Утре, 17 август (сабота) со почеток во 18.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ. На свеченоста ќе присуствуваат:
Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Министерот за одбрана Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други.
Според протоколот на свеченоста, со пригоден говор на присутните ќе им се обратат Претседателот на Република Македонија и Министерот за одбрана. По завршувањето на свеченоста од касарната „Илинден“ во чест на Денот на АРМ, ќе се изврши почесна стрелба со испалување на 10 плотуни од 12 артилериски орудиа. Се покануваат новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат и да известуваат за настанот. Заради запазување на процедурите за влез во кругот на МО и ГШ на АРМ, пристигнувањето пред пријавницата треба да биде најдоцна до 17.30 часот. Поради големиот број на гости и безбедносните мерки, ве молиме пристигнувањето да биде на време.