Мисија:
- 1.пб е единица на 1.пбр со задача изведување на офанзивни и дефанзивни операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката;
- Содејство со МВР во гранично обезбедување;
- Поддршка на цивилните власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи;
- Учество во мировни и хуманитарни операции надвор од државата.
Листа на суштински задачи на мисијата:
- Подготовка за борбени дејствија;
- Тактички марш;
- Поседнување на очекувачки реон;
- Тактичко движење;
- Изведување на одбранбени операции;
- Изведување на нападни операции;
- Операции за борба против ДТГ;
- Учество во мировни операции надвор од земјата.
Потполковник Шпејтим Черими
Потполковник Шпејтим Черими е роден на 29.09.1983 година во Куманово. Основно и средно образование завршува во Куманово. Своето школување го продолжува во Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. По 4 годишно школување е произведен во првиот офицерски чин потпоручник од родот пешадија. Кариерата ја започнува како командир на механизиран пешадиски вод во 1.мпб. Во својата досегашна кариера има извршувано повеќе командни и штабни должности. Од декември 2021 година е поставен за командант на 1.пешадиски баталјон.
Има завршено повеќе курсеви и семинари во земјата и странство од доменот на мировни операции, курс за комуникација во кризи, курс за NATO CREVAL оценување, курс за анализа на конфликти во Тирана, Р. Албанија, курс по англиски јазик, курс за соработка во мировни операции во Шолнок, Р. Унгарија.
Има учествувано во повеќе вежби од циклусот „Македонски Блесок“ на повеќе клучни позиции, на кои беше извршено НАТО оценување ниво 2 и самооценување на декларираните единици СПБГ и СПБН, како и на вежбата „Одлучен удар-19“. Во досегашната кариера има учествувано и на меѓународни вежби како што се „Seven stars“, „REGEX-19“, „Maple Arch“ во Р. Украина и „Platinum Eagle“ во Р. Романија.
Во периодот 2013-14 година го надградува своето воено образование со завршувањето на Специјализација за Командни и Штабни Должности во Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.
Во својата досегашна кариера бил дел и од мировната операција ИСАФ во ИР Авганистан и тоа во период од 2008-11 беше дел од 2 ротации.
Во досегашната кариера повеќе пати е награден и пофален од МО и НГШ за остварените резултати во процесот на борбената обука и воспитување и придонесот во изградбата и развојот на Армијата. Има добиено НАТО медал „Non Article 5“ за учество во мировната операција ИСАФ.
Оженет е и татко на 2 малолетни деца.
Активно го познава и користи англискиот јазик. Хоби му е фудбалот. Во досегашната војничка кариера, во неколку наврати беше дел од футсал репрезентацијата на Армијата, со која учествуваше на CISM футсал турнирите „Futsal for peace“ во меѓународни рамки.
Претходни должности:
- Командир на вод 2006-2010
- Офицер за обука и вежби во С-3/1.мпб 2010-2012
- Офицер за менаџирање со персонал/ Началник на С-1/1.мпб 2012-2015
- Командир на механизирана пешадиска чета во 1.мпб 2015-2019
- Заменик на командантот во 1.пб 2019-2021
- Командант на 1.пешадиски баталјон 2021
Унапредувања:
- Потпоручник 2006-2008
- Поручник 2008-2012
- Капетан 2012-2017
- Мајор 2017-2023
- Потполковник 2023
2019 година
И во текот на 2019 година 1.мпб продолжи активно да дава испомош и асистенција на МВР на јужната и северната граница во справување со мигрантската криза.
Во периодот од 5 јуни до 9 јули 2019 година на АП „Криволак“ во две ротации беше реализирана Националната теренска вежба „Одлучен удар“, во првата ротација 1.пб беше носител на вежбата.
Од месец декември 2019 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен потполковник Мирче Тасев а, за негов заменик мајор Шпејтим Черими.
2018 година
И во текот на 2018 година 1.мпб продолжи активно да дава испомош и асистенција на МВР на јужната и северната граница во справување со мигрантската криза.
Во месец мај 2018 година за командир на 1/1мпб беше поставена поручник Александра Бошковска воедно таа е прва жена во АРМ која е поставена на должност командир на чета.
На 18ти Август, Денот на АРМ, од страна на Претседателот и врховен командант, НЕ Ѓорѓе Иванов на командантот на 1.мпб му беше врачено одликување „Орден за воени заслуги“;
Од месец ноември 2018 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен потполковник Стојанче Костов.
2017 година
И во текот на 2017 година 1.мпб продолжи активно да дава испомош и асистенција на МВР на јужната и северната граница во справување со мигрантската криза;
Од месец јуни 2017 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен потполковник Ердоан Хасан;
Во периодот од 02-06.10.2017 година 1.мпб беше носител на вежбата ,,Македонски блесок-13“, НАТО-НИВО 2 реоценување на СПБГ, на АП „Криволак“. Реоценувањето на СПБГ се изврши од страна на сертифициран оценувачки тим составен од претставници од НАТО и национални претставници.
2016 година
И во текот на 2016 година 1.мпб продолжи активно да дава испомош и асистенција на МВР на јужната и северната граница во справување со мигрантската криза;
Во месец август 2016 година дел од составот на 1.мпб зема активно учество во расчистување на последиците од поплавите кои го зафатија регионот на Стајковци, Сингелиќ и населба „Ченто“.
2015 година
Во период од декември 2014 до јуни 2015 година во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан во составот на 2.мпб учествуваа двајца припадници од составот на 1.мпб;
Во период од јуни до декември 2015 година од составот на 1.мпб во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан учествуваа деветнаесет припадници;
Припадниците на 1.мпб зедоа активно учество во испомош на ЦУК при справување со поплави и отстранување на последиците од поплавите во општините Крива Паланка, Куманово и Свети Николе;
Од месец септември 2015 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен потполковник Лулзим Нуредини, а заменик мајор Драган Петрески;
Од месец септември 2015 година 1.мпб активно учествува во испомош и асистенција на МВР на јужната и северната граница во справување со мигрантската криза.
2014 година
Во период од јануари до јули 2014 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 3.мпб учествуваа 4 (четири) припадници од составот на 1.мпб;
Во период од јули до декември 2014 година од составот на 1.мпб во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан учествуваа (34 лица), командант на контингентот беше потполковник Али Хајро;
Во период од 13-23.05.2014 година персоналот од 1.мпб пред упатување во мисијата „ИСАФ“ учествуваше на вежба „Platinum Eagle“ во Бабадаг, Р. Романија;
Во периодот од 08-10.04.2014 година 1.мпб беше носител на вежбата ,,Македонски блесок-10, НАТО-НИВО 2 оценување на СПБГ, на АП „Криволак“.
2013 година
Во период од јануари до јули 2013 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 2.мпб учествуваа осум припадници од составот на 1.мпб;
Во период од јули 2013 до јануари 2014 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 4.мпб учествуваа двајца припадници од составот на 1.мпб;
Во период од 14.10. до 17.10.2013 година 1.мпб учествуваше во реализација на вежбата „Македонски блесок-09“ самооценување Ниво-2 на АП „Криволак“.
2012 година
Од месец април 2012 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен мајор Али Хајро, а за негов заменик мајор Горан Петрушевски;
Во период од мај до ноември 2012 година еден подофицер од 1.мпб учествуваше во мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина;
Во период од 18.05 до 24.05.2012 година 1.мпб учествуваше во реализација на вежбата „Македонски блесок-08“ на АП „Криволак“ при што е реализирано оценување на СПБГ НАТО-НИВО-1. 1.мпб активно учествуваше во одбележувањето на „Јубилејот 20 години АРМ“, а за вложениот труд и остварените резултати во функционалното и борбеното оспособување на единицата и успешно извршување на задачи во мировна мисија осум припадници на единицата се здобија со пригодни одликувања од НГШ на АРМ;
По повод „Јубилејот 20 години АРМ“ мфб од составот на баталјонот изведе боево гаѓање на АП „Криволак“.
2011 година
Во период од јануари до јули 2011 година од составот на 1.мпб во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан учествуваше 3.мпч (109 лица), командант на контингентот беше потполковник Марјан Симоновски.
Во период од јули 2011 јануари 2012 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР. Авганистан во составот на 2.мпб учествуваа 3 (тројца) припадници од составот на 1.мпб.
Во период од 08.04 до 15.04.2011 година 1.мпб учествуваше во реализација на вежбата „Македонски блесок-07“ на АП „Криволак“ каде беше реализирано Само оценување НИВО-1 на СПБГ чиј носител беше 1.мпб.
2010 година
Во период од 29.05. до 14.06.2010 година персоналот од 2.мпч пред упатување во мисијата „ИСАФ“ учествуваше на заедничка вежба со Маринскиот Корпус на САД во Костанца, Р. Романија;
Во период од јули 2010 до јануари 2011 година од составот на 1.мпб во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан учествуваше 2.мпч (122 лица), командант на контингентот беше мајор Ердоан Хасан;
Во рамките на вежбата „Балкански блесок 2010“ со НАТО оценувањето НИВО 2 беше заокружено оценувањето на СПБ во чиј состав учествуваше една мпч од составот на 1.мпб.
Во период од ноември 2010 до мај 2011 година 1 (еден) подофицер од 1.мпб учествуваше во мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
2009 година
Во 2009 година 1.мпб продолжи со обуката и активностите за мировни операции;
Во период од јануари до јули 2009 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 2.мпб учествуваше 1 (еден) припадник од составот на 1.мпб;
Во период од јули 2009 до јануари 2010 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 4.мпб учествуваа двајца припадници од составот на 1.мпб;
Во рамките на вежбата „Македонски блесок 05“ беше извршено самооценување НИВО-2 (CREVAL) на СПБ во чиј состав учествуваше една мпч од составот на 1.мпб;
Во период од ноември 2010 до мај 2011 година еден подофицер од 1.мпб учествуваше во мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина;
Во период од јули 2011 јануари 2012 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан во составот на 2.мпб учествуваа тројца припадници од составот на 1.мпб;
Во период од 8 до 15.04.2011 година 1.мпб учествуваше во реализација на вежбата „Македонски блесок-07“ на АП „Криволак“ каде беше реализирано самооценување НИВО-1 на СПБГ чиј носител беше 1.мпб.
2008 година
Во 2008 година мирновремената локација на баталјонот беше преместена во касарната „Боро Менков“ во Куманово;
Една мпч од составот на 1мпб зеде учество во СПБ при оценувањето според КОС самооценување НИВО-1 на вежбата „Македонски блесок 03“ и НАТО оценување НИВО-1 на вежбата „Македонски блесок 04“;
Во периодот од јули 2008 до јануари 2009 година во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан од составот на 1.мпб во која учествуваше 1.мпч (118 лица). Командант на контингентот беше капетан Сашо Спасовски. За време на мисијата командантот на контингентот, еден подофицер и двајца професионални војници беа одликувани со медал за воени заслуги од страна на Американската Армија за особено залагање при извршување на задачите во мисијата.
2007 година
Во 2007 година 1.мпб интензивно работеше на функционалното и борбеното оспособување за учество во мировни мисии. Единиците од составот на 1.мпб реализираа обука од теми за мировни операции, кондициони маршеви, СТХ вежби и програмски гаѓања со лично и колективно вооружување.
2006 година
Во 2006 година баталјонот ја реализира обуката и програмските гаѓања како и секојдневните обврски при функционирањето на гарнизонот;
Во месец декември 2006 година за командант на баталјонот и воедно командант на гарнизон е поставен потполковник Марјан Симоновски, а заменик мајор Ердоан Хасан.
2005 година
Од 2005 година 1.мпб ја презема командата на гарнизонот Куманово и станува носител на гарнизонските обврски. Во тој период се интензивира соработката со локалната самоуправа на градот Куманово и околните општини како и со општествените и приватните субјекти од гарнизонот, за што сведочат бројните признанија и благодарници.
2003 година
Првото учество на припадници од 1.мпб е во мисијата „Слобода за Ирак“ во која учествуваа еден подофицер и седум професионални војници.
2002 година
Учество во борбените дејства за време на конфликтот во реоните на Кумановско-Липковскиот и Тетовскиот регион.
2001 година
Учество во борбените дејства за време на конфликтот во реоните на Кумановско-Липковскиот и Тетовскиот регион;
Во 2001 година за командант на баталјонот е поставен мајор Синиша Стаменов, а негов заменик мајор Љупчо Димитров.
2000 година
1.мпб како составен дел на 1.мпбр „Шкорпиони“ лоцирана во Штип, своите зачетоци ги има во месец септември 2000 година под мотото „Чест и Сила“ со мирновремена локација во касарната „Христијан Т. Карпош“ во Куманово. За прв командант на баталјонот е поставен мајор Јоцо Мицов, а негов заменик капетан 1 класа Синиша Стаменов.