

Потполковник Зоран Цветковски
Ренџерскиот баталјон е формиран во декември 2003 година од трите единици коишто се расформираа, Извидувачкиот баталјон (единица формирана во 1993 година) и 501. Падобрански одред (единица формирана 2001 година), како и од припадници од Баталјонот за специјални намени (единица формирана во 1994 година).
Ренџерскиот баталјон во изминатиов период постигнува исклучителни резултати во изградбата на Армијата на Република Македонија и дава голем придонес за одбраната на Република Македонија, како и промоцијата на Армијата и државата надвор од границите, при изведување на вежби и борбени мисии.
Достигнатите резултати се должат на несебичното залагање на припадниците, нивниот професионализам, единство, пожртвуваност, скромност, темелност, потполност во извршувањето на задачите, самоиницијативност, самопрегор, одважност, воведување на нови стандарди и критериуми во обуката на единицата и Армијата во целост, како и лична и колективна посветеност.
Кога се формираше Ренџерскиот баталјон се поставија многу високи стандарди, стандарди кои секој еден РЕНЏЕР мора да ги задоволи, стандарди кои гарантираат високо професионална и обучена специјална единица, стандарди кои за многумина се само сон.
Со почетокот на основниот курс за специјални единици (ОКСЕ) со инструктори од Армијата на Република Турција во 2004 година и 2005 година започна голготата на МАКЕДОНСКИТЕ РЕНЏЕРИ. Врз основа на вакви 2 (два) курса почна и РЕНЏЕРСКИОТ КУРС кој од 2006 година до ден денес претставува предизвик за најдобрите во Армијата на Република Македонија.
Од периодот на формирање на Ренџерскиот баталјон, па до денеска, извршени се повеќе успешни мисии надвор од Република Македонија:
- Учество во мисијата „Слобода за Ирак-4“, во 2004-2005 година
- Учество во мисијата „Слобода за Ирак-5“, во 2005 година
- Учество во мисијата „Слобода за Ирак-6“, во 2005-2006 година
- Учество во мисијата „Слобода за Ирак-10“, во 2007-2008 година
- Учество во мисијата „Слобода за Ирак-11“, во 2008 година
- Учество во мисијата „Феникс – Авганистан“, во 2010 година
- Зема учество во мисијата ИСАФ – Авганистан.
- Зема учество и во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
- НАТО (КФОР) во Република Косово.
- НАТО (enhanced Forward Presence – eFP) во Република Летонија.
- НАТО (Forward Land Forces – FLF) во Република Летонија.
- НАТО (enhanced Vigilance Activity – eVA) во Република Бугарија.
- НАТО (enhanced Vigilance Activity – eVA) во Република Романија.
Во текот на мисиите „Слобода за Ирак“ и „Феникс-Авганистан“ има многу случаи каде што припадниците од Ренџерскиот баталјон пронајдоа и заробија повеќе лица, кои се наоѓаа на списоците на барани лица од страна на коалиционите партнери.
За време на извршување на борбените задачи во мисиите „Слобода за Ирак“ и „Феникс-Авганистан“, во повеќе наврати, патролите на Ренџерските контингенти беа погодени од импровизирани експлозивни направи, при што благодарение на извежбаноста и употребата на соодветни тактички процедури од припадниците на Ренџерскиот баталјон, немаше потешко повредени лица.
Храброста, обученоста и присебноста на припадниците на Ренџерскиот баталјон во мисиите „Слобода за Ирак“ и „Феникс-Авганистан“, при многубројните престрелки со бунтовниците, во и надвор од населените места, резултираше со минимални повреди и без ниту една жртва во редовите на македонските Ренџери.
Во текот на мисиите „Слобода за Ирак“ и „Феникс-Авганистан“, исто така беа пронајдени поголеми количества на оружје и муниција кои бунтовниците ги користеа за напади врз невиното население, како и за напади врз коалициските сили.
Во горенаведените мисии, македонските Ренџери беа во составот на Вооружените сили на САД и не може, а да не се потенцираат признанијата добиени од нивните највисоки авторитети. Припадниците на Ренџерскиот баталјон имаат добиено:
- 5 бронзени медали (Bronze Medal)
- 25 медали за армиски почести (Army Commendation Medal)
- 30 медали за армиски достигнувања (Army Achievement Medal) и
- 33 НАТО медали (NATO Medal)
Во рамка на концептот за оперативни способности (OCC / Operational Capability Concept) на НАТО, за учество на АРМ во НАТО водени мисии, од составот на Ренџерскиот баталјон, декларирана е чета за длабинско набљудување (чДН), како прва декларирана единица на АРМ.
Со добивање на наредбата за формирање на чета за длабинско набљудување, во 2006 година, припадниците на Ренџерскиот баталјон, со нескриен ентузијазам и посветеност почнаа со нејзина реализација.
Ренџерскиот баталјон се соочи со големи предизвици, пред сè со компатибилноста со слични единици од составите на армиите – членки на НАТО и започна да го пробива патот за успешна реализација на концептот за оперативна способност во Армијата.
Во оценувањата извршени од страна на НАТО авторитетите, на завршното оценување во 2010 година, на чДН % беше дадена оценка, борбено подготвен (Combat Ready), со исполнување на највисоките стандарди за секоја оценувана област.
Со горенаведеното, Ренџерскиот баталјон, како директно вклучен во изградбата на капацитетите на Армијата на Република Македонија, покажа дека е единица со исклучителен персонал, полн со решителност и ентузијазам и кој со личен пример дава и ќе дава несомнен придонес за достигнувањето на стандардите за прием во НАТО.
НА 18 АВГУСТ 2011 ГОДИНА СО УКАЗ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, РЕНЏЕРСКИОТ БАТАЛЈОН БЕШЕ ОДЛИКУВАН СО ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ
2007 година
Тежиште на реализација на обуката во 2007 година беше дадено на декларираната чета за длабинско набљудување (чДН) со цел успешно претставување на единицата и постигнување на одлични резултати на самооценувањето ниво 1 кое се реализираше во периодот од 29.10.2007 до 04.11.2007 година.
Оценката што беше добиена од оценувачите за чДН е ИНТЕРОПЕРАБИЛНА со највисока оценка, ОДЛИЧЕН.
Во текот на 2007 година Рб учествуваше на вежбата „Македонски блесок – 2“ во периодот од 29.10-04.11.2007 година на која беше извршено самооценување ниво 1 на четата за длабинско набљудување.
Во текот на 2007 година беше извршена подготовка на еден контингент за извршување на мисии во Ирак.
Подготовките започнаа на 29.08.2007, а заминувањето на контингентот за Ирак беше на 08.12.2007 година.
2008 година
Тежиште на реализација на обуката во 2008 година беше дадено на декларираната чета за длабинско набљудување со цел успешно претставување на единицата и постигнување на одлични резултати на НАТО 1 оценувањето кое се реализираше во периодот од 29.04.2008 год. до 05.05.2008.
Во исто време од составот на декларираната чета беше подготвуван контингент за учество во мисија во Ирак кој замина на 02.06.2008 година на извршување мисии во Ирак до 08.12.2008 година.
Во периодот од 29.04.2008 до 05.05.2008 год во ЦО „Пепелиште“ се реализираше вежба ,,ЧЕКОР НАПРЕД -08“ која ја подготви и реализираше Ренџерскиот баталјон. Покрај припадниците од Рб, на оваа вежба учествуваше и помал дел од припадниците на пСО, ВИНГ-от и КЛП. Вежбата „ЧЕКОР НАПРЕД-08“ беше реализирана поради спроведување на НАТО оценување ниво 1 на четата за Длабинско набљудување (чДН) од составот на Рб.
Во текот на 2008 година беше извршена подготовка на два контингенти за извршување на мисии во Ирак од кои замина само еден контингент во време од 02.06.-08.12.2008, додека вториот контингент ја прекина подготовката поради откажување на мисија „Слобода за Ирак“.
Контингентот „Слобода за Ирак -11“ имаше обука и во Кувајт од страна на МПРИ тим од САД во период од 3 до 12 јуни 2008 година.
2009 година
Тежиште на реализација на обуката во 2009 година беше дадено на декларираната чета за длабинско набљудување со цел успешно претставување на единицата и оценување на НАТО 2 самооценувањето кое се реализираше во периодот од 18 до 22 мај 2009 година.
Од 14.09.2009 година се отпочна со Ренџерски курс за сите новопримени припадници во Рб Обуката се одвива според план одобрен од НГШ на АРМ.
Во текот на 2009 година се доби наредба за отпочнување на обука на контингент за мисија во Авганистан заедно со Националната гарда на Вермонт, САД.
Изработен беше план за обука на контингентот за Авганистан и се работеше според истиот.
Во период од 24.08-14.09.2009 година се реализираше обука во Република Македонија со инструктори од Армијата на САД, а во период од 01.-19.11.2009 година се реализираше обука во Форд Полк во Луизијана, САД.
2010 година
Подготовки на контингентот за Авганистан. Во период од 02-09.02.2010 и 13-19.03.2010 година во АП „Криволак“ беа извршени последните подготовки на контингентот. Се работеа најновите процедури со ИЕН со мобилен тренинг тим и гаѓање со оружјата и орудијата кои ќе се користат при патролирањето со припадниците од Националната гарда од Вермонт;
Селективен курс. Во текот на 2010 година беше реализиран Селективен курс за прием на припадници во пСО, на кој Рб дава редовно придонес со команден и искусен инструкторски кадар.
2013 година
Ренџерскиот баталјон во текот на 2013 година зеде учество во повеќе активности со странски армии, одржани како во земјата, така и во странство.
Одржана е вежба на тема „Длабинско извидување и набљудување“, реализирана во соработка со ВС на САД (Марински корпус) и припадници од чДН на Стенковец во периодот од 24-28.06.2013 година. Целта на вежбата беше размена на искуства со припадниците од Маринскиот корпус.
Исто така, еден вод од чДН зеде учество на здружена меѓународна вежба „JOINT REACTION 13“ во Р. Албанија во периодот од 2 до 7 јуни 2013 година. На вежбата учествуваа водови од специјалните сили на Република Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија. Ренџерскиот вод ги претстави баталјонот и АРМ во најдобро светло, добивајќи пофалби за својата стручност и професионалност од сите присутни авторитети на вежбата. Во периодот од 10-27.09.2013 година 5 припадници од Рб посетуваа курс за инструктори по алпинизам со ВС на Швајцарија.
Во склоп на билатералната соработка со САД, во периодот од 28.10.-01.11.2013 година во Военомедицински центар – Скопје (ВМЦ) и во период 04-08.11.2013 година во касарната „Илинден“ се одржа обука за болничари со ВС на САД.
2016 година
Во 2016 година Ренџерскиот баталјон покрај планираните и редовни активности беше ангажиран во реонот на Гевгелија и Дојран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во справување со мигрантската криза.
Во текот на 2016 година баталјонот учествуваше и во мировни операции во „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
Исто така беше вклучен во санирање од поплавите во реонот на Скопје.
2017 година
Во периодот од 24.05.-17.06.2017 година, припадниците од единицата земаа учество во меѓународната вежба „Combained Resolve VIII“ во СР Германија. Понатаму, во периодот од 26.06.-08.07.2017 година припадниците земаа учество на меѓународната вежба „Common Chalenge 17“ во Црна Гора.
Во 2017 година Ренџерскиот баталјон покрај планираните и редовни активности беше ангажиран во реонот на Гевгелија и Дојран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во справување со мигрантската криза.
2018 година
Во 2018 година Ренџерскиот баталјон покрај планираните и редовни активности беше ангажиран во реонот на Гевгелија и Дојран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во справување со мигрантската криза.
Двајца припадници учествуваат во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан.
Реализација на вежбата „Есенска бура 2018“ во која земаа учество припадници од единицата во големина од БГСО. На вежбата се изврши усогласување на оперативните и тактичките способности на единицата од Рб во спроведување на здружени специјални операции со останатите единици од АРМ, МВР, ЦУК и ДСЗ.
2019 година
Ренџерскиот баталјон во текот на 2019 година зеде учество во повеќе активности со странски армии, одржани како во земјата, така и во странство, како што се:
- MANEUVER MOUNTAIN WARFARE II: Теренска вежба која се реализираше во САД во период од 22 до 24 март 2019 година. Целта на вежбата беше запознавање со тактиките, техниките и процедурите за престој и изведување на задачи на тешко прооден планински терен.
- IMMEDIATE RESPONSE 19: Теренска вежба која се реализираше во Република Хрватска и Република Унгарија во период од 20.05-08.06.2019 година. Целта на вежбата беше промоција на стабилноста и сигурноста на регионот, зајакнување на партнерските капацитети и зголемување на довербата преку подобрување на интероперабилноста помеѓу USAREUR и силите на земјите учеснички на вежбата. Воедно вежбата имаше цел и демонстрирање на борбената готовност на земјите учеснички, мобилност на стратегиско ниво за одговор на закани, како и одржување на здружена и комбинирана интероперабилност во склад со СОП на НАТО за ангажирање на единици од НАТО базенот на сили (NRF).
- TORRI 19: Теренска вежба која се реализираше во период од 07.-13.07.2019 година во Република Италија. Целта на вежбата беше Овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните алпинистички операции предводени од НАТО.
- SABER JUNCTION 19:Теренска вежба која се реализираше во период од 10.09-01.10.2019 година во Сојузна Република Германија. Цел на вежбата беше изведување на здружени копнени операции преку симултана комбинација од нападни, одбранбени и операции за стабилизирање соодветни на мисијата и опкружувањето.
- COMMON CHALLENGE 2019: Теренска вежба која се реализираше во период 11.09-27.09.2019 година во Црна Гора. Целта на вежбата беше задржување и подобрување на капацитетите и можностите за планинско војување и постигнување на интероперативност во заеднички операции под мандат на ООН а водени од НАТО.
- CAMBRIAN PATROL 19: Теренска вежба која се реализира во Велс, Обединето Кралство, во период од 13-19.10.2019 година. Целта на вежбата е репрезентативно претставување на Армијата. Воена интернационална вежба во која треба да се совлада патека од 60 км со пречки и инциденти за помалку од 48 часа.
2020 година
Во 2020 година Ренџерскиот баталјон покрај планираните и редовни активности беше ангажиран во реонот на Гевгелија и Дојран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во справување со мигрантската криза и обезбедување на објекти од витално значење во Скопје.
Исто така баталјонот беше ангажиран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за здравство при справување со „COVID-19“ во Скопје.
„Обука за инструктори“ со мобилни тимови за обука (МТО) од Армијата на Обединетото Кралство на ЦО „Пепелиште“ во период од 02.02.2020 до 23.02.2020 година.
Показна вежба за ученици од осново училиште од општина Кисела Вода на алпинистичка кула со женскиот персонал од Рб на ден 09.03.2020 година.
Вежбите беа изведувани со цел на нашите гости да им се прикаже дел од борбената обука и подготвеноста на Рб.
2021 година
Во 2021 година, припадници од Рб учествуваа во мировната мисија КФОР во Косово во период од 01.05.2021-09.11.2021 година.
Учество на двајца припадници на меѓународната вежба „Најдобар војник“ 25.04-30.04.2021 во Косово.
Исто така баталјонот беше ангажиран за асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Министерството за здравство при справување со „COVID-19“ во Скопје.
2022 Година
Во 2022 година Ренџерскиот баталјон покрај сите свои редовни активности учествуваше на повеќе меѓународни вежби како во странство така и во нашата држава, како што се:
- JCET (Joint Combined Exchange Training)“ со морнарички специјални сили на САД (MARSOC).
- „INFORMATION COLLECTION PLANNING PROCEDURES“.
- „SEVEN STARS 22“.
- „COMBINED RESOLVE 17“.
- „COLD RESPONSE 22“.
- „КFOR 31“.
- „CAMBRIAN PATROL 22“.
- „COLD RESPONSE“.
2023 година
Во текот на 2023 година, единицата учествуваше во Меѓународни операции во мисијата „KFOR“ во (Косово), во мисијата „Enhanced Vigilance Activity (eVA)“ и мисијата „Enhanced Vigilance Activity (eVA)“ во Бугарија.
Поддршка на институциите на државата и на локалната самоуправа во справување со последиците настанати поради елементарни непогоди и други несреќи во услови на постоење на кризна состојба.
Во период од 10.08.2023 до 27.08.2023, единицата со 15 (петнаесет) припадници зема активно учество во хуманитарна операција во Република Словенија.
Од 01.10.2023 година Ренџерскиот баталјон со самата трансформација во Армијата се трансформира во Извидувачко-разузнавачки баталјон и премина во состав на Командата за операции.
2024 година
Во текот на 2024 година, единицата учествуваше во Меѓународни операции во мисијата „KFOR“ во (Косово), во мисијата „Enhanced Vigilance Activity (eVA)“ во Романија, мисијата „Enhanced Vigilance Activity (eVA)“ и мисијата во NATO (enhanced Forward Presence – eFP) во Летонија.
Во период од 30.07.2024 година до 31.07.2024 година единицата беше ангажирана за гаснење пожар во реонот на „Јасен“ Скопје, беа ангажирани 20 (дваесет) припадници од составот на ИРб.
Поддршка на институциите на државата и на локалната самоуправа во справување со последиците настанати поради елементарни непогоди и други несреќи во услови на постоење на кризна состојба:
Во текот на 2024 година единицата зема активно учество во справување со кризната состојба прогласена на ниво на Општина Гази Баба.







