
Мисија:
Да ги подготви и организира силите за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, независност и суверенитет на Републиката, да асистира на силите на МВР во операции за поддршка од сите можни закани по безбедноста на Републиката во зоната на одговорност, и да даде поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други организации и институции и граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи во зоната на одговорност.
Да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во справување со регионални конфликти и кризи и заштита на пошироките интереси на Републиката.
Листа на суштински задачи на мисијата:
- Тревожење на единиците, движење и транспорт и брзо распоредување и поседнување на места, реони, позиции и правци;
- Планирање, организација и изведување на офанзивни и дефанзивни операции и операции во урбана средина;
- Контрола на територијата, затворање на правци и обезбедување на реони;
- Борбено-сервисна поддршка на единиците во мирновремени, кризни и воени услови;
- Спроведување на командување и контрола;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко – технолошки катастрофи и други несреќи;
- Учество во мировни операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти надвор од територијата на Републиката и заштита на пошироките интереси на Републиката;
- Планирање и изведување на обука на персоналот од штабот и единиците според НАТО стандарди и процедури и обезбедување на потполна имплементација на системот за менаџмент со обуката и развој на лидери – инструктори за обука.

потполковник Томица Ристоски

Баталјонот ги продолжува традициите на 15-та Поречка ударна бригада која е формирана на ден 27 август 1944 година во с. Брезница, Македонски Брод. Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорѓе Иванов, 27 Август е определен за ден на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб).
До 2006 година функционира како 1.пешадиски баталјон во 2.пешадиска бригада.
Од април 2006 година е преименуван како 1.механизиран пешадиски баталјон во состав на 2.механизирана пешадиска бригада.
Од мај 2012 година, согласно новата формациска поставеност на единиците во АРМ, е преименуван во 3.механизиран пешадиски баталјон и е во составот на 1.мпбр.
Во текот на постоењето на баталјонот, голем број од персоналот активно зел учество во операциите за поддршка на мирот и превенција на конфликти кои се предводени од НАТО, како што се учество во мисијата „ИСАФ“, „Слобода за Ирак“, „АЛТЕА“ и „Одлучна поддршка“ во ИР. Авганистан, и учество на голем број меѓународни вежби.
Персонал од 3.мпб има учествувано во мировни мисии и тоа:
- Одлучна поддршка: јули 2017 – јануари 2018 – 4 (2-ОФ,2-пфв);
- Одлучна поддршка: јули 2016 – јануари 2017 – 2 (1-ОФ,1-пфв);
- Одлучна поддршка: јули 2015 – јануари 2016 – 1 (1-ОФ);
- ИСАФ – 23 : јануари 2014 – јули 2014 – 50 (3-ОФ, 9-ПОФ, 38-пфв);
- ИСАФ – 22: јули 2012 – јануари 2013 – 3/3.мпб 43 (1-ОФ, 10-ПОФ, 32-пфв);
- ИСАФ – 21: јануари 2012 – јули 2012 – 3/3.мпб 147 (9-ОФ, 36-ПОФ, 102-пфв);
- ИСАФ – 17: јануари 2010 – јули 2010 – 1/1.мпбн 148 (9-ОФ, 37-ПОФ, 102-пфв);
- Слобода за Ирак: јуни 2008 – декември 2008 – 36 (3-ОФ, 9-ПОФ, 24-пфв);
- ИСАФ -12: Јули 2007 – јануари 2008 – 2/1.мпбн 125 (7-ОФ, 18-ПОФ, 100-пфв);
- ИСАФ -11: јануари 2007 – јули 2007 – 24 ( 2-ОФ, 8-ПОФ, 24-пфв);
- ИСАФ -10 : август 2006 – јануари 2007 – 21 (2-ОФ,2-ПОФ, 16-пфв);
- ИСАФ – 8 : август 2005 – февруари 2006 – 19 (1-ОФ, 2-ПОФ, 16-пфв).
Персонал од 3.мпб активно учествуваше на повеќе меѓународни воени вежби:
- Меѓународната воена вежба „Анаконда-16“ во Р. Полска во период од 07-17.06.2016 година;
- Меѓународната воена вежба „Mission Readness“ во СР. Германија во период од 02-18.12.2013 година.
Во текот на постоењето на баталјонот постојано се врши асистенција и поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и цивилните структури во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи.