
Мисија:
Баталјонот на Воена полиција е наменет за изведување на воено полициски задачи на целата територија на Републиката и во мировни операции, одржување на редот и дисциплината, регулирање и контрола на сообраќајот, заштита на воениот персонал и воените делегации, изведување на активности поврзани со попречување, испитување и откривање на казнени дела.
Задачи:
- Планирање и организација:
- Подготовка на предлог, измени и дополни на организација и формација;
- Определување на воените потреби и приоритети за планирање на силите;
- Анализа на односот меѓу воените потреби и расположливите ресурси;
- Имплементација на прашања во врска со НАТО стандардизацијата;
- Унапредување и развој на персоналниот менаџмент, разузнавањето, контраразузнавањето, безбедноста и заштитата на сили, организацијата, подготовката и спроведувањето на оперативните способности и борбената готовност, логистичката поддршка, обуката, финансиската поддршка и цивилно воена соработка;
- Доставување на предлози за донесување на стручни правила и упатства од делокругот на употребата, внатрешниот ред и односите во вршењето на службата во Армијата и други стручни правила и упатства;
- Подготовка на предлог планови за опремување и модернизација.
- Планирање и употреба:
- Анализа, планирање и изработка на документи за употреба на бВП или делови од единицата;
- Контрола на плановите на потчинетите единици;
- Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за подигнување на нивото на борбена готовност согласно проценетата безбедносна состојба и добиените наредби;
- Контрола на достигнатата борбена готовност на потчинетите единици;
- Планирање и реализација на мерки, активности и постапки за поддршка на силите на МВР во справување со асиметричните закани;
- Планирање и реализација на активности и постапки за поддршка на централната и локалната власт во справување со елементарни непогоди;
- Оперативна употреба на единицата, односно нејзини делови, а по наредба од ЗОК;
- Подготовки и извршување на мобилизација:
– Мобилизациска проценка;
– Изработка на предлог за мобилизациски развој;
– Изработка на план за мобилизација;
– Извршување на мобилизација на единицата или нејзини делови.
- Постигнување и одржување на борбената готовност;
- Преземање и спроведување на мерки за готовност на бВП и мерки за нивно извршување;
- Контрола на борбената готовност на единиците и преземање на мерки за нејзино подобрување.
- Планирање и спроведување на обука и вежби:
- Планирање, организирање и контрола на обука за достигнување и одржување на потребното ниво на борбена готовност на единиците;
- Обука на персоналот за учество во мултинационални операции и мисии за одржување на мирот и борба против тероризмот;
- Учество на вежби со НАТО и коалиционите партнери;
- Планира и обучува персонал на декларираната единица;
- Планирање, организирање и изведување на вежбовни активности.
- Планирање и спроведување персонален менаџмент:
- Планирање, организирање и спроведување на обука за индивидуална и професионална изградба на персоналот;
- Планирање, поставување и преместување на персоналот;
- Предлага поставување и преместување на клучниот персонал;
- Административна поддршка за менаџирање со персоналот.
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите:
- Поддршка на системот за разузнавање и контраразузнавање во Армијата и координација со организациони единици на надлежните институции во системот во зоната на одговорност;
- Учество во организирање и подготовка за спречување на асиметрични закани насочени кон единицата;
- Врши анализа, проценка, планирање и доставува предлог мерки за идентификација и спротивставување на заканите по безбедноста насочени кон одбраната на Републиката;
- Учество во работи за обезбедување на лица, команди и објекти од значење за одбраната;
- Организација на регулирање и контрола на воениот сообраќај;
- Анализа и проценка на можни безбедносни закани кон и од персоналот и МТС;
- Реализација на мерки, активности и постапки за заштита на тајните податоци во Армијата;
- Преземање на мерки и активности за откривање и спречување на вршење кривични дела во Армијата.
- Логистичка поддршка:
- Планирање, реализација и контрола на логистичката поддршка (снабдување, одржување, движење и транспорт, медицинска поддршка, инфраструктура);
- Анализа на состојбите во снабдувањето со сите класи на материјали;
- Преземање на мерки за одржување на нивото на залихи;
- Одржување на материјалните средства;
- Здравствено згрижување на персоналот;
- Планирање и организација на транспорт за потребите на единицата;
- Менаџирање со капацитетите за сместување, одржување, објекти за складирање и друга инфраструктура.
- Организација и подготовка на КИС:
- Изработка на план за организација и реализација на врските за поддршка на командувањето и контролата со потчинетите единици;
- Спроведување на мерки, процедури и активности поврзани со организацијата на системот за криптозаштита.
- Планирање на финансиски средства:
- Подготовка и учество во изработка на финансискиот план;
- Реализација на финансискиот план.
- Цивилно воена соработка:
- Планирање, организација и подготовка на соработката со цивилните власти и организации во земјата.
Потполковник Кире Николовски
Потполковник Кире Николовски е роден во 1978 година во Штип, Република Македонија. По завршување на основното училиште „Ванче Прке“ во Делчево го продолжува средното образование во гимназијата „Методи Митевски Брицо“ во Делчево и воено образование на Воената Академија, „Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како командир на вод во Единицата за борба против тероризам.
Во досегашната кариера извршува повеќе должности меѓу кои: Командир на 2.чВП, Командир на 1.чВП, НС-3/бВП, НШ и ЗК/бВП, а од 2018 година е поставен за Командант за баталјон на Воена полиција. Во периодот од 2009 до 2012 година, како командир на 1.чВП (декларирана) го поминува процесот на НАТО оценување Ниво 2, при што четата е оценета како „Борбено подготвена“. Има завршено повеќе курсеви од областа на воената полиција и мировните операции помеѓу кои: курс за штабни должности на баталјон, интернационален курс за Воена полиција, курс за воена полиција во кризни средини, курс за оперативно планирање на НАТО, офицерски курс за мировни операции, курс за оценување на борбената подготвеност и други. Учествувал на повеќе воени вежби во земјата и странство меѓу кои „Најдобар кооперативен зафат 05“, во Ерменија, „Најдобар кооперативен зафат 07“ во Украина „Соседски зафат 03“ и серијалот на вежби „Македонски блесок“ во Република Македонија, „Анаконда“ во Република Полска и многу други. Во текот на 2006/2007 година учествува во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан, во првата ротација на ниво чета што АРМ ја испрати во мировна мисија.
Во надградувањето на образованието има завршено Курс за командири на чети во школото за пешадија во Монтпелие во република Франција, во периодот 2019/2020 е запишан на Командно штабната академија на универзитетот во маринскиот корпус во Вирџинија, САД. Во 2015 година магистрира на факултетот за информатика, смер Дигитална форензика. Повеќе пати е наградуван и пофалуван од Министерот за одбрана, началникот на Генералштабот и Командантот на ЗОК. Има добиено средна плакета на Армијата, сребрена значка на Армијата како и НАТО медал „Non Article 5“ за учество во мировна мисија. Активно го користи англискиот и францускиот јазик. Брачна состојба: женет, татко на две деца.
Претходни должности:
- 2001-2002, Командир на вод во единица за борба против тероризам;
- 2002-2008, Командир на вод во 1.мпбр;
- 2008-2012, Командир на чета во баталјон на Воена Полиција;
- 2012-2015, Началник, Офицер за операции, С-3 во баталјон на Воена Полиција;
- 2015-2018, Началник на штаб и заменик на командант во баталјон на Воена Полиција.
Унапредувања:
- Потпоручник 2001-2002;
- Поручник 2002-2007;
- Капетан 2007-2012;
- Мајор 2012-2016;
- Потполковник 2016.

Баталјонот на Воена Полиција повлекува корени од богатото Македонско историско минато, поточно со традиција од денот 29ти октомври 1878 година, кога во текот на Македонското (Кресненското) востание, каде било издадена наредба за формирање на Воено полициски началства на ослободената територија на Македонија, кои всушност претставуваат први Воено полициски сили.
Затоа и 29ти октомври, како значаен историски настан единицата го одбележува како свој „Ден на единица“.
Баталјонот на Воена Полиција, како единствена Воено полициска единица во АРМ, постои и функционира од самото формирање на Армијата на Република Македонија, поточно од 15ти Април 1992 година, каде единицата е формирана со указ на претседателот на Република Македонија, и извесен период функционирала како самостојна единица на АРМ.
Од самото формирање до денес формациската структура се менувала повеќе пати па затоа денес баталјонот на Воена Полиција, за разлика од времето од самото формирање има изменета мисија и задача и претставува еден од столбовите во безбедносниот систем во Република Македонија, спремен секогаш одговорно да одговори при извршувањето на доверените задачи, цели и обврски.
Баталјонот на Воена Полиција, денес се наоѓа во формацискиот состав на Здружената Оперативна Команда на АРМ, сочинет со професионален состав со целосна трансформирана структура,како таков компатибилен го поседува степенот на обученост кој овозможува рамо до рамо со единиците на земјите членки на НАТО да одговори на поставените задачи, цели и обврски.
Намената на баталјонот на Воена Полиција е извршување на Воено полициски задачи на целата територија на Република Македонија и на мировните операции, обезбедување на објекти од витално значење, заштита и обезбедување на воениот персонал, воени делегации и високи воени раководители од земјата и странство, откривање и спречување на казнени дела во одбраната, одржување на ред и дисциплина како и контрола и регулирање на воениот сообраќај.
Црната беретка и белиот колан се обележјето со кое се разликува баталјонот на Воена Полиција од другите единици на АРМ, а со мотото „СЕКОГАШ ПОДГОТВЕНИ“ се покажува и потврдува за да се биде припадник на баталјонот на Воена Полиција, место има само за оние кои можат да одолеат и исполнат високите професионални стандарди, високиот степен на одговорност, храброст, интегритет, пожртвуваност и лојалност.
Обуката на припадниците на баталјонот на Воена Полиција е разновидна, по НАТО стандарди окарактеризирана со врвни психофизички способности кои овозможуваат знаење и умешност за снаоѓање во секоја прилика и неприлика како на домашно тло така и надвор од Република Македонија.
Баталјонот на Воена Полиција, земаше активно учество на мировните мисии во Ирак, Босна и Херцеговина а свое учество има уште во Исламската Република Авганистан, каде до неодамна баталјонот имаше свој претставник на Интернационалниот аеродром во Кабул, ИР Авганистан, мисијата „Феникс“ во соработка со припадници на националната Гарда на Вермонт, како и подофицерски тим во состав на МТТ тимот за школа на воена Полиција во ИР Авганистан, сето тоа изведено и завршено на крајно професионален и лидерски начин.
Учество на голем број на вежби како во Република Македонија така и надвор од неа, на пр. во СР. Германија, Република Полска, Република Романија и многу други земји соработници и партнери на баталјонот на Воена Полиција, проширување и градење на веќе воспоставената соработка со 709-тиот Воено полициски баталјон на Армијата на САД во Европа, поддршката на органите на МВР на РМ на Јужниот дел од границата на република Македонија, каде баталјонот и денес е столбот во протокот и контролата на илегалните преминувања на бегалците, учество, реализирање и санација од природните катастрофи како и други значајни активности од секојдневието на баталјонот на Воена Полиција.
Круна на сработеното во периодот и годините наназад е за Денот на Армијата на Република Македонија во 2016 година, од страна на Врховниот командант, претседателот на Република Македонија, баталјонот беше одликуван со орден за воени заслуги.