Мисија на единицата:
Обезбедува инженериска поддршка и мобилност на единиците, попречување на непријателот, при изведување на операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката и во операции за поддршка на мирот и хуманитарни операции надвор од државата, како и поддршка на цивилните власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи.
Листа на суштински задачи за мисијата на инжб:
- Имплементација на прашања во врска со НАТО стандардизација;
- Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за поддршка на силите на МВР во справување со асиметрични закани;
- Планирање и реализација на активности и постапки за поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
- Оперативна употреба на единицата, односно нејзините делови, а по наредба од претпоставената команда;
- Постигнување и одржување на борбена готовност;
- Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
- Учество на вежби со НАТО и коалиционите партнери;
- Планира и обучува персонал за декларираната единица.
Потполковник Ласте Ѓоргиев
Потполковник Ласте Ѓоргиев е роден во 1981 година во Свети Николе. Основно образование има завршено во ООУ „Методи Митевски – Брицо“, Општина Лозово, средно образование во СОУ„Кочо Рацин“ во Свети Николе, од каде продолжува со образованието во Воената Академија Генерал Михаило Апостолски во Скопје и во 2004 година е промовиран во првиот офицерски чин потпоручник. Како потпоручник својата кариера ја започнува во гарнизон Скопје како командир на инжв/инжч/инжб. Во својата кариера има извршувано командни и штабни должности во инженерискиот баталјон и во Бригадата за Логистичка поддршка. Во текот на својата кариера има учествувано во една мировна мисија „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан во 2016 година.
Завршени курсеви, семинари и обуки
- 2009 – Balkan Civil Military Cooperation course,
- 2010 – Обука на инструктори.
Вежби
- Македонски блесок 9,
- Македонски Блесок 10,
- 2011 – Humanitarian Relief Operation in Natural Disaster,
- 2017 – Saber Junction – Сојузна Република Германија,
- 2017 – Dragun Guardian – Република Северна Македонија,
- 2019 – Platinum wolf 2019 – Р. Србија,
- 2019 – Национален Одговор – Република Северна Македонија,
- 2019 – Maple Arch – Република Украина.
Претходни должности
- Командир на инжв/инжч/инжб, 2004-2005,
- Командир на 2.инжв/1.инжч/инжб/инжп, 2005-2006,
- Командир на инжв/чупт и лп/инжб/брлп, 2006-2012,
- Командир на 1.инжч/инжб/1.мпбр, 2012-2019,
- Командир на 1.инжч/инжб/ЗОК, 2019-2020,
- НС-3/5/7 во инжб/КО, 2020-2022,
- НШ/ЗК во инжб/КО, 2022-2023.
Унапредување
- Потпоручник 2004-2009,
- Поручник 2009-2011,
- Капетан 2011-2016,
- Мајор 2016,
- Потполковник.
Наградуван и пофалуван:
- Командир на најдобрата чета на ниво на 1.мпбр во 2015 година,
- Медал за заслуги од мисијата „Одлучна поддршка“ ИР Авганистан 2016 година,
- Сребрена значка на армијата во 2017 година,
- Плакета на Министерството за одбрана за 2023 година.
Познавање на странски јазици
- Англиски.
Инженеријата се јавува во разни форми и имиња во текот на целиот период на вековната борба на македонскиот народ за слобода. Тие традиции, денес се продолжуваат и негуваат.
Инженерискиот баталјон на Армијата на Република Македонија гордо и достоинствено го продолжува патот на македонските воини и ги продолжува и негува традициите на инженериската бригада на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија. Оваа славна единица на НОВМ, чии дела и денес се видливи, даде огромен придонес за време на крајот од Втората светска војна и во повоената изградба на разурнатата земја.
Инженериската бригада е формирана на 13ти ноември 1944 година. Овој ден, со Одлука за определување на ден на единиците на Армијата на Република Македонија на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили број 07-345/3 од 01.07.2014 година, е одреден за ден на инженерискиот баталјон кој ги негува и продолжува традициите на инженериската бригада на ГШ на НОВ на Македонија.
Неодминливо е да се посочат фактите од најновиот период од историјата на единицата. Инженерискиот баталјон на Армијата на Република Македонија почна да функционира на 01.04.1992 година како инженериски полк, а првиот македонски војник-регрут, инженерец на Армијата на Република Македонија, беше примен на 15.04.1992 година. Со тоа и официјално започна да функционира инженерискиот полк на Армијата на Република Македонија, а по трансформацијата на единиците на Армијата на Република Македонија, како инженериски баталјон.
- Од 02.04.2012. година – инженериски баталјон во состав на 1.механизирана пешадиска бригада при Здружената оперативна команда;
- Од 14.12.2005. година до 02.04.2012 година – инженериски баталјон во состав на Командата за логистичка поддршка;
- Од 15.07.2002. година до 14.12.2005. година – инженериски полк;
- Од 01.04.1992. година до 15.07.2002. година – 1.инженериски полк.
Кога на 15ти април 1992 година во касарните на Армијата на Република Македонија пристигнаа првите регрути, тие што беа од родот инженерија, на располагање имаа скромни наставни средства. Потребни беа средства за извршување на задачите, соодветни материјално-технички средства, механизација и средства за обука.
Поранешната армија од македонските простори ги одзема сите средства кои му беа потребни на новоформираниот 1.инженериски полк. Од инженериските машини останат беше само еден дозер „ТГ-170“ во неисправна состојба. За среќа, останала целокупната инженериска опрема на тогашната територијална одбрана: средства за совладување на водени пречки (чамци со вонбродски мотори), моторни пили и пионерска опрема. Имало и нешто друго, околу 80 старешини на родот инженерија кои од просторите на поранешната држава и армија се вратиле или веќе биле во Република Македонија.
Во 1992 година пристигнала и првата донација. Тоа било едно моторно возило ФАП самоистоварувач добиено од „Автопрогрес“ – Тетово. Заради скудните материјални можности, дури во 1996 година, од сопствени средства, набавени се две инженериски машини дозер. Опремувањето продолжува и во наредните години со набавката на четири моторни возила самоистоварувачи, валјак, компресорска станица, копач, натоварувач, грејдер и влечен воз за транспорт на инженериски машини. Подоцна се набавени две инженериски машини грејдер и валјак и уште едно моторно возило влечен воз за транспорт на инженериски машини. Единицата е опремена и со пионерска опрема, опрема за работа со минско-експлозивни средства и со машина за деминирање на против-пешадиски мини „Дигер 2“. Во 2015 година опремена е и со машина за набивање на столбови „SOLAR JOY-2“.
Првата инженериска задача во Армијата на Република Македонија е реализирана во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје. Формирана е група за деминирање која успешно ја деминирала касарната, минирана од страна на поранешната армија.
Низ годините, следуваа многу други инженериски задачи.
Од позначајните може да се издвојат:
- Изградба на патна инфраструктура за потребите на граничните единици на АРМ, а подоцна и за потребите на Граничната полиција;
- Инженериско обезбедување и инженериска поддршка на единиците на АРМ за време на косовската криза и воениот конфликт во Република Македонија;
- Демаркација на државната граница и поставување на гранични белези;
- Уредување на просторот за обука на нуркачи на брегот на Охридското Езеро;
- Уредување на полигоните за обука на единиците на АРМ;
- Изведување на инженериски работи за прераснување на АП „Криволак” во регионален центар за обука;
- Уредување на складовите за материјални средства „Челопеци“, „Кукол“ и „Мауцхер“;
- Поправка на патниот правец до СЈВ „Водно“, СЈВ „Плачковица“ и СЈВ „Солунска Глава“;
- Санирање на последиците од поплави во општините во Република Македонија;
- Учество во хуманитарна акција за справување со поплави во Република Србија заедно со другите единици на АРМ;
- Чистење на патишта од снежни наноси на издвоени објекти на АРМ и за потребите на општините во Република Македонија;
- Чистење на реки и речни корита во Република Македонија;
- Уредување на Преспанското и Дојранското крајбрежје;
- Превезување на гориво за потребите на општините и „Дирекцијата за заштита и спасување” согласно Акциониот план на Владата за чистење на реки и речни корита во Република Македонија;
- Уредување на воените кампови во Св. Наум и Дојран;
- Изведување на инженериски работи за потребите на општините во Република Македонија;
- Ангажирање на влечни возови за транспорт за потребите на единиците во АРМ и за потребите на општините во Република Македонија;
- Изработка на безбедносна ограда на јужната и северната граница од државата на почетокот од мигрантската криза заради заштита од нелегални преминувања;
- Ангажирање на сили и средства на јужната граница од Република Македонија за поддршка и асистенција на МВР за справување со мигрантската криза.
Инженерискиот баталјон има две декларирани единици и тоа:
- Патен вод во рамките на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ);
- Пионерски вод во составот на средна пешадиска баталјонска група (СПБГ).
Својот углед и авторитет инженерискиот баталјон го јакне и со меѓуармиската соработка и учество на меѓуармиски вежби одржани во земјата и странство.
Учество на вежби одржани во Република Македонија:
- „Dragoon Guardian 17“, на АП „Криволак“;
- „Камен темелник 2000-3“, на АП „Криволак“;
- „Најдобар кооперативен зафат 1998“, на АП „Криволак“;
- „Спасител 1997“, на АП „Криволак“;
- Серијалот на вежби „Македонски блесок“, на АП „Криволак“.
Учество на вежби одржани во странство:
- „Saber Guardian 17“ во Унгарија, Романија и Бугарија;
- „Saber Junction 17“ во Hohenfield Training Area, во Сојузна Република Германија;
- „Adriatic Engangment“ 2005 во Албанија;
- „Adriatic Phiblex 2004-2“ во Слуњ, Хрватска;
- „Adriatic Shield 2004-6“ во Шибеник, Хрватска;
- „Cornerstone 2003“ во Констанца, Романија;
- „Cornerstone 2002“ во Пловдив, Бугарија.
Припадници од инженерискиот баталјон учествувале во мисиите: „Слобода за Ирак“, „ИСАФ“, „Одлучна поддршка“ и „Алтеа“.
Посебна гордост на припадниците на инженерискиот баталјон претставува одликувањето со орден за воени заслуги од страна на Врховниот командант и Претседател на Република Македонија за исклучителен придонес и поддршка за зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија и зацврстувањето на националната безбедност, а особено во справувањето со бегалската криза, доделен на 18.08.2016 година на „Денот на Армијата на Република Македонија“. Голем потстрек е и тоа што истата година, на „Денот на 1.механизирана пешадиска бригада – 2. Април“, 1.инженериска чета од составот на инженерискиот баталјон е избрана и прогласена за најдобра чета во бригадата за својот особен придонес и постигнати резултати во обуката и работата.
Преку изведувањето на инженериските работи во Република Македонија, учеството во мисии и на меѓународни вежби, инженерискиот баталјон, од своето постоење до сега, го гради имиџот за себе и со право неговото лого е „Секогаш напред“. Тој е ценет и вреднуван во нашата Армија, меѓу населението во Република Македонија и меѓу членките на НАТО и партнерските земји. Почетоците беа скромни, но со развојот и модернизацијата, високата професионалност, вештини и знаења на припадниците на инженерискиот баталјон, изградена е репутација доследна за почит.