Денес 17.06.2014 година во касарната „Илинден“- Скопје официјално заврши ренџерскиот курс.
Од денес Ренџерскиот баталјон е побогат со припадниците кои со успех го завршија ренџерскиот курс. Самиот курс траеше шест месеци и опфати неколку фази. За време на курсот се изведуваа различни видови обука во сите временски и метео услови, се реализираше теоретска и практична настава која беше проследена со периодични тестирања. Обуката се реализираше на терените за обука во касарната „Илинден“, армискиот полигон „Криволак“ како и низ делови на територијата на Република Македонија.
Крајна цел на ренџерскиот курс е да се направи припадник на ренџерскиот баталјон кој ќе биде храбар, мудар, силен, издржлив, со чуство на припадност и лојалност кон единицата, армијата и државата.
Со завршувањето на ренџерскиот курс секој од кандидатите кој успешно го заврши курсот од страна на командантот на полкот за Специјални Операции и командантот на Ренџерскиот баталјон доби зелена беретка и обележје на единицата.