
Мисија:
Обезбедува комуникациско-информатичка поддршка за команда и контрола на стратегиско и оперативно ниво. Со стационарен и мобилен дел обезбедува поврзување помеѓу командите и единиците. Во случај на природни и други несреќи обезбедува непрекината работа на комуникациски и информацискиот систем (КИС).
Задачи:
- Планирање и организација;
- Планирање и употреба;
- Планирање и спроведување на обука и вежби;
- Планирање и спроведување персонален менаџмент;
- Разузнавање, контраразузнавање и безбедност;
- Логистичка поддршка;
- Организација и подготовка на КИС;
- Планирање на финансиски средства;
- Цивилно воена соработка.
потполковник Дејан Пешевски
Потполковник Пешевски Димитрија Дејан е роден на ден 19.04.1977 година, во Скопје. По завршување на основно и средно образование во Скопје, продолжува со воено образование на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.
Воената кариера ја започнува како командир на вод за врски во АРМ, во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво на баталјон, во бригада и штабни должности во ЗОК, а од 2022 година е поставен за командант на баталјон за врски. Има завршено повеќе курсеви од областа на комуникациски и информациски системи, курсеви по англиски јазик, курс за штабни должности и други курсеви. Учествувал на повеќе вежби во земјата и странство.
Во текот на 2019 и 2020 година, учествува во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан. Повеќе пати е наградуван и пофалуван меѓу кои позначајни се: пофалница и наградно отсуство од НГШ на Армијата и Командант на ЗОК, Бронзена значка на Армијата, НАТО медал за учество во мировна операција ИСАФ. Има познавање на англиски јазик, Брачна состојба: женет татко на две деца.
Претходни должности:
- 1999-2004 Командир на вод за врски;
- 2004-2012 Командир на чета за врски;
- 2012-2013 Началник на секција С-1 во бв;
- 2013-2017 Началник на секција С-6 во инженериски баталјон;
- 2018-2020 Офицер за КиС во секција С-6 во1.мпбр;
- 2020 Офицер за комуникации и фрекфентен менаџмент во Ј-6/ЗОК;
- 2020 Началник на штаб и заменик командант во бв;
- 2022 Командант на баталјон за врски.
Унапредувања:
- потпоручник 1999-2000;
- поручник 2000-2004;
- капетан 2004-2013;
- мајор 2013-2018;
- потполковник.
