали за транспорт надвор од Републиката, за единиците кои се упатуваат во мисија.
Потполковник Павле Ристов
Потполковник Павле Ристов е роден на 07.10.1976 година, во Кавадарци. Средното образование го завршува во општата гимназија „Киро Спонџо-Брко“,Кавадарци, во период од 1991-1995 година, а потоа продолжува да се школува на Техничкиот факултет во Битола, кој го завршува во 2000 година. Во период од 2001-2002 година го завршува и Основниот курс за офицери на сообраќајна служба на Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје 2001-2002 година, а подоцна го оформува и завршува Курсот за Штабни должности во баталјон, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје 2018 година. Воената кариера ја започнува како Командир на вод за транспорт, Кичево во период од 2002-2005 година. Во досегашната кариера извршува командирски и штабни должности на ниво на баталјон/бригада, а од 12.2019 година и командантска должност. Учествувал на повеќе воени вежби во Републиката и странство како што се: вежба „INTMOV PLANNING 2011“, вежба „MEDCEUR“ во 2011 година, вежба „SAFE PATH“ во 2012 година, вежба „SHARED RESILIANCE“ во 2013 година, вежба „LOGEX 13“ во БиХ во 2013 година, вежба „Capable Logistician“ во Унгарија во 2015 година, вежба „Македонски блесок“ во 2017 година, национална вежба „Одлучен удар“ во 2019 година. Во досегашната кариера има една мировна мисија во Р. Авганистан на должност Офицер за планирање во С-4 во команда на КОСА-ГГ 2017 година. Досега е повеќе пати наградуван и пофалуван и тоа: Сертификат – благодарница од Началникот на Г-4 од КФОР во 2007 година, наградно отсуство од 7 работни дена од Командант на КЛП во 2008 година, наградно отсуство од 5 работни дена од Командант на брЛП во 2014 година, наградно отсуство од 7 работни дена од Началник на ГШ на АРМ во 2016 година, НАТО медал за учество во мисија „Resolute Support“ во 2017 година и Медал за заслуги од Национална гарда на Пенсилванија за вежбата „Одлучен удар” во јуни 2019 година. Во воената кариера ги постигнал и следниве успеси: Пофалница од командантот на 3.пбр во 2008 и 2010 година, Наградно отсуство од командантот на ЗОК 2009 и 2016 година, Наградно отсуство од Началник на ГШ 2010 година, Наградно отсуство од командантот на брЛП 2016 и 2019 година, Бронзена значка за долгогодишна служба во АРМ 2018 година и Пофалница од командантот на брЛП 2019 година. Активно го користи англискиот и српскиот јазик. Брачна состојба: оженет со три деца. Хоби: спорт и музика.
Претходни должности:
- Командир на вод, во Транспортна чета, Скопје 2005-2006 година;
- Офицер за управување со снабдување со класи на материјали 2 и 3 во КЦПЗД-
- Координативен центар за поддршка од Земја Домаќин, 2006-2011 година;
- Началник на национален центар за координација на движењата во КЦПЗД, 2011-2012;
- Офицер за планирање во С-4, Бригада за логистичка поддршка, 2012-2013 година;
- Командир на 2.чета за логистичка поддршка, 2013-2014 година;
- Командир на чета за транспорт во ЦСТ/Бригада за логистичка поддршка, 2014-2019 година;
- Началник на штаб/заменик на командант во ЦСТ, февруари 2019 година;
- Командант на ЦСТ, декември 2019 година.
Унапредувања:
- поручник 2002-2006 година;
- капетан 2006-2011 година;
- мајор 2011-2019 година;
- потполковник 2019.

Центарот за снабдување и транспорт е формиран на 11.05.2012 и од истата причина нема пoзначајна историја во моментов. Единицата произлезе од трансформацијата на Логистичкиот баталјон во Центар за снабдување и транспорт и Технички ремонтен центар.