
Мисија:
Да обезбеди висок степен на обученост и б/г на мирновремениот состав и биде во готовност за организација и извршување на задачи за абх поддршка за потребите на силите за брза реакција во сите услови.
Да подготви и изврши мобилизација на резервниот состав и да достигне целосна готовност за организација и извршување на задачи за абх поддршка за потребите на силите под команда на 1.пбр во извршување на борбените задачи во доделените зони.
Задачи:
- Обезбедување висок степен на обученост на старешините, војниците и единицата како целина за извршување на наменските задачи во мир и во услови на војна;
- Обука и извежбување на целокупниот состав на единицата во постапките на сигнал за тревога;
- Обука и извежбување на целокупниот состав на единицата во постапките при разместување во реон, со преземање на сите мерки на борбено обезбедување;
- Извршување на тактички работи и постапки на единиците за РХБ извидување при организација и изведување на НХБ контрола;
- Извршување на тактички работи и постапки на единиците за РХБ деконтаминација при организација и изведување на РХ деконтаминација на ж/с, оружје, ТС, м/в, земјиште и објекти.
Капетан Генц Дилавери
Капетан Генц Дилавери е роден во 1992 година во Охрид, каде и завршува основно образование, додека средното образование го има завршено во Струга. Дипломира на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.
Војничката кариера ја започнува во Четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана во Петровец, каде и го добива првиот офицерски чин во 2014 година. Во досегашната кариера ги има извршувано следниве должностите: командир на 3.вод АБХО за радиолошка, хемиска и биолошка деконтаминација; командир на 1.вод АБХО за радиолошко, хемиско и биолошко извидување; началник на Центарот за радиолошка, хемиска и биолошка анализа и Лабораториска станица, а од 2023 година ја извршува должноста командир на Четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана.
Има завршено повеќе курсеви во земјата и странство: „Курс oбука и тренинг со живи агенси“ (CWMD Live agents training) во Словачка; „Курс за евалуација на архитектура за откривање на нуклеарна безбедност“ (Evaluation on Nuclear Security Detection Architecture) во Ракитије, Хрватска; „Основен курс за деконтаминација“ во Крушевац, Србија; „Курс за комуникација со медиумите во кризна состојба“ во ПАРК во Скопје; периодични курсеви, работилници и обуки со претставници на ДТРА (Defence Threat Reduction Agency) во период од 2018 до 2024 година, а учесник е на вежбите „Одлучен удар“ во 2017 година во Криволак; „Immediate Response 23“ во Криволак и „Northern Fallout“ во Вермонт, САД.
Повеќе пати е наградуван и пофалуван од командантот на 1.пбр и командантот на Командата за операции.
Активно го користи aнглискиот јазик, оженет е и татко е на едно дете.
Претходни должности:
Командир на вод 2014-2021 година;
Началник на Центарот за РХБ анализа и Лабораториска станица 2021-2023 година;
Командир на чета за АБХО од 2023 година.
Унапредувања:
потпоручник 2014 година;
поручник 2017 година;
капетан 2021 година.
