
Мисија:
Четата за врски да ги воспостави сите планирани врски за потребите на 1.пбр според Планот за врски.
Задачи:
- Тревога и собирање на единицата;
- Тактички марш;
- Воспоставување и одржување на сите планирани врски;
- Заштита на силите.
Поручник Палитов Блашко
Поручник Палитов Блашко е роден 1993 година во Кавадарци. По завршување на средното образование во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, продолжува со образованието на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје каде во 2015 година е промовиран во првиот офицерски чин Потпоручник. Како Потпоручник својата кариера ја започнува во Штип во касарната „Јане Сандански“ како Командир на вод за врски. Во досегашната кариера извршува уште една должност како Командир на вод и Штабна должност во С-6 во 1.пбр, а од јануари 2020 година е поставен за Командир на Чета за Врски. Има учествувано во повеќе вежби во Републиката.
Претходни должности:
- Командир на вод за врски во 2.пб од 2015 до 2017;
- Командир на вод за интегрирани врски во Чета за врски од 2017 до 2018;
- Офицер за информатички системи и софтвер во С-6/1.пбр од 2018 до 2020;
- Командир на Чета за врски од jануари 2020.
Унапредувања:
- Потпоручник 2015-2017;
- Поручник 2017.
Четата за врски e единица од составот на 1.механизирана пешадиска бригада и е лоцирана во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец. Своите зачетоци ги има во месец септември 2000 година во касарната „Јане Сандански“ – Штип, каде станува составен дел на 1.пешадиска бригада (1.пбр) под мотото „Чест и Сила“.
Како прв командир на чета за врски е поставен капетан Зоранчо Тренев, кој по неколку години со трансформацијата на 1.пбр во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во месец март 2006 е заменет од следниот командир на чета, капетан Зоран Алексов.
Во јуни 2012 година за командир на единицата е поставен сегашниот командир на чета, капетанот Дејан Стојчевски.
Единицата во текот на годините што опстојува реализираше многубројни вежби од доменот на врските, дел самостојно, а дел и во координација и соработка со останатите приштабски единици на 1.мпбр и командата на бригадата.
Четата поставуваше центри за врски за потребите на командата на бригадата на многу локации на територијата од источниот дел на Р. Македонија и на тој начин ја покажа целокупната своја способност правилно, квалитетно и навремено да одговори на сите сложени задачи од делот на врските и комуникациите.
Покрај секојдневните функционални обврски и задачи кои произлегуваат од мисијата на единицата, припадниците од нашиот состав успешно имаат земено учество на сите одржани вежби Македонски Блесок, Балкански Блесок и Кооперативна долга стрела/Лансер на АП Криволак и националните и НАТО оценувања на СПБН и СПБГ, каде што имаат постигнато солидни резултати во процесот на психо-физичката и борбената подготвеност на персоналот во извршувањето на обврските и задачи.
Единицата беше носител на 1 (еден) вод за врски во составот на СПБН и СПБГ. Припадници од нашиот состав имаат учествувано и сè уште земаат активно учество во мировните мисии ИСАФ и ОМЛТ во Авганистан.
Во мисиите ОМЛТ учествуваме 4 (четири) пати со по еден припадник, во 2 (две) ротации учествуваа по 1 (еден) офицер, а во останати 2 (две) ротации по 1 (еден) подофицер. Во мисијата „ИСАФ” во Авганистан од четата за врски учествуваа 13 (тринаесет) припадници од кои 3 (три) подофицери и 10 (десет) професионални војници.
Две припаднички на понежниот пол учество земаа во 2 (две) мисии каде рамо до рамо со останатите припадници професионално и одговорно ги извршија сложените задачи.
Во наведените мисии за успешно извршување на истите припадниците од нашиот состав имаат добиено признанија како од нашите претпоставени команди и единици така и од претставниците на меѓународните сили.
Припадници од нашиот состав имаат земено активно учество на разни курсеви и семинари, како во земјата така и во странство, за што имаат добиено високи признанија. Два офицери имаат завршено курс за штабни офицери, а 1 (еден) офицер и курс за воени набљудувачи во мировни мисии.
Неколкумина подофицери имаат посетувано курсеви од стручно-специјалистичкиот дел, како што се курсевите за фреквентен менаџмент, компјутери и криптозаштита. Здобиените знаења и искуства се имплементираат во секојдневната обука и работа во единицата.
Во 2012 година четата ја менува мирновремената локација и е преместена во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ – Петровец, каде продолжува ја извршува својата мисија и доделените суштински задачи на мисијата.
Поради постигнати особени и високи резултати во својата работа 1 (еден) подофицер од составот на четата во 2012 година се здоби со високо признание односно бронзена значка.