![](https://mil.mk/wp-content/uploads/2019/12/4.pesadiski-bataljon.png)
Мисија:
Организација на силите за одбрана и заштита на територијалниот интегритет, независноста и суверенитетот на Републиката, асистенција на силите на МВР во справување со закани по безбедноста на Републиката и поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други организации и институции и граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи во зоната на одговорност.
Учество и спроведување на операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ и други меѓународно договорени сојузи и придонес во справување со регионални конфликти и кризи и заштита на пошироките интереси на Републиката.
Листа на суштински задачи на мисијата:
- Тревожење на единиците, движење и транспорт и брзо распоредување и поседнување на места, реони позиции и правци;
- Планирање, организација и изведување на офанзивни и дефанзивни операции и операции во урбана средина;
- Контрола на територијата, затворање на правци и обезбедување на реони;
- Борбено-сервисна поддршка на единиците во мирновремени, кризни и воени услови;
- Спроведување на командување и контрола;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи;
- Учество во мировни операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти надвор од територијата на Републиката и заштита на пошироките интереси на Републиката;
- Планирање и изведување на обука на персоналот од штабовите и единиците според НАТО стандарди и процедури и обезбедување на потполна имплементација на системот за менаџмент со обуката и развој на лидери-инструктори за обука.
Потполковник Зоранче Ристовски
Потполковник Зоранче Ристовски е роден 21.05.1971 година во Битола. По завршување на средното образование во Битола продолжува на технички факултет, машински смер во Битола, а потоа продолжува со воено образование на Воена Академија во Скопје на стручно оспособување каде е произведен во офицерски чин. Магистерски студии завршил на техничкиот факултет во Битола.
Воената кариера ја започнува како командир на вод. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни, командантски должности на ниво на баталјон и началник на секција за развој и упатства во Команда за обука и доктрини, а од 26.03.2024 година е поставен за командант на 1. пешадиски баталјон.
Има завршено повеќе курсеви од областа на обука, оценувањето, мировни мисии и други. Учествувал на повеќе воени вежби како во Републиката така и во странство, а во текот на 2008 година во мировна операција за поддршка на мирот ISAF во Република Авганистан и во 2015 – 2016 година учествува во мисија UNIFIL во Либан.
Во надградување на образованието има завршено магистерски студии завршил на техничкиот факултет во Битола. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, НАТО медал за учество во мировна операција за поддршка на мирот ISAF во Република Авганистан, медал за учество во мировна операција на Обединети нации UNIFIL во Либан, мала златна плакета на Армијата од НГШ на Армијата, парична награда, како и наградни отсуства од НГШ на Армијата, команданти на бригада и команданти на баталјон. Ниво на познавање на англиски јазик станаг 2+,2+,2+,3. Брачна состојба, женет и татко на две деца.
Претходни должности:
• Командир на самостоен вод во 2.логистичка база од 1998-2006;
• Офицер за планирање Г-3/Команда за обука во 2006,
• Офицер за одржување Г-4/Команда за обука од 2006-2011,
• Офицер за набавка Г-4/Команда за обука и доктрини од 2011-2012,
• Командир на логистичка чета од 2012-2014,
• Началник на штаб-заменик на командант на 2.логистички баталјон од 2014-2019,
• Командант на логистички баталјон од 2019-2023,
• Командант на 1.пешадиски баталјон 2024.
Унапредувања:
• поручник 1998-2000,
• капетан 2000-2012,
• мајор 2012-2016,
• потполковник 2016.
![](https://mil.mk/wp-content/uploads/2017/05/zok_4mpbn_struktura.jpg)
Согласно трансформација на единиците во АРМ која започна во првата половина на 2012 година, на ден 12.04.2012 година формиран е 4.механизиран пешадиски баталјон. Истиот е формиран од персоналот на 2.мпбн и 2.мпбр.
Баталјонот ги продолжува традициите на Кичевско-Мавровскиот партизански одред кој преку баталјонот „Мирче Ацев“, со зголемување на единиците влегува во состав на 1. Македонско-Косовска ударна бригада, 4.мпб како единица е произлезена од составот на 13. пешадиска бригада во 2001 година.
До 2006 година функционира како 2.пешадиски баталјон во 2.пешадиска бригада во гарнизонот Охрид.
Од април 2006 година е преименуван како 2.механизиран пешадиски баталјон во состав на 2.механизирана пешадиска бригада во гарнизонот Охрид.
Во месец септември 2011 година 2.механизиран пешадиски баталјон од гарнизон Охрид е дислоциран во гарнизон Кичево.
Во текот на постоењето на баталјонот, голем број од персоналот активно зел учество во операциите за поддршка на мирот и превенција на конфликти кои се предводени од НАТО, како што се учество во мисијата „ИСАФ“, „СЛОБОДА ЗА ИРАК“ и „АЛТЕА“ и учество на голем број меѓународни вежби.
Чета од нашата единица се наоѓа во мировна мисија ИСАФ во Р. Авганистан, во период Јули 2012 Јануари 2013 година.
Персонал од 4.мпб активно учествуваше на повеќе меѓународни воени вежби:
- Меѓународната воена вежба „Immediate Response 12“ во Р. Хрватска во период од 25.05.2012 до 09.06.2012 година;
- Меѓународната воена вежба „Wildflecken“ во Р. Германија во период од 29.05.2012 до 09.06.2012 година;
- Меѓународната воена вежба “European Endevour 12” во Р. Германија во период од 30.05.2012 до 07.06.2012 година;
- Меѓународната воена вежба „Rapid Trident 12“ во Украина во период од 15.07.2012 до 26.07.2012 година.
Според проектот за развој на ЕУ-БГ 2/2012 средната механизирана пешадиска чета од 4.мпб после успешно завршените оценувања, постигна потполна интероперабилност и е во готовност за извршување на операции за превенција на конфликти.
Во текот на постоењето на баталјонот постојано се врши асистенција и поддршка на органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и цивилните структури во справување со елементарни непогоди и епидемии, техничко-технолошки катастрофи и други несреќи.